Што ако никој не излезе на избори?

  • Креатор на темата Креатор на темата KiLian
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Како никој нема да гласа...видете само од Швицарска колку падобранци долетаа

Значително е зголемен бројот на авиони од Швајцарија, кои викендов ќе слетаат на охридскиот и скопскиот аеродром, јавува телевизија Телма.

Денеска утре и во петок од Цирих и Базел во Скопје слетува по еден авион од редовната линија, но затоа во сабота покрај редовните три авиони од Швајцарија во Охрид ќе слетаат уште шест авиони со чартер линии. Идентична е ситуацијата и на 24 март.
Од Цирих во Скопје слетуваат два редовни авиони а во Охрид шест чартери. Од агенцијата „Њу момент“ задолжена за односи со јавност на „Тав холдинг“ кој управува со аеродромите во Скопје и во Охрид, не ја исклучуваат можноста да има ненајавени промени на летовите.
 
Па не би рекол дека е шпекулација бидејќи и моментално ситуацијата не е којзнае колку подобра. Конкретно за локалниве избори со закон е донесено дека за да бидат успешни доволно е само 30% гласачи да излезат на гласање. 30% се далеку од мнозинство.
Исто така 30% се далеку повеќе од само еден да гласа.
Мислам дека одиш во екстреми и дека такво сценарио неможе да се случи.
Па не сакав да одам со пореално сценарио ама промозгај малце и ке сватиш што сакам да кажам.
 
Ќе си функционира гарнитурата што е моментално на власт се` додека не се добие нов победник на изборите. Но после подолго време може да настане политичка криза која може и да ескалира и до протести, незадоволства, бојкот, голем криминал па дури и граѓанска војна зависно од причината зошто луѓето не излегуваат :oops:
 
Исто така 30% се далеку повеќе од само еден да гласа.
Па не сакав да одам со пореално сценарио ама промозгај малце и ке сватиш што сакам да кажам.
Еден нема теоретски шанси да гласа поради тоа што само грујо и компанија и бранко и компанија се повеќе од еден. Али ако излезат на пример 10% тие 30 ќе ги намалат на 10.
 
После ке има цар и ке се врати робовладетелското време ..
 
како прво нема шанси сите се договорат за да не излезат на гласање, некаде ќе се најде црна овца и ќе си гласа.
за тој што ќе гласа црната овца тој ќе победи и пак ќе си имаме политичари, 300 политички партии и сл. срања
 
едно прашање ... не ми е јасна логиката ... активисти на одредена партија на своите гласачи (членови) им рекле да гласаат до 11 часот ... ЗОШТО, што ако некој гласа после, што менува тоа?
 
едно прашање ... не ми е јасна логиката ... активисти на одредена партија на своите гласачи (членови) им рекле да гласаат до 11 часот ... ЗОШТО, што ако некој гласа после, што менува тоа?

Да се создаде слика дека изборите имаат голем интерес, па да идат другите да гласаат коа ќе видат дека многу други веќе гласале. Теорија на губитник/победник - секогаш гледаш да бидеш каде што се другите повеќе.
 
едно прашање ... не ми е јасна логиката ... активисти на одредена партија на своите гласачи (членови) им рекле да гласаат до 11 часот ... ЗОШТО, што ако некој гласа после, што менува тоа?
Полесно да се пребројат.
 
едно прашање ... не ми е јасна логиката ... активисти на одредена партија на своите гласачи (членови) им рекле да гласаат до 11 часот ... ЗОШТО, што ако некој гласа после, што менува тоа?
Гласовите што се најдоле во кутија први се избројуваат, така да одредената партија има предност на првичните резултати.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom