Милан ќе предложи 36 мил. евра за Дрогба
Нема крај на шпекулациите кои се поврзани со евентуалните засилувања на новиот европски клупски шампион, Милан. Последната која е поврзана со ангажирањето на напаѓач беше лансирана од најтиражниот спортски весник на Апенинскиот Полуостров, "Газета дело Спорт", а е поврзана со најдобриот фудбалер во редовите на Челзи за измината сезона, Дидие Дрогба.
Истиот весник додава дека раководството на "росонерите" е подготвено да испрати официјална понуда до Лондон, вредна 36 милиони евра.
"Полека но сигурно, станува јасно дека репрезентативецот на Камерун и голгетер во редовите на Барселона, Самуел Ето, ја претпочита Премиер лигата пред италијанската Серија А. Неговиот сон може да го реализира само раководството на Челзи кое е подготвено да понуди 40 милиони евра. Од овој трансфер ќе профитира и Дрогба кој сигурно ќе се пресели во редовите на Милан. Тој постојано изјавува дека постојат само два клуба во кои може да ја продолжи својата кариера, а тие се Милан и Барселона. Ситуацијата е јасна, Барса го ангажира Анри, а "росонерите" бараат елитен напаѓач", изјави близок пријател на потпретседателот на Милан, Адријано Галијани.