Што е мое ќе си дојде?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
"Што е мое ќе си дојде" и "Времето ќе покаже" се само очајнички обиди да се утешиме за нешто што го немаме, а копнееме да го имаме. Времето само по себе ништо нема да покаже ако не дејствуваме во наскока на она што го сакаме и што сакаме да биде наше. Ако сакаме тоа што е наше да си дојде, ќе треба да си го земеме!
 
Да, тоа болдираното е супер.Ама ако некој верува во бог, како може да верува дека што е негово ќе си дојде? Која вера учи така?Сите велат треба да се бориме за тоа што го сакаме.Чесно, да, со дефинирани норми на однеусвања и такви срања како секоја религија ама сепак ние да се бориме за тоа а не да чекаме да си дојдат работите.Ама без разлика дали веруваш во бог или не пак демотивирачки ми делува мене реченицата.Зошто да мислиш дека нештото само треба да дојде.Каде е борбениот дух, каде е желбата да се избориш за работите сам.Целиот живот е некаква борба, се бориме постојано.Паѓаме, стануваме, пак паѓаме но секогаш продолжуваме напред и се бориме за тоа што го сакаме.Без таа борба животот нема смисла.Што добиваш ако чекаш да ти дојдат работите сами? Верувај ти во позитивно мислење, и јас верувам во него.Но што е позитивното во оваа реченица? Како делува позитивно не ми е јасно

За првото- незнам, не сум некој верник.

А за второто, ја никогаш не реков дека чекам работите сами да ми дојдат, јас се борам за се што ми припаѓа (или што сакам јас да ми припаѓа), ама додека го правам тоа силно верувам во на пример вакви мисли и не се ни сомневам дека нема да успеам во тоа, зошто едно се борам а второ верувам во тоа за што се борам. Никаде не реков дека треба да седиш и да чекаш.
Поентата е во тоа кој како си ги сфаќа работите, некој ги сфаќа на еден начин -некој на друг, јас ги сфаќам како мене ми одговара во дадената ситуација (што не викам дека е исправно) ама на крај краева секој си ја тера водата кон својата воденица :)
 
Акција - реакција.Тоа природен закон и неможе никој против него.Ако не превземеш нешто, нема ништо ни да ти се деси како последница на тоа.АКо на некој од лежење и чекање му се остварил сонот и желбите тогаш тоа не е од што е мое ќе си дојде туку факторот парите на мамичка и татичко...
--- надополнето: 20 јануари 2012 во 15:29 ---
За првото- незнам, не сум некој верник.

А за второто, ја никогаш не реков дека чекам работите сами да ми дојдат, јас се борам за се што ми припаѓа (или што сакам јас да ми припаѓа), ама додека го правам тоа силно верувам во на пример вакви мисли и не се ни сомневам дека нема да успеам во тоа, зошто едно се борам а второ верувам во тоа за што се борам. Никаде не реков дека треба да седиш и да чекаш.
Поентата е во тоа кој како си ги сфаќа работите, некој ги сфаќа на еден начин -некој на друг, јас ги сфаќам како мене ми одговара во дадената ситуација (што не викам дека е исправно) ама на крај краева секој си ја тера водата кон својата воденица :)

Да, ова е ок што викаш.Мораш позитивно да мислиш секогаш кога работиш нешто.Не верувам дека некој со негативен став успеал да постигне нешто.Ама ова "што е мое ќе си дојде" ми делува некако пресамоуверено, а работите не стојат баш така.Позитивниот став е нешто друго, убаво е додека ги работиш работите да ги замислуваш како завршени и да ги сметаш за твои веќе.Ако се убедиш дека ќе успееш, тогаш најверојатно и ќе успееш.Но, секој ги сваќа овие работи на различен начин и тука ќе се сложам со тебе.За некои ова е мотиватор, тоа е кој како си ги сваќа работите.Некои го користат само колку го тргнат неуспехот од мислите, некои пак стварно мислат дека бог ќе им даде тоа што им е судено :pos:.Секој со својот памет по својот пат јбг...мило ми е шо се разбравме
 
Sto e moe ke si dojde, a sto ne e ke si go zemam heheheh

GO FOR IT GODDESS!
 
Да, тоа болдираното е супер.Ама ако некој верува во бог, како може да верува дека што е негово ќе си дојде? Која вера учи така?Сите велат треба да се бориме за тоа што го сакаме.Чесно, да, со дефинирани норми на однеусвања и такви срања како секоја религија ама сепак ние да се бориме за тоа а не да чекаме да си дојдат работите.Ама без разлика дали веруваш во бог или не пак демотивирачки ми делува мене реченицата.Зошто да мислиш дека нештото само треба да дојде.Каде е борбениот дух, каде е желбата да се избориш за работите сам.Целиот живот е некаква борба, се бориме постојано.Паѓаме, стануваме, пак паѓаме но секогаш продолжуваме напред и се бориме за тоа што го сакаме.Без таа борба животот нема смисла.Што добиваш ако чекаш да ти дојдат работите сами? Верувај ти во позитивно мислење, и јас верувам во него.Но што е позитивното во оваа реченица? Како делува позитивно не ми е јасно

Глеј, за ова со бог. Ако си религиозен, без разлика во кој бог и да веруваш, ти практично веруваш во апстрактни работи. Значи, не си реалист. Ако веруваш во некоја надворешна сила дека има контрола врз работите, врз твојот живот, врз текот на настаните со кои се соочуваш, многу е лесно да веруваш дека истиот тој бог ја има и контролата врз тоа 'што е твое, и што треба да си дојде'. Таа реченица, според мене, е измислена исклучиво за оние кои ВЕРУВААТ, зашто не можеш на реалист, на човек што верува во она што го гледа, а не во разни прикаски, да го седнеш и да му објасниш дека некоја надворешна сила ги диктира работите што ќе го пречекаат на патот е одговорна за тоа што треба да му дојде, дека треба да седи со скрстени раце и дека самото ќе му падне од небо. За првиот пост апсолутно те поддржувам, затоа и ти го кажувам ова, дека фразава е измислена токму за тие што се она спротивното од атеисти, за оние што веруваат во силата од горе.
 
Љубави, не не учат религиите на тоа.Тоа е само резултат на погрешното толкување на она што религиите учат.Ниту поп ниту оџа ниту никој до сега немам слушнато да вика што е ваше ќе си дојде.Бар не на овој живот овде (пошто нели уште еден имаат, тој задгробниот :pos:).Да, во задгробниот што е нивно ќе си дојде.АКо живееле чесно тука, таму ќе имаат убав живот демек.Бар така ги учат нели.Ама на овој живот се препуштени сами на себе сите.Можат да прават што сакаат, и тоа што ќе си го посеат тоа и ќе ожнеат.Ниеден бог не им ветува ништо за овој живот овде.Сами треба да се борат, сами да си го средат животот.Само се поставени некои норми на однесување, правила и закони за да се плашат луѓето и да имаат овие овцички за стрижење.А на луѓето им се продаваат тие работи како карта за во рајот каде се е совршено и звучи толку прекрасно што некои забораваат на реалноста и се губат во овие замислени приказни.Секој си го замислува на свој начин, си додава работи кои му се свиѓаат за во приказната и се добива многу погрешен впечаток денес.Ама сепак и тие треба да се борат за тоа што го сакаат и овде никој не им дава помош.
 
Ма да, јас те сфаќам, и се согласувам со тебе. Туку, тоа што ти го напишав беше да ти кажам зашто јас мислам дека верниците веруваат во таа фраза, зашто ако веруваш во некој Бог, не е тешко да веруваш дека тој ќе ти помогне и ќе те одведе до она што е твое. Ова дојде од моето досегашно искуство со луѓе кои СЕ верници и токму со оваа фраза се имаат оправдувано кога нешто нема да оди како што треба. Значи мојот пост беше само обид да ги сфатам, зошто го измислиле тоа. Верувам дека кога веруваат во нешто апстрактно им е полесно да се носат со проблемите, бидејќи одговорноста за проблемите и неуспехот ги припишуваат на некој друг, наместо на вистинскиот виновник. Инаку ти реков, апсолутно се согласувам со тебе дека тоа не е во ред, дека никогаш ништо нема само да ти падне од небо ако не се потрудиш и ти да го добиеш. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom