LordDragonII рапот бил андерграунд кога почнувал затоа што тогаш и почнувал-значи не бил и му требало време да се експонира и дојде до ушите на народот во поголем број
Та јас што напишав.
Рапот се знае кога завзема поголем замав 98/99 ајде нека е и од 96/97 пред тоа е ганџ ера.
.кои повеќето мислат дека ако те знае цела Македонија и ти комотно живееш од рапот и одма продаден си и комерцијала,а незнаат дека баш тие американците од 90сетите имаат договори со продукценски куки кој фураат и поп икони или направиле поп и ар ен би икони...
Во Македонија знам дека не се живее од музика, комотно.
Убаво го знам тоа, па макар да правиш и комерцијален рап или поп музика. Артистите се слабо платени во Македонија тешко дека со музичка кариера ќе прехраниш фамилија освен ако не си балканска ѕвезда како Тоше на пример.
Да, 90% од најдобрите, рап легендите имаат потпишано со major label но има разлика. Таа разлика е во содржината на текстот, пораката која сакаат да ја пренесат или ставот кој го завземаат.
Listen to the god damn' lyrics! - така јас одредувам кој е андер (додуша не андер туку ха-це или квалитет) а кој комерцијала а не дали е major label или дека Тибаланд му бил продуцент.
И да снимаш кај ЈЈ не е тоа ништо лошо само ќе имаш добра реклама и ќе имаш луѓе ќе те буткаат напред тоа е тоа без разлика за што рецитираш
Тоа е научна фантастика. Не верувам дека ЈЈ нема да интервенира врз текстовите и музиката која си ја направил ако според неговите критериуми и пресметки твојот труд да не му донесе на него профит.
Тој инвестира во тебе и сака да му се врати дупло.
Нема да ти даде да снимаш кај него заради тоа што му е грижа за рапот или сака да слушне квалитет, он си сака профит.
Точно дека има разлика во звукот на днк и рапот на тие што ги викате вие хард кор но затоа постојат жанрови во рапот...рапот на днк е клубски ама сепак е рап сакале ние или не.
Епа имаше некои членови кои што не го признаваа тоа како рап а е школски пример за поп-рап/комерцијална музика.
Кај нас еден џака накот ако направи песна со каролина на пример експресно станува продаден и комерцијала :pos2: смешно еј, а сите тие рап икони меѓу првите во светот што биле имаат зад себе тешки милионски договори, па никој не си го троши времето и трудот за лепи очи
Хехе Џака и Каролина, не верувам ама во случај да направи за мене ќе биде комерцијала веќе бидејќи знаејќи ја добро музиката на Џака и неговиот веќе изграден стил по кој е препознатлив и автентичен не е својствено да направи таква соработка. Освен профит друга причина не гледам.
Нема потреба од таква промена.
Ама зборуваме хипотетички нели?
Wu Tang, 2Pac, SAF, Legija, Lil John, Ice Cube и уште 10000000 други се комерцијала. Кој не се согласува со мене нека ме цитира само и нека ми објасни зошто (не) се комерцијала.
Само Lil John е комерцијала.
Другите не. Значи содржината, стилот и ставот не укажуваат на комерцијална музика.
Музика за пошироките маси. Музика за забава. Музика за профит.
Тоа го нема кај споменатите.