Штипска пастрмајлијада 2012 од 28 до 30 Септември

пастрмајлија без пастрма? хм

само Светиниколска.....оригинал:D
 
Шо скакате бе велешани вие ле ке не убедувате која е подобра? :tapp:

Не сакам кога у вкусо на пастрамајлијата преовладуват јајцата.

пс не сам штипјанец
 
Алооо шо му се нафрливте бе на Бонбонера? Мислиш он ја има измислено пастрамалијата? Дај бе и за сала шо нема Штип му спукајте и за летечките гаражи на Отиња и за обидот за Де Гранде Кањон на истата...

Пастрамалијадата на едносмерната како дешавка, никако. Да се осврнам на ланската... Значи немаше простор кај да се разминат луѓето, пастрамалиите беа тврди и ладни, како и времето. Лани ѕвездата на фестивалот беше Канго и гледајќи годинава(Бајага) си викам мош да стварно беше подобар избор неговата хипи урлачка филозофија...

Простор си бара тоа. Јас на сите страни се расфрлам со предлогот - пастрамалијадата на стадионот на Брегалница и донеси некоја мизерна група од типотр на Мјус, Редиохед, па нашиве пивари ги донеси, па да видеш тогаш дешавка. Нели сеа, нели?

И да штипската пастрмајлија е најдобра. Која велешка, кои сини очи...
 
Ја отворам темава да видам нешто убаво, за некој убав настан за разлика од оние во последно време, и оп...што ќе видиш, се караат која била вистинска Пастрмајлија...

:facepalm:
 
Forrest Gump има сала бе и тоа нова. :D
На плоштадот ќе биде оваа година. (y)
Кој сака нека пее јас сум отиден да јадам не да играм :D а и секако пред бината нема 18+, се е дечишта.
 
Forrest Gump има сала бе и тоа нова. :D
На плоштадот ќе биде оваа година. (y)

Која сала жити се? Колкав град е Штип, тоа сала е? Знам дека е на плоштадот, ама и плоштадот еден таков погоден шо е за манифестации од ваков вид, шо да ти расправам. Стадионот, само стадионот. Доста е да ги донесат групите шо свират по Џезот, ќе биде супер. Ама не бе статусот ѕвезда у Македонија го добиваш ако си ИЌ.
 
Леле, ама го отупевте за тоа што велешката содржела пастрма, а штипската - не... Нели се малку досадни овие муабети? Според мене, велешани треба да и ја остават пастрмајлијата на штипјани и да се ориентираат на колбасите како локален специјалитет. Можеби не содржи пастрма, ама е неколку нивоа повкусно јадење отколку велешката (без разлика дали има пастрма или не). Според 9 од 10 луѓе кои не се од Велес, меѓу кои сум и јас. Од друга страна пак, велешките колбаси се незаменливи.

Ќе присуствувам најверојатно на настанов, звучи интересно :)
 
NО END сигурно ќе бидат може и BAR CODE, a за други не знам сеуште ја нема листата.
Ако ги донесат групите од џезо нема да има ваква детска градинка. Вака со Слаткаристика, Елвир, Белов, Лоба, овие од идол минатата година еден куп деца се собраа. :D
308857_10150339761944341_1318055554_n.jpg

Ако Велешката е подобра и они нека си организираат ваков настан па ќе идеме да ги пробаме. :D
 
Има ли поубава од велешката ? Нема нема, и не ќе се роди :love: Одвај чекам да залади малце и да почнат со питиве :)
 
Уште кога ја видов темава знаев дека ќе има препирка Велешка VS Штипска :icon_mrgr: Дај олабавете, како беше онаа, за вкусовите не се дискутира.
п.с. не јадам пита :D
 
Oh deeeer.
Сите офтопик, Меган офтопик.

Велешка и штипска не се споредуваат зашто се апла различни. Ко да споредувате пица и пирошка е муабетов. Добро дее, kinda.
И јас како велешанка да си се изјаснам дека поубава работа од пастр(а)мајлијата во Даблин (pardon me for the ненамерна реклама) немам јадено.

Фин настан, ама јас ќе си дојдам за да си се најадам ко чоек во Даблин кога ќе биде помирно. Пастрмајлија, феферонче, мх мх мх...:love:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom