Што е Македонец? (реална слика)

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzings
  • Време на започнување Време на започнување
Брат шо имаш ти против источна Македонија,абе кога ќе ти дојдам:pos2::pos2:....се заебавам... се шо си напишал е 99,9% вистина.Ама тоа ти е...менталитет.Тоа никогаш нема да се смени...ниту озборувањето по малите градчиња како што е мојот Пробиштип,ниту вадењето очи меѓусебе,сељачењето по кафиќи кои повеќе личат на кочини,Цеца фуче на големо....али тоа ти е тоа.Ја едно време многу се живцираав за оваквата ситуација,ама откако сватив дека попрво ќе пронајдат живот на Марс него што ќе се сменат работите отрпнав...сега ми е сеедно.
Сега една случка шо ги потврдува сите работи шо си ги пишал:Одам јас накај една од таквите кочини се буткам да влезам(и ја не знам зашо)внатре тешки турбичи цепат...и една будала се пробива трчаајќи тука меѓу светот со шише алкохол во рака и на цел глас се дере:Мојта песна ск ќе тепам некого.
:tapp::tapp::tapp:
 
Бидејќи тоа е твое мислење, еве го сместив во соодветната тема нема потреба да постои така само... како хејтерска тема. :)

И Боки 13 го пишуваш со голема почетна буква а Македонија со насекаде со мало м. Истото и со градовите. Фатални грешки со кои покажуваш колку не си ја цениш земјата и писмото.
 
Абе сите тие да не речам заостанати муабети,или пак предрасуди ќе ги има уште некој период тука и да ќе се ѕверат сите ако некој стави танга на плажа или пак се слече топлес..Ама што сакате кога пред само 50 години луѓето барале невеста само со стројници и само ако е работлива,никој не гледал тело,поголеми цицки или ова она,секс само после брак ако сакаш да бидеш чесна и.т.н.И нормално дека сета оваа транзиција ги менува,малку(или пак малку повеќе) тие морални норми,и нормално дека за тие 50 години не може да се сменат тие,а некои и уште го имаат задржано тоа како морално однесување.И мене ми е тоа пренесено и нормално да видам нешто''невообичаено'' ќе искоментирам и ќе кажам некој"заостанат" муабет.Ама такви сме таква ни е државата,и нормално можеме тоа да го смениме,но прво како што е спомнато во еден пост треба да се почниме од себе си..
 
Ќе почнам со она што го имам заклучено а во продолжение ќе надополнам со цитати од сите области во форумов...
Имам кажано и на друга тема,ние Македонците сме преценет народ.Зошто?Затоа што само на уста сме јаки,а на дела никаде не нема.Сите ќе речат ние сме чуствителна нација,добродушни,сакаме да помогнеме,кога ќе ни дојде најтешко знаеме да се бориме за својот народ и држава,добри,традиционални,морални и слично.
И јас ја сакам мојата земја и овој народ,но реално не сме толку добар народ какви што се кажуваме.
Кај нас се почитува традицијата и многу многу од границите на нормала не смее да се оди понатаму(контра примери за ова има многу,традиционалните,општествените и моралните норми се буткаат пред нос само пред оној за кој се зборува,а за себе не важат)
Сакаме европски слободно да живееме,без предрасуди и стереотипи,плукање на се што е различно од нас,а неможеме една нудистичка плажа да направиме,а камоли нешто друго.
Сакаме да ги прифатиме новините што ги носи новото време,но добро прикриени никој да не види,зошто веднаш ќе ти залепат налепница,се плашиме од самите себе си и ретко кој е способен да се спротистави и да го живее животот како што му одговара.
Многу сме лицемерни,најважното правило е да се ѕирне кај комшијата,себе си во огледало нема погледнување.
Народот е ист како оние што ја водат државата,вртење само натаму од кај што дува,контрадикторни за секоја ситуација.
Токму така,,ние сме дефинитивно народ со предрасуди...се додека нив ги има нема да се промениме:pipi:
 
Македонец,човек што рмба цел живот,вечно се жали,никад не е задоволен со себе,и увек државата му е крива
 
Македонец-напатена душа секогаш му е извршувана неправда од други посилни од него,вечно се жали,слабо се труди ама во тешки моменти знае да биде човек и да помогне. :wink:
 
Доста кењате бе, пекмези.
НИЕДНО дете у ниедна друга земја го нема детството шо го иаме ние тука у македонијава/екс ју земјиве.
 

Не спомнувај, се делиме на патриоти и шпиони.
А според шпионите дури и филмови имаат снимано.
Каков народ сме бе, ако не издадеме некого не бива...место да се радуваме на нечиј успех или тој на нашиот...
 
Македонец - етникум, мнозинско население во Република Македонија,доволно добра дефиниција за мене.
 
Потписот на kultuzin кажува се

"МАКЕДОНЕЦ си кога кавал ќе ти ја распара душата, зурла ќе ти го раскине срцето, кога секое влакно на кожата ќе ти се наежи кога ке видиш 16 крако сонце, кога до коска ќе те заболи кога ке слушнеш FYROM. Кога немаш ни за леб а полн си во душата"
 
Доста кењате бе, пекмези.
НИЕДНО дете у ниедна друга земја го нема детството шо го иаме ние тука у македонијава/екс ју земјиве.
мислиш :

Ќотек во школо
Ќотек дома
Ќотек надвор

Јеа закун детство :vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom