Што автомобил би одбрале :))

  • Креатор на темата Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување Време на започнување
Трошат многу.И татко ми се запали за колава на почеток,ама многу трошела...
Си седнал зад управувачот некогаш? Си поминал некој километар или инфото ти е од рекла/казала?

Да бидиме на јасно: кола шо тежи 1 и пол тон, со машина од 1.6/1.8 бензин мотор со околу 110/140 кс, реално е да троши 9-10 низ град.
 
Деновие се мислам што автомобил би бил добра инвестиција за едно 15 години, дали автомобил постар модел пример од 1999 ( со поминати кој знае колку километри враќани се разбира ), со пазарна цена од 4500 евра, до кај 8000 евра, но сепак класа погоре од на пример.
Автомобил половен се разбира но од 2008 или 2009 година со не поминати повеќе од 30 000 километри, со цена на пример од 8000 евра до кај 11 000 зависи од моделот и видот на гориво.
На што би оделе Вие при избор на Возило.
Мое мислење е дека подобро увезена од западна европа некоја за 5 000 евра, отколку нов шевролет, или некоја друга кинеска или корејска марка автомобил купени од МК.

Ко прво автомобилите кои се продаваат ко нови на МК пазар ни оддалеку не можат да се мерат со автомобилите наменети за западна европа.
Друго е што плаќаш речиси двојна цена за пониска класа која ни оддалеку нема да го има комфортот и квалитетот на постарата кола од 5 000 евра.

П.С. за 5000 евра ќе најдеш и те како зачуван автомобил кој ако го земеш со 160 000 километри (братени 60 000) има животен век 500 000 километри и немаш гајле, додека новиот автомобил после некое време на 300 000 километри ќе биде ражабен, ко ќе видиш исто ти се фаќа.
 
Си седнал зад управувачот некогаш? Си поминал некој километар или инфото ти е од рекла/казала?

Да бидиме на јасно: кола шо тежи 1 и пол тон, со машина од 1.6/1.8 бензин мотор со околу 110/140 кс, реално е да троши 9-10 низ град.

Човекот кажуваше дека му е битно и потрошња,и на нас ни беше,па ради тоа не ја земавме,пошто веќе имаме бензинец кој троши 9-10 литра..
 
sega za sega kako rapidno pagjaat cenite na novite vozila zimaj noa kola do 11000evriki mozhesh da birash i prv gazda da bidesh i prv vo nea da prdnesh/da mi prostite/ pezho citroen HDi momentalno najdobri varijanti,,pozdrav oktandzhii,,,,,,,,,,,
 
imgres
Не знам дали успеав да ја внесам сликава правилно но доколку моево мислење ти биде од помош би ти препорачал за тие пари да си земеш ALFA ROMEO 159 1.9 JTDm 16v колата има фабрички мотор од 150 КС воедно тие се и пионерите кои први вградија дизел мотор со директно вбризгување со пумпа на висок притисок уште во далечната 1998 со моделот Alfa Romeo 156 1.9 JTD 8v 105 КС модел на познатиот конструктор на автомобили Walter Da 'Silva па после нив овој мотор го вградија Германците во BMW 320 d па Французите со HDI моторите во Peugeot i Citroen во моделите по 2000 та година. Ова ти го пишувам од сопствено искуство со овие мотори бидејки го имам моделот на Silva од 2001 со 115 КС кој го купив пред 3 год а моторот е веќе преку 250 илјади км и сеуште не ми претставува проблем на добар автопат да стигнам до 200 км и просечна потрошувачка во градски режим на возење од 7 л Дизел а да не зборам за Италијанскиот дизајн (екстериер ентериер) кој лично мене ме остава без здив. На овој модел 159 е поновата технологија Мултиџет од 150 КС силен и економичен мотор. A ако сакаш нешто брутално од дизел мотор со 200 КС ти го препорачувам моделот Alfa Romeo 159 2.4 JTDm со 5 цилиндри а за дизајнот нема што да се пишува кога Италијаните се во прашање. :tapp:
 
Може да купи Алфа само ако сака да дава пари по мајстори исто колку што ја купил и половина од времето наместо на пат да го минува кај мајстор.Алфа Ромео коли со одличен изглед,моќен мотор,голема историја и имаат дух меѓутоа квалитетот не им е јака страна.На TUV тестовите Алфите се едни од автомобилите кои паднале најмногу тестови.
Настрана квалитетот но и потрошувачката на гориво ќе биде голема и со овие цени на горивата тешко дека би била исплатлива.Исто така кај автомобили над 100 КС има и поскапа регистрација.
 
Не можам а да не кажам дека и јас како тебе ,, phoenix,, исто бев противник за Алфа и се водев по тие критики останати од нашите татковци немој Алфа да земаш скапи делови скапи за одржавање итн.. А и пред да ја земам Алфава со сопругата се договривме за Опел Зафира како фамилијарен автомобил ама сето тоа падна во вода после седнување и возење на Алфа немаше човек што ке ме одврати од Алфа и нејзиниот дизајн. Едноставно не сакав да бидам од стеротипите купи Голф држи на цена или некој Опел евтини се за делови. Е сега конкретно за 156ка ти кажувам не преминува повеќе од 7 литри Дизел во град со вклучена клима. За регистрација разлика во цената е околу 2000 денари грубо кажано ама и тој факт паѓа во вода ако се земе следново. Пред тоа имав Шкода Фабија 1.2 Бензин со А-тест плин ама батка колава од 60КС не оди и не оди пример земам да појдеш на Стража или Плетвар кај нас а да не те нанесе пат на отворено колата е мртов коњ не мрда од 140км/ч. Еве и калкулација за потрошувачка на колите Шкода во град 10л плин Х 38ден тогашна цена на ТНГ сега не знам не ме интерсира = 380 ден + 1лит бензин 68ден (тогашна цена) за палење на колата додека да префрли на плин или вкупно 448 ден за 100км. Алфа Ромео во град 7лит Дизел Х 72 ден (сегашна цена) вкупно 504 ден. Заштеда од 56 ден на 100км. Разлика во возење во влечна сила забрзување 115КС VS 60КС што би кажале моите сограѓани Бог и Батина и тоа со стари цени новиве не ги знам не ги гледам на бензинска ме фаќа страв....:facepalm:
 
http://pazar3.mk/mk/Listing/Detail/Index/823896?searchID=1056909&Idx=163

Eve ti 2009 Cruize so atest plince da ne mu se zamaras deka mn trosi, kupen vo mk itn ... edinstveno sto ima ubava kilometraza :) jezda siban e na otvoreno posto u mk ne veruvam za otprilika dve godini da napravi 90-100.000 km

Za cenata e super, plus bandaz besen 16ka nekoja i ete ti sexy kolice

ImageHandler.ashx

--- надополнето: 26 март 2012 во 01:59 ---
ili golf 5ka ... sto mene ne mi e nesto po merak + plin da i stais
http://reklama5.mk/Details.aspx?ad=358782

--- надополнето: 26 март 2012 во 02:16 ---
Skoro duplo poeftino od zamislata tvoja 2010 swift za 6K
http://reklama5.mk/Details.aspx?ad=354503

Koli ima kolku sakas samo pari da ima coek :)
 
Не можам а да не кажам дека и јас како тебе ,, phoenix,, исто бев противник за Алфа и се водев по тие критики останати од нашите татковци немој Алфа да земаш скапи делови скапи за одржавање итн.. А и пред да ја земам Алфава со сопругата се договривме за Опел Зафира како фамилијарен автомобил ама сето тоа падна во вода после седнување и возење на Алфа немаше човек што ке ме одврати од Алфа и нејзиниот дизајн. Едноставно не сакав да бидам од стеротипите купи Голф држи на цена или некој Опел евтини се за делови. Е сега конкретно за 156ка ти кажувам не преминува повеќе од 7 литри Дизел во град со вклучена клима. За регистрација разлика во цената е околу 2000 денари грубо кажано ама и тој факт паѓа во вода ако се земе следново. Пред тоа имав Шкода Фабија 1.2 Бензин со А-тест плин ама батка колава од 60КС не оди и не оди пример земам да појдеш на Стража или Плетвар кај нас а да не те нанесе пат на отворено колата е мртов коњ не мрда од 140км/ч. Еве и калкулација за потрошувачка на колите Шкода во град 10л плин Х 38ден тогашна цена на ТНГ сега не знам не ме интерсира = 380 ден + 1лит бензин 68ден (тогашна цена) за палење на колата додека да префрли на плин или вкупно 448 ден за 100км. Алфа Ромео во град 7лит Дизел Х 72 ден (сегашна цена) вкупно 504 ден. Заштеда од 56 ден на 100км. Разлика во возење во влечна сила забрзување 115КС VS 60КС што би кажале моите сограѓани Бог и Батина и тоа со стари цени новиве не ги знам не ги гледам на бензинска ме фаќа страв....:facepalm:
Не реков дека Алфите се лоши коли.Напротив тие ми се едни од омилените.Тоа е кола со дух но при вакви услови во државата тоа не е баш потребно.За постари Алфи деловите не се скапи се наоѓаат по отпад.Меѓутоа проблемот е тоа што Алфите се едни од автомобилите кои најмногу паѓаат на ТУВ тестовите,се наоѓаат во последните 10.
 
primer peugeot 308 hdi od 2009 godina so na primer 30 000 kilometri.
ako gledas taka mala e granicata megju polovno voizlo staro 2 do 3 godini i novo vozilo na primer
точно е дека нема голема разлика ако гледаш на колата само како обично превозно средство. ако купуваш кола со кеф мора да го осетиш чувството на нова кола. плусто 11.000 не се малку пари па да купуваш половно возило.
јас со тие пари би играл на фиестата 1.4 TDCi со 68 кс средно ниво на опрема (11.800 сигурно и попуст ако ја земаш во кеш) или ако сметаш дека тој мотор е слаб оди на варијанта 1.4i со 96 кс средно ниво на опрема(11.300 + евентуално попуст) кој исто има мала потрошувачка од 5.5 на 100км.
 
Може да купи Алфа само ако сака да дава пари по мајстори исто колку што ја купил и половина од времето наместо на пат да го минува кај мајстор.Алфа Ромео коли со одличен изглед,моќен мотор,голема историја и имаат дух меѓутоа квалитетот не им е јака страна.На TUV тестовите Алфите се едни од автомобилите кои паднале најмногу тестови.
Настрана квалитетот но и потрошувачката на гориво ќе биде голема и со овие цени на горивата тешко дека би била исплатлива.Исто така кај автомобили над 100 КС има и поскапа регистрација.
Значи веруваш на секој збор што ке го слушнеш. Тие тези и теории дека се скапи, тешки и дефектни се апсолутно неточни. Да не тргнам да редам цени на делови, да не се издавам како возам да не почнат со ред да ме плукаат... Да не беа квалитетни немаше да се домкнат со увозот толку многу. Кај мене на паркинг само 5 има донесено у задњава година, а што останува за остатокот од Скопјево. Да се надоврзам на Scorpion_MKD , јас ја имам 156 1.9 105, со преку сила 7.5 со газење,околу 5 на отворено со 120, наводно 1(2)60.000км и тегне ко луда дури и од ксарата што ја имам 2.0 хди 109кс е побрза и на крајна и на старт.
 
Повели види http://www.anusedcar.com/index.php/tuv-car-make/alfa-romeo
 
Интересен сајт, ама морам да про-тролам дури и подзинав кога разгледав. Не ми е јасно како БМВ серија 7 се испод Калос или Гетз изнад Мече М серија
 
Ова се тестови кои покажуваат колкав процент половни автомобили го паднале ТUV тестот.Логично е поголем процент од тие BMW-а да го паднат тестот поради тоа што таков автомобил не се продава доколку не му фали нешто.Тоа се луксузни автомобили со опрема која не се наоѓа дури и кај новите автомобили кои се со цена до 15-18 илјади евра.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom