Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
И јас уште на почеток претпоставував дека се работи за книгата ама изгледа не е.
Која е тогаш поентата со малото девојче на слика со билбордот ОВА Е АНА?
Поентата е да дознаеш која е Ана![]()
Тамам помислив дека е реклама за „Стопанска банка“.![]()
Абе се збори за билбордот? Да не прашува некој или некој да не збори за билбордите на про кредит ( пример) и ред други? Битно се збори тоа им било финтата и им успеало и тоа доста добро . А која е ана ке чекаме да дознаемеаееееее тапа филм тапа реклама ама тоа дека буди заинтересираност е точно!!
сите онака шо ќе поминат се у фазон као" шо е муабетот со ана !!! и тука почињаат со разглабуење маубети околу тоа!!
незнам дали е книга ама ако е ДЕФИНИТИВНО ЈА УТНАЛЕ ИДЕАТА ЗА РЕКЛАМА!!! на шо личи ова бе?? 52 дена стои билборд која е ана??
и онака после почнуваш да глеаш насекаде ова е ана и тој билборд стои уше 52 дена мислам живи глупости!!
ама аааајде!!
по мене многу глупа ствар!!
а шо е муабетот тек до прва ќе видиме!!
А и името не им е нешто посебно одбрано....
За тие што сеуште не знаат, еве го одговорот.Автор Иле Милевски и романот ЉУБОВТА ЗА АНА е финатата
Цитат:
„Дали некогаш сте сакале некого?
Дали сте го сакале толку силно што вашето срце ќеексплодирало од љубов?
Дали сега сте заедно со личноста што најмногу сте ја посакувале и најмногу сте ја сакале во текот на вашиот живот?
Некогаш, без разлика на тоа колку многу сакаме, работите не излегуваат како што ние сакаме.
Зошто?
Дали Вие знаете
Што е љубовта?
Или само ја поистоветувате со заљубувањето?
Хмм, пеперутки во стомакот, пресекување на нозете,вртоглавица, срцето ќе излезе низ градите... чувства, чувства, чувства...Каде можат да те доведат тие чувства?
Дали не треба никогаш да се откажеме од љубовта кон сакана, личност? Што ќе ни донесе тоа доколку таа љубов е платонска патолошка и невозвратена?
Што ќе направите доколку сте станале зависник од љубовта, а опседнат од саканата личност?
Ова се само дел од прашањата коишто не измачуваат сите нас,мали и големи, млади и стари, без разлика на која возраст и припагате,секој од нас секојдневно се соочува со љубовните проблеми кои што го мачат и измачуваат. Некои од нас успеале да ги решат овие проблеми, успеале да бидат среќни и да уживаат во животот исполнет со љубов. Но што правиме со останатите коишто тапкаат во место само затоа што никој не ги научил што е љубовта и како да ја внесат љубовта во нивните срца?
За некој љубовта претставува заљубување, романтика, желбии мистерија; за друг, болка, патење, агонија и екстаза; за трет, секс, страст, еротичност и сензуалност. Но, не е само тоа.
Љубовта е пријателство, давање и земање љубов, комуникација, поседување,афера, ризик, опасност, моќ, уништување, слобода, боженственост иуниверзалност. Но, драги мои, вистината е: кој вистински сака никогаш непрестанува да сака. Не постои лек. Можеби некој би требало да гоизмисли за да се откажеме од љубовта. Едноставно, одиш вонајблиската аптека и си купуваш апче за откажување од љубовта. Нотаков лек против љубовта, сега за сега, нема.
Бидејќи, се е љубов
Студенски живот онаков каков што е во реалноста, без нагли отстапувања јасно обидувајќи се да не се сокријат пропустите на денешниов систем и општество..
Копнежот на младиот јунак почнува токму со реченицата ,,Се викаше Ана. Колку убаво име.“
И кон самиот крај се прашувате ,,дали некој ќе му помогнена Иан?” - (он топик но, беше потребно да цитирам дел од афторското излагање за сопствениот роман
Од тука дилема или одговор....Која е Ана?
Симболиката не е споменувана, барем јас не сум слушнала, но според мене целта е да се врати книгата во рацете на младите, да се прочита еден исклучитено корисен роман наменет за младите кои се на праг на љубовта со сите свои вкусови, да размислат што сето тоа значи- една голема порака во преносна смисла ,,Која е Ана?“ или „ Која е вашата Ана?“