Што е финтава со билбордот " КОЈА Е АНА?"

Статус
Затворена за нови мислења.

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.406
Поени од реакции
5.971
И јас уште на почеток претпоставував дека се работи за книгата ама изгледа не е.

Која е тогаш поентата со малото девојче на слика со билбордот ОВА Е АНА?
 
Член од
29 јануари 2010
Мислења
245
Поени од реакции
12
И јас уште на почеток претпоставував дека се работи за книгата ама изгледа не е.

Која е тогаш поентата со малото девојче на слика со билбордот ОВА Е АНА?
Поентата е да дознаеш која е Ана :toe:
 
H

HITCH

Гостин
Тамам помислив дека е реклама за „Стопанска банка“. :pos:
 
Член од
16 април 2010
Мислења
33
Поени од реакции
1
аееееее тапа филм тапа реклама ама тоа дека буди заинтересираност е точно!!
сите онака шо ќе поминат се у фазон као" шо е муабетот со ана !!! и тука почињаат со разглабуење маубети околу тоа!!
незнам дали е книга ама ако е ДЕФИНИТИВНО ЈА УТНАЛЕ ИДЕАТА ЗА РЕКЛАМА!!! на шо личи ова бе?? 52 дена стои билборд која е ана??
и онака после почнуваш да глеаш насекаде ова е ана и тој билборд стои уше 52 дена мислам живи глупости!!
ама аааајде!!
по мене многу глупа ствар!!
а шо е муабетот тек до прва ќе видиме!!
 
M

marko 1996

Гостин
аееееее тапа филм тапа реклама ама тоа дека буди заинтересираност е точно!!
сите онака шо ќе поминат се у фазон као" шо е муабетот со ана !!! и тука почињаат со разглабуење маубети околу тоа!!
незнам дали е книга ама ако е ДЕФИНИТИВНО ЈА УТНАЛЕ ИДЕАТА ЗА РЕКЛАМА!!! на шо личи ова бе?? 52 дена стои билборд која е ана??
и онака после почнуваш да глеаш насекаде ова е ана и тој билборд стои уше 52 дена мислам живи глупости!!
ама аааајде!!
по мене многу глупа ствар!!
а шо е муабетот тек до прва ќе видиме!!
Абе се збори за билбордот? Да не прашува некој или некој да не збори за билбордите на про кредит ( пример) и ред други? Битно се збори тоа им било финтата и им успеало и тоа доста добро . А која е ана ке чекаме да дознаеме :)
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100
Ама сте запнале да откриете која е Ана, мислам дека треба да има награда за оној кој ќе даде точен одговор.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.178
Поени од реакции
18.251
Да не е нешто за исчезнати особи или таква некоја фрка.Во секој случај претераа со 2 месеци билбордот,досадни се!
 
Член од
15 декември 2010
Мислења
7
Поени од реакции
0
mislam deka e kniga sega izdadena, pa pravat reklama, i ete kako so mozes da zabelezis site prasuvat za toa sto znaci toa, znaci reklamata uspesna e :)
 
H

HITCH

Гостин
Ако ова е навистина реклама за книга, тогаш ја утнале работата, оти јас нема да ја купам. Книгата е уживање, а не агонија! :pos: Се шалам, ме дрма празничново расположение. :smir:

Значи, ова испадна реклама за книга?!
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.223
Поени од реакции
34.514
Автор Иле Милевски и романот ЉУБОВТА ЗА АНА е финатата
Цитат:
„Дали некогаш сте сакале некого?
Дали сте го сакале толку силно што вашето срце ќеексплодирало од љубов?
Дали сега сте заедно со личноста што најмногу сте ја посакувале и најмногу сте ја сакале во текот на вашиот живот?
Некогаш, без разлика на тоа колку многу сакаме, работите не излегуваат како што ние сакаме.
Зошто?
Дали Вие знаете
Што е љубовта?
Или само ја поистоветувате со заљубувањето?

Хмм, пеперутки во стомакот, пресекување на нозете,вртоглавица, срцето ќе излезе низ градите... чувства, чувства, чувства...Каде можат да те доведат тие чувства?

Дали не треба никогаш да се откажеме од љубовта кон сакана, личност? Што ќе ни донесе тоа доколку таа љубов е платонска патолошка и невозвратена?

Што ќе направите доколку сте станале зависник од љубовта, а опседнат од саканата личност?

Ова се само дел од прашањата коишто не измачуваат сите нас,мали и големи, млади и стари, без разлика на која возраст и припагате,секој од нас секојдневно се соочува со љубовните проблеми кои што го мачат и измачуваат. Некои од нас успеале да ги решат овие проблеми, успеале да бидат среќни и да уживаат во животот исполнет со љубов. Но што правиме со останатите коишто тапкаат во место само затоа што никој не ги научил што е љубовта и како да ја внесат љубовта во нивните срца?
За некој љубовта претставува заљубување, романтика, желбии мистерија; за друг, болка, патење, агонија и екстаза; за трет, секс, страст, еротичност и сензуалност. Но, не е само тоа.

Љубовта е пријателство, давање и земање љубов, комуникација, поседување,афера, ризик, опасност, моќ, уништување, слобода, боженственост иуниверзалност. Но, драги мои, вистината е: кој вистински сака никогаш непрестанува да сака. Не постои лек. Можеби некој би требало да гоизмисли за да се откажеме од љубовта. Едноставно, одиш вонајблиската аптека и си купуваш апче за откажување од љубовта. Нотаков лек против љубовта, сега за сега, нема.

Бидејќи, се е љубов

Студенски живот онаков каков што е во реалноста, без нагли отстапувања јасно обидувајќи се да не се сокријат пропустите на денешниов систем и општество..

Копнежот на младиот јунак почнува токму со реченицата ,,Се викаше Ана. Колку убаво име.“
И кон самиот крај се прашувате ,,дали некој ќе му помогнена Иан?” - (он топик но, беше потребно да цитирам дел од афторското излагање за сопствениот роман

Од тука дилема или одговор....Која е Ана?

Симболиката не е споменувана, барем јас не сум слушнала, но според мене целта е да се врати книгата во рацете на младите, да се прочита еден исклучитено корисен роман наменет за младите кои се на праг на љубовта со сите свои вкусови, да размислат што сето тоа значи- една голема порака во преносна смисла ,,Која е Ана?“ или „ Која е вашата Ана?“
За тие што сеуште не знаат, еве го одговорот.
Темава иде под клуч.

 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom