С
Спасе супата
Гостин
Фала за одговорот.Под start up ventures мислев на компании кој започнуваат и сеуште се во концепт стазата. Значи бараат pre-seed или seed капитал. Може да бидат од било која индустрија. Има разни концепти како да се дојде до пари ко што спомна, банки, кредити, бизнис ангели итн итн. Јас имам инвестирано во фирми пред се на луѓе што ги знам, значи сме работеле заедно или сум им бил банкар па знам дека знаат што прават. Не е превара, значи постои се тоа. Концептот е колку порано вложиш толку поевтино ги купуваш акциите АМА и толку поголем ризик имаш. Последнава компанија во која вложив вака акциите ги купив за 5 центи плус презедов и некој други обврски бев инволвиран на кусо во собирање средства, логистика, преговори дур не се оформи тим. Денес вреди 2,80е на германската берза. Кога вложив се што имаше компанијата беше нотарски договор дека ако соберат ИКС долари ќе добијат опција да купат неколку рудника за ИКС цена за 2 години од тогаш. Значи мојот ризик беше огромоен, прво да се соберат средствата за да се купи опцијата а после да се соберат повторно поголеми средства за ДОКОЛКУ се исплати да се купат и рудниците. Команијата после неколку години заебанции на крај се најде на германската берза од каде што на крај дојдоа големите инвеститори. Денес има рудници на повеќе места во светот и некој јаки технологии.
Значи ако правилно разбрав значи тоа е народски кажано вака: Спасе има бизнис идеја ама нема кеш. Пеце има капитал и го познава Спасе дека е совесен човек, па се наоѓаат со Спасета и се договараат да се заортачaт и да тераат биснис заедно под некој си договор кај што пишува кој колку ќе е сопственик ако успее планот. Нормално најголемиот ризик го сноси Пеце и претпоставувам најголем дел од ќарот му припаѓа нему.
И сето ова е само украсено со зборови како venture, starup за да изгледа fancy.