concrete
alte Esel
Само што се вратив од ТРОТОАР(не можам да речам пазар,нејќам да лажам)
Скоро секој ден сум на некој тротоар,било да е тоа Буњаковец,Ѓорче,Ченто и др.
Но одам и по селата таму е по раат,по сите села па дури и во Говрлево.
Ги знам јас законите добро,ме научи власта на нив.Безброј пати сум собиран,и ај во комбе со се роба а понекогаш и со велосипедот внатре и во подрум во станица.
Казни сум се изнаплаќал до сега. Беше околу 3500 - 5000 се комплет.
Но што е тоа во разлика на добиеното-не се осеќа јасно. Добро еднаш го чистев и Вардар-општо корисна работа.Но сега е знам тешко,секој ден бркаат,тие бркаат ние бегаме и пак се редиме и така везден.Сега нема да спечалиш пара ама нема и да бидеш гладен,тоа ми беше муабетот.Сететесе пред некоја година каков беше плоштадот,кутија до кутија,све и свашта,сега го средива 5-6 години,е тогаш се печалеше. Сега само да живуркаш и ако си на нула.Можности има многу и сега.
А се затвараат тезги и шопови,не им оди ич,не може ни за баждар да извадат тоа го знам.Сум имал и тезга и поради тоа ја баталив.Ќе работиш само за нив.
Значи зборам за привремено,за оние што не можат другачие да се снајдат.
Пакет чорапи и на кутија на тротоар и нема да бидеш гладен.
Е сега знам секој почеток е тежок и дека тој прв ќе настрада и веднаш ќе биде фатен.
Но за кратко време ќе се вклопи во баграта,па и нема што да се изгуби,подобро да се почне нешто,него ли да се чека. А се почнува со малки како што реков.
Значи ова е за тој што нема ич,и неможе да отвори перална или бурекчилница.
...се зезаш со децава овде...а????
