Што би правеле ако поединци од вашето друштво користат дрога?

  • Креатор на темата Креатор на темата city park boy
  • Време на започнување Време на започнување

Што Би правеле ако поединци од вашето друштво користат дрога?


  • Вкупно гласачи
    238
posto moja drugarka bese navlezena asalno vo tie vodi, dzabe bea sitemuabeti i vetuvanja itn itn , jas ja kazav na tatko i doma i da cuknam vo drvo eve ja veke 4 god e cista i e ziva i zdrava
 
Би го однел во викендицата во собата што нема прозори а има челична врата. БИ го оставил 2-3 недели само храна и вода би му давал. Ако и тогаш не се одалечи бар малце, би му ја отворил вратата и што сака нека прави бидејќи тогаш не би го познавал не би бил истата личност што некогаш сум ја знаел.
 
...Имав двоумење во врска со оваа тема, затоа ќе ги пишам и двете страни...
...Нормално, ќе сакам да му/и помогнам, пошто нели, ми е приајтел/ка и се грижам за него/неа...
...но од друга страна, не се ли они доволно свесни да знаат во што се впуштаат?...Бидејќи сигурно, ај првиот пат од љубопитност, ај вториот пат...Али мислам дека ако он/она не е доволно свесна и доволен карактер да спречи сама, никој нема да може да му/и помогне...
 
Среќна сум што сум опкружена со луѓе што ниту користат дрога, ниту пак имаат желба да почнат...баш напротив мн. се против тоа.
Сметам дека по дрога посегнуваат личности со слаб карактер, кои сакаат да избегаат од овој свет и од неговите проблеми, несфаќајќи дека кога тогаш ќе мора да се соочат со нив.
Но, доколку, некој од моето друштво почне да конзумира дрога, би направила се за да го оттргнам од тоа. Најпрво би седнала и би направила еден муабет со него, очи во очи и би го прашала само дали мисли дека има слаб карактер, и дека единствен начин да ги избегне проблемите е да користи дрога? А понатака како ќе се одвиваат работите, зависи од тоа што тој/таа ќе каже. Како и да е... би направила се за да му/и помогнам!
 
Користеле, валда и сеуште користат.

Сум пробувал да ги оттргнам, не бивало. Само ги изгубив како другари, т.е. мене ме отфрлија, почнаа да ме избегнуваат, а јас неможев да имам контрола над нив. Се разидовме целосно.

Животот и не е така розев.
 
Тргајќи од фактот дека сигурно многу свесно е влезен пријателот во таа ситуација...(мислам сите многу добро ги знаат последиците од дрога уште пред да земат)...очигледно е дека така си одлучил....а со тоа аста ла виста бејбе од мојот живот :helou:
 
не е се така....сите знаат за последиците али пуста љубопитност...и не само дрогата исто и коцката....свесен си дека одиш да го правиш тоа што не треба..али што знам како размислуваат..тоа не се они него потсвеста во нив
 
Користеле, валда и сеуште користат.

Сум пробувал да ги оттргнам, не бивало. Само ги изгубив како другари, т.е. мене ме отфрлија, почнаа да ме избегнуваат, а јас неможев да имам контрола над нив. Се разидовме целосно.

Животот и не е така розев.
да да до некаде си у право али во таа дружина само ти си бил исклучок затоа така...сите други се дрогирале
 
Ќе помогнам ама незнам колку со зборување можи да му се помогни на некој наркоман:) Ќе одам ќе го заврзам во некоја викендица на планина и ќе го хранам месец-два..подруго на наркоман помаање незнам како :)
 
ќе му речам...: Брат размисли убаво..со тебе сум. Ова шо го правиш е глупо...размисли што е поубаво...да се боцкаш и да шмркаш?..или да уживаш у шмекањето на цури заедно со мене?...
 
Ќе се трудам што повеќе да му помогнам. Би дала за некои личности се од себе... Зошто се иначе другарите...
 
Ке се обидам јас на некој начин да му помогнам. Знам имав во друштво еден што посегна по марихуаната ама мислевме ај еднаш колку да проба, ама после се поише и поише почна. Тоа лично ни сметаше на сите пошто цело време сакаше уште. Почнавме да збориме со него да му даваме услови за што побрзо да се откаже од тоа, и на крај успеавме. Остана на обични цигари. Едноставно несакам мој другар да подпадне на дрогата.
 
Негова работа, шо сака нека си прај. Јас не ќе изигравам сеа психолог.
 
Додека бев во средно поединци од моето друштво користеа дрога,а сега веќе не се ни гледаме толку често па не ни знам кој до каде стасал со дрогата:toe:Инаку не се замарам баш со таквите луѓе,иако ми беа добро другари,ми беше криво за нив,да,но сепак сметам дека тоа си е нивен живот и што одлучиле тоа ќе се прават.Јас само можам како другарка со нив да напраам муабет и некој совет да им дадам,ама ништо повеќе,се останува на нив.А уште помалку па да земам и да кажам на нивните родители,нема шанса,колку шо можеш да направиш добро со тоа,толку можеш и лошо.Од една страна ќе ти се наљутат другарите а од друга па родителите може да речат која си па ти така да збориш за моето дете така да не би се мешала у такви работи.Ако они сами не си свесни шо прават со својот живот никој друг нема да може ништо да напраи:toe:
 
зависи од дрогата, пошо ганџа пуши секој втор... нешо потешко ако е = првото од анкетата
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom