Штедни влогови

  • Креатор на темата Креатор на темата miss_dizzy
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
27 мај 2013
Мислења
1
Поени од реакции
1
Возраст
38
Ме интересира дали некој има точни податоци колку вкупно изнесува максималниот влог што може да се орочи во банка?
 
Абе аман колку пари имаш?
Дај јас че ти ги чувам...

иначе мислам дека нема лимит за максимален влог можно е да ти побараат нешто потврда од кај ти се парите...
 
Ме интересира дали некој има точни податоци колку вкупно изнесува максималниот влог што може да се орочи во банка?
Прашај го Хари Костов,кој му е најголем муштерија.Тој тоа мора да го знае.
--- надополнето: 27 мај 2013 во 20:30 ---
Ме интересира дали некој има точни податоци колку вкупно изнесува максималниот влог што може да се орочи во банка?
Што доби вчера големо наследство и денес се зачлени овде да најдеш решение...
за него - веднаш ќе ти се најдат многу пријатели не бери гајле.
--- надополнето: 27 мај 2013 во 20:35 ---
Ме интересира дали некој има точни податоци колку вкупно изнесува максималниот влог што може да се орочи во банка?
Чекај бар 40 дена да поминат. не се ни оладил вујче од Америка или Австралија.
 
Ме интересира дали некој има искуство со инвестициони фондови студент сум и сакам да инвестирам некоја мин. сума на 10 години дали вреди ?
 
Ме интересира дали некој има точни податоци колку вкупно изнесува максималниот влог што може да се орочи во банка?

Пак ке кажам,
Секој ден се нови таленти гледам на форумот.
Инаку не е проблем дај тука на нас од форумот ќе ти ги причуваме знаеш ние сме добри сакаме да помагаме на луѓето затоа и сме тука нели.
Бидејки ако одиш во банка штом е преголема сумата ке те испрашуваат ние нема ништо да те прашаме не се секирај.
 
Ме интересира дали некој има искуство со инвестициони фондови студент сум и сакам да инвестирам некоја мин. сума на 10 години дали вреди ?

Не вреди! Фондовите зависат од трендовите во светската економија (исто така и нашата берза)) а тие се опаѓачки веќе 7-8 години... Земи ги на пример Фондовите на Илирика како ‘‘Растечки пазари‘‘ (кај КД се тоа БРИК - демек растечките економии Бразил Русија Индија и Кина)...истите се во перманентен пад од како се појавија. Еве ти погледни за последните 60 месеци што се случи со споменатиот фонд на Илирика (кликни графички приказ, избери 60 месеци) http://anicazna.com/Fond.aspx?IdVrijednostiFonda=547917&Fond:_Ilirika_Globalni_raste%u0107i_pazari... кој БДВ се појави ми се чини со старт на уделот од 100 поени - денари (иако на табелава пред 5 г. е прикажано со 80)..... денес, еве гледаме дека вредноста на уделот е нешто под половина од таа вредност те. 48.... Уште покатастрофално стои фондот ЈИЕ (Југоисточна Европа) таму индексот те уделот е 44.
Е сега, тоа не значи дека сите купиле по 100 па изгубиле половина... има и такви курајбери - шпекуланти кои што имаат сенс па купиле да речеме кога уделот бил со најмала вредност (некаде 2008-ма во почетокот кризата) кога изнесувал 40-42, а продале 2011 кога уделот се продаваше по 60-62 Денари... ама тие се толку ретки играчи, па скоро и да ги нема! ;) Воглавно еве повеке од 6-7 години фондовите се во пад.... што пак не значи дека доколку европската и светската економија не заздрават нема уделот да тргне нагоре. а како велат повеќето прогнози кризава ќе трае уште.... Ако ти е за вложување на мала сума, би те посоветувал те сметам дека е попаметно да инвестираш во карта (авионска, автобуска, за воз) сеедно... ама во два правца! Отиди си преку некоја агенција во странство (УСА Германија....) поработи летово, ама како реков обавезно во два правца, врати се... бидејки на оваа држава и требаат високо образовани луѓе! Мноооогу поисплатливо е отколку во фондови...
--- надополнето: 28 мај 2013 во 13:05 ---
Ме интересира дали некој има точни податоци колку вкупно изнесува максималниот влог што може да се орочи во банка?

А за ова навистина немам коментар, а би сакал малку да се нашалам.
Може ли да ме посвоиш Дизи, сираче сум!? :P
 
Back
На врв Bottom