Не можам а да не кажам дека и јас како тебе ,, phoenix,, исто бев противник за Алфа и се водев по тие критики останати од нашите татковци немој Алфа да земаш скапи делови скапи за одржавање итн.. А и пред да ја земам Алфава со сопругата се договривме за Опел Зафира како фамилијарен автомобил ама сето тоа падна во вода после седнување и возење на Алфа немаше човек што ке ме одврати од Алфа и нејзиниот дизајн. Едноставно не сакав да бидам од стеротипите купи Голф држи на цена или некој Опел евтини се за делови. Е сега конкретно за 156ка ти кажувам не преминува повеќе од 7 литри Дизел во град со вклучена клима. За регистрација разлика во цената е околу 2000 денари грубо кажано ама и тој факт паѓа во вода ако се земе следново. Пред тоа имав Шкода Фабија 1.2 Бензин со А-тест плин ама батка колава од 60КС не оди и не оди пример земам да појдеш на Стража или Плетвар кај нас а да не те нанесе пат на отворено колата е мртов коњ не мрда од 140км/ч. Еве и калкулација за потрошувачка на колите Шкода во град 10л плин Х 38ден тогашна цена на ТНГ сега не знам не ме интерсира = 380 ден + 1лит бензин 68ден (тогашна цена) за палење на колата додека да префрли на плин или вкупно 448 ден за 100км. Алфа Ромео во град 7лит Дизел Х 72 ден (сегашна цена) вкупно 504 ден. Заштеда од 56 ден на 100км. Разлика во возење во влечна сила забрзување 115КС VS 60КС што би кажале моите сограѓани
Бог и Батина и тоа со стари цени новиве не ги знам не ги гледам на бензинска ме фаќа страв....