Што ако Грција стави вето за Влез во НАТО?

  • Креатор на темата Креатор на темата theprince
  • Време на започнување Време на започнување
Македонија
Македонија во Минхен доби поддршка за НАТО, но не и надеж дека Грција може да не стави вето
makedonija%20eu%20nato.jpg
Предупредување за сериозноста на ситуацијата - македонската државна делегација од Минхен се врака со јасна слика за шансите за прием - сите земји членки се согласни - покана заслужуваат трите држави од Јадранската група, но Грција е решена да стави вето. По средбите со американската амбасадорка во НАТО Њуланд, вчера со секретарот за одбрана Гејтс,германскиот министер Штајнмаер Македонија доби поддршка но не и надеж дека Грција може да биде разубедена од намерата да блокира.

- Имавме прилика да ја чуеме нивната загриженост околу грчките позиции, а тоа е дека постои закана оти ќе биде употребено правото на вето. Дека тоа не се нивни позиции туку на една членка што го има тоа право и дека таа загриженост постои кај нашите пријатели, како и кај нас. Битката продолжува, следниве 3-4 недели ќе бидат клучни. Се надевам дека на крајот ќе дојдеме во ситуација да имаме и резултат за Македонија, да го сочуваме името и да добиеме покана за влез во Алијансата. Ние немаме проблем со основните критериуми и со волјата и желбата на сите останти да бидеме поканети туку само со правото на Грција да го употреби ветото. Немам гаранција дека тоа ќе се случи или не - рече претседателот Црвенковски.

Одлуката е на членките на Алијансата, се наоѓаме во сложена ситуација - изјави министерот за одбрана Еленовски по средбата со Њуланд денеска. Гледа шанса во разговорите по новиот предлог на Нимиц кој се очекува деновиве:

- Наредната недела го очекуваме најновиот предлог на Нимиц и потоа ќе разговараме и со нашите пријатели и со Грците.

Еленовски не навлегува во можните опции на предлогот и што би било прифатливо - тоа го остава на преговарачите. Црвенковски не отфрла можност за договор, но само ако се понуди решение слично на предлогот од 2005та отфрлен од грчката страна, кое нема да оди на штета на националниот идентитет.

Солана не беше подготвен да потврди влезе ли името во критериумите за ЕУ и НАТО:

- Во тек се преговори и се надевам на вистинско решение.

Последната средба на претседателот во Минхен беше со Сергеј Иванов - прв заменик претседател на владата на Руската федерација. Определбата за НАТО и ЕУ не значи определба против Руската федерација - Македонија е заинтересирана за продлабочување на пријателството со Русија.

По сите услови и критериуми за ЕУ и НАТО Македонија ја доби промената на уставното име како барање наметнато од само една земја членка. Следните три недели се пресудни.
 
Чинеле или не чинеле активностите на Бранко и Лазе ?
А што работи владата ????
 
Ништо не е пресудно.
Целата работа е фарса.
Од старт се знае дека ниедна страна нема да попушти, не ми е јасно зошто преговори, губење време. Статус кво ли? Ко со Косово што беше?
Грција се има обврзно да не ја спречува Македонија при зачленување во меѓународни организации.
Ако направи такво нешто, планот од Сител ми се чини адекватен.
 
Планот од Сител објавен сега пред Букурешт е добродојден за Грците.
Подобро во нивна корист не можеа ни тие самите да изиграат.
 
Грција се има обврзно да не ја спречува Македонија при зачленување во меѓународни организации.

Исправка: Првата Страна се има обврзано да не ја спречува Втората Страна при зачленување во меѓународни организации под референцата БЈРМ.

Грција никогаш не се обврзала да не ја спречува МАКЕДОНИЈА во слични активности.
 
Кој премногу се двоуми никогаш нема да направи херојско дело...

Ако АЛЕКСАНДАР се двоумел само 5 минути никогаш немало да тргне да војува против Персија!!!! Шансите биле против него, но тргнал и ПОБЕДИЛ!!!

Значи да се изјаснам ..... Јас силно ги поддржувам наведените мерки кои при евентуално вето треба без размислување да се превземат!!!!

Да бидеме храбри, оти видовме дека со кротко (ние да се тешиме викаме по дипломатски пат) неможиме да направиме решавачки исчекор во битката за името. ВРЕМЕ Е да се покажат заби...:pishtoldz
Па со божја помош верувам дека ќе ПОБЕДИМЕ!!!!!
 
Планот од Сител објавен сега пред Букурешт е добродојден за Грците.
Подобро во нивна корист не можеа ни тие самите да изиграат.
Жити се дообјаснисе што сакаш да кажиш со ова со Букурешт, каква врска има тоа? И како тоа би било во нивна корист????????????
 
Не е лошо да се покаже малку арогантност и решителност ни треба цврст став во целиот процес..но сепак мерките колку што можев да прочитам..барем некои се глупи и непотребни...Поблиска релација со Северн Кипар или она со дресовите и античките ознаки...
Од друга страна гледајќи ја позицијата на Грција и нашата во меѓународната заедница далеку сме под нивото потребно за вакава игра..да не си извршиме самоубиство од заседа..т.е. изолација..
 
Пред претстојната средба на грчката министерка за надворешни работи, Дора Бакојани и државниот секретар на САД, Кондолиза Рајс, која треба да се одржи на 14 февруари во Вашингтон, грчкиот весник “Катимерини“ пишува дека особено важно за решавање на спорот за името меѓу Атина и Скопје е “дали Вашингтон ќе влијае врз Скопје, за да ја промени непопустливата позиција“.
“Грчката министерка за надворешни работи ќе разговара со државниот секретар на САД на 14 февруари во Вашингтон. Процедурата за присоединување на нов член во НАТО предизвикува едногласност и Грција нема да се согласи, ако пред тоа не биде договорено заемноприфатливо решение за официјалното име на бившата југословенска република Македонија. Особено е важно дали Вашингтон ќе влијае врз Скопје, за да ја промени непопустливата позиција“ пишува денешното издание.
 
Наместо нашите медиуми да пишуваат дека Македонија направи и премногу со омекнување на ставовите за користење на двојна формула,па со промена на државните симболи без дозвола од мнозинството на народот,па се согласи на преговори какви ни една земја во поновата историја на светот не би започнала кога националниот идентитет како името е во прашање,Сител и Латас се занимаваат со потенцијални закани кон Грција пред НАТО самитот од што на Грција ќе и се "стресат мадињата".Ваквите предвремени најави само можат да одат на наша штета,особено сега пред самитот на НАТО кога се одлучува дали ќе има прием или не.Наместо советниците на Гвујо да го советуваат да излобираме кај земјите членки на НАТО се поизвесниот прием на Македонија да биде ратификуван во парламентите на сите земји истовремено и во пакет со што би ја избегнале Грчката блокада за целосно и вистинско членство ние се занимаваме со блентави предлози предвреме објавени во некои медиуми.
 
Двоен шамар за Грција поради Скопје

САД и Германија го поддржаа членството на Скопје во НАТО, игнорирајќи ја Грција, пишува денеска грчкиот весник“Елевтерос типос“. Според изданието, Вашингтон ги користел сите дипломатски поими, спротивставувајќи се, веќе отворено, на евентуалното грчко вето за членство на Македонија во НАТО, вовлекувајќи ја кон тоа и Германија.
Меѓународната конференција за безбедност во Минхен, пишува весникот, продолжува со поддршка за напорите на Скопје за присоединување кон Алијансата. Министерот за одбрана на САД, Роберт Гејтс, изјави дека Македонија, Албанија и Хрватска треба да станат полноправни членки на НАТО заради стабилност во регионот. Иста порака прати и германскиот министер, Франк Валтер Штанмајер, кој рече: “Знам дека има едно прашање, поврзано со името, што го постави една земја-членка, и официјалната позиција на Германија во врска со тоа е дека трите земји од Адриатик групата треба да добијат покана за членство“.
Охрабрен од атмосферата во Минхен, коментира “Елевтерос типос“, претседателот на ФИРОМ, Бранко Црвенковски, повтори дека, исправено пред дилемата, “име или членство“, Скопје го избира името. Тој тврдеше, пишува грчкиот весник, дека Грција го нарушува принципот на солидарност во Алијансата, заканувајќи се со вето поради еден “билатерален спор“, посочува изданието.
 
Па и тоа е новинарска патка кога се знае дека и доколку Грција не стави отворено вето за прием во НАТО,тоа може едноставно и без осуди од другите членки да го направи преку ратификацијата во Грчкиот парламент.Едноставно нема да го ратификува приемот на Македонија со што практично би се довеле до оргазам без пенетрација или познато под стручното име "петинг",доколку разбираат некои повозрасни членови на форумот што сакам да кажам.Доколку младите не разбираат тоа би им го превел вака:
-Ако Грција не го ратификува приемот во НАТО кај својот парламент тоа ќе биде исто како да сте "свршиле" без да имате вистинска "јебачина",значи исто како само да сте "дркале" или мастурбирале.:)
 
Тоа е и најголемата отстапка која Грциве може да ја направат во пресрет на поканата за членство..да не го искористат правото на вето..но потоа праламентот да не го ратификува приемот...ем ќе им угодат на партерите во Алијансата ем на сопствената јавност...а ние пак со прстот во уста..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom