Што ако вашиот партнер/ка има различен вкус за музика или начин на живеење од вашиот?

  • Креатор на темата Креатор на темата џимеј
  • Време на започнување Време на започнување
Па да бидам искрена ми пречи малку што немаме ист вкус на музика, пред некој ден му пуштив една песна и не можеше да ја дослуша, ( не слуша таков тип музика) а јас сакав само текстот да го слушне бидејќи беше убав. (барем за мене да се потрудеше да ја слушне) ок, не му се лутам многу :)
 
Прво, (поради наведениот пример) ќе кажам дека партнер металец да имам нема теорија. Not now, not ever. Не ме напаѓајте одма, да ми смета - не ми смета стилот кој си го почитуваат, баш напротив, ги ценам оние кои имаат вистинска почит кон она што го сакаат и им се допаѓа. Едноставно со нив од муабет повеќе не сум имала, многу различни гледишта имаме, а и башка поради стилот, да бидам искрена, не би можеле да опстоиме повеќе од некој пола саат. Али нишо страшно, може некој нема да ме прифаќа мене поради мојот стил, не?
Друга ствар, нема ни да си одговараме како појави :icon_lol:
Моите дечковци досега претежно биле клабери или од оние што слушаат од се по малку, но да му наметнувам мој стил и да го терам да искача со мене каде што мене ми годи, не. Сме излегувале на места кои нему му се допаѓале и кои мене ми се допаѓале.. сме поминувале убаво, што да не. Додека се јаде. Е веќе со шабани имаме проблем, исто како со металците. Не можам да ја поднесам таа музика, ме иритира едноставно. Не можам да се замислам на концерт на Јелена Карлеуша, или на Нова година помината во турбо-фолк атмосфера. Ако не ми дава eargasm заеби се. (:
Секако дека најбитен е карактерот и он дали тебе ти се допаѓа, yada yada.. но музиката ми е меѓу побитните ствари во животот и ја сфаќам доста озбилно. Така што, досега сум немала проблем.. оние кои го слушаат типот музика кој ме иритира немало случај да ми се допаднал, а не па да ми стане партнер.
 
Мене ми е сеедно,се додека има свој став во врска со музиката
што ја слуша,а дали било поп,рок,рап,метал вакво-такво не ме занима.
Офкорс нема да идам со неа у кафана или дискотека-па ако сака нека ми раскине.
Зборот ми е ниту јас ќе се обидам да ја менувам неа.ниту ќе дозволам некоја да ме смени мене.
I'm a nerd(крај)
 
Neka me saka za toa sho sum .. i za toa sho go slusham .. jas go zasakav nego za toa sho e toj .. mozi karaktero mu e po muzikata ili takvi raboti .. Shojma vrska ! Jas ako se zaljubam ili zasakam nekoj .. nema da probam da go smenam coeko. Ako pokusham da go smenam, znachi ne e toj sho go zasakav. Kako odi ona "Better hate me for the person that I am, then try to change me so you can love me".
 
Според мое мислење ако некој сака некого ќе успее па колку и да са различни...а ако е врската само од забава или досада тогаш ништо од бизнисот....:toe:
 
Ако добро размислам а се надевам дека не грешам сите природни симбиози се формирани од две или повеќе спротивни страни
со цел да се има рамнотежа па затоа нормално е спротивниот пол да има различни вкусови со тое се воспоставува рамнотежата
 
Доколку вистински се сакаат тогаш секако дека ќе успеат да најдат една рамнотежа во нивниот заеднички живот. Во спротивно постојано ќе се случуваат недоразбирања од едната или другата страна и најверојатно е дека таквата врска нема да има среќен крај.
 
Физика + и - се привлекуваат и ако се додаде чуства ,страст што е еднакво на хемија тогаш сите спротивности може да бидат добивка.Има една друга ситуација кога се согласуваш во све а резултатот на тоа е монотонија во врската и нејзино неизбежно умирање:toe:
 
Мене лично не би ми пречело да си фатам дечко кој е поразличен од мене...мене па ме привлекуваат машки со се металци или рокери...интересни се...
 
Физика + и - се привлекуваат и ако се додаде чуства ,страст што е еднакво на хемија тогаш сите спротивности може да бидат добивка.Има една друга ситуација кога се согласуваш во све а резултатот на тоа е монотонија во врската и нејзино неизбежно умирање:toe:

ЕЕееее а во хемијата + и - се одбиваат. Во љубовта постои хемија, така да ништо од бизнисот.
 
Спротивностите се привлекуваат.. NOT !! Она живее во различен свет од мојот, со драстично сменет поглед на светот за разлика од мојот, немаме блиски теми за разговор преку кои ќе ја почувствуваме блискоста итн. такада не би влагал у врска со различна од мене. Претпочитам слична на мојот карактер а од тоа произлегува и начин на живот, музика...
 
Мене не ми смета ништо да си фатам било каква женска,без разлика дали ќе слуша метал,рок,рап или турбо фолк или техно,транс итн.Јас како обожавател на рок и метал музиката да ви кажам искрено знам да запеам и пуштам дома и некое парче турбо фолк што мене лично би ми се допаднало или да пуштам рап но само од еден пеач т.е. Тупак (него од раперите најмногу го ценам).Не носам долга коса т.е. гола глава сум потстрижен :) хехе и излегувам на места кај што пуштат секаква музика освен метал и рок.И сега што да направам,да се убијам ? Јебига такви сме си ние балканците.Но кога ќе си дојдам дома се знае метал и рок си слушам и таа е правата музика за мене.А како што реков знам и на турбо фолк да запеам и да пуштам некоја трака :) и некои поп песни да си пуштам што мене ми се допаѓат. Сега моментално сум сингл,но кога ќе имам женска,никогаш не би им наметнувал мои правила на каква музика да слуша,нека слуша и турбо фолк ако треба,тоа си е нејзино,јас само ќе сакам да го цени тоа што и јас го слушам,а се разбира да ме цени и сака и на мене како личност пред се.
 
Јас и мојата партнерка ко од различни универзуми.

Таа сака мирна музика, сака повеќе дома да седи, квалитетно да си го троши времето, испланирано се да е до крај, сака кафани,сака да разгледува по продавници по 100 саати и пак ништо да не и се бендиса.

Јас од друга страна сакам акција, сакам да седам на тротоар, да пием евтино вино, сакам се да ми биде спонтано, кога ќе ми се бендиса нешто го купувам и не разгледувам ниту една минута.


При такви различни начини на живот, било но не поминало. Односно се најдовме заеднички јазик.

Ради нејзиниот карактер јас почнав факултет, си го средив и променив животот за 360 степени. Но од друга страна таа почна да излага по паркови, почна да лудува и да се чуствува онака како што никад до сега не и било.

Е сега за купувањето си останува исто, само што некад можам да свикам дека нејќам да разгледувам или пак самата таа ме пражува што да одбере јас кажувам на крајот мојот одговор сепак ќе се цени, некогаш и обратно јас кога ќе прашам.

Музиката пак освен хеви и треш другото се ни е заеднички стил на музика, а кога ќе се расправаме онака благо за некоја песна после тоа моментот кога ќе ми ја запее на увце Свилен Конац и ќе ми го спомнува името и кога ќе почне да се гали секоја расправија се заборава. Ниту јас ниту таа можеме да се промениме, туку само можеме да се усовршиме.

Побитно прашање е што ако вашата партнерка несака кога прдите дома хахахахаха :) АЈ во друга прилика :)
 
еј , не бе , сите иаме ист стил на живеење...
додека за музика не барам конкретен жанр, ама префинет слух...
ако слуша рап нека слуша cypress hill , или Стих...
ако слуша поп...нека слуша , шо и да има фино у поп музиката...
Додека за стилот на живеење , недајбоже сите да сме исти , или пак да се фатам со некоја иста како мене...едноставно штетно е - и досадно...
-освен ако не бараш емпатија и сожалување во сопственото постоење од некој сличен како тебе...и тоа те води-НИГДЕ...
 
Повеќе би настанал проблем или не согласување кога двете страни би биле тежок карактер, а не поради музиката..ако се сака ќе се навикнеме на начинот на живеење на другиот и стилот кој го слуша.Бев во врска со металец и музиката не претставуваше никаков проблем,напротив супер ни одеше. Не можам да кажам за себе дека сум кафанска типка и некоја што сака да седи цел викенд по кафичи..едноставно уживам во седенки во парк и смеење.Секој си има право на свое мислење,но малце е претерано да се навредуваат и сметаат за накази и да се прават претпоставки дека немаат чуства.Напротив мислам дека внесуваат најмногу чуства во една врска кога би се споредиле со други луѓе што слушаат друг стил на музика. А за менување на едниот за да му одговара на другиот..па и не баш.Нема потреба, барем јас за никој не сум се менувала..сега не зборам за ситници кои и мене ми одговарале,на пример примање на тој стил во мојот живот..убава ми е музиката ме опушта и сакам да ја слушам и ја слушам , а не дека поради некој сум била принудена да ја слушам. :)
И дај веќе престанете да ги судите луѓето поради надворешен изглед. На прв поглед кога ќе се види металец, во црно со долга коса одма "знаете" дека се некои фрикоњи кои појма немаат за ништо и не се луѓе..навлезете малце подлабоко па тогаш создадете дефиниција за нив :wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom