Шмизли, лигуши и останата багра кловнови

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување
Не сонце, само ме испоровоцира тоа што го пишала :) а ти после ова шо ме цитира шо очекуваш од неа? поен+?
Хахаха, гудишни ме да се насмеам. Ако мислиш дека јас сум на форумов за некои ебани поени кои никако не можам да им најдам примена, тогаш се извинувам што ти оставам таков впечаток. Не морам да ти објаснувам зошто го напишав тоа. Патем, не сум јас „Сонце“ ни за тебе, ни за никого.
 
Им се може :)
И мене, и вам, да ни се можеше, можеби ќе бевме уште полоши.

Единствено треба да се реагира на нивните навреди(ако воопшто се упатени спрема вас или другите). А ретко гледам такви реакции. Затоа сите се жалат на другарчиња и форуми, повреденото достоинство мора некаде да се залечи. За жал не оди така. Наместо во одбрана, па напад, сите бегаат и се жалат. Затоа, не само „шмизлите, лигушите и останатата багра кловнови“, туку и многу други ќе си земаат моќ над нив.

А од социјален аспект, навикнете се на фактот дека имаат пари и моќ која ние им ја даваме, како колектив.
(или не се навикнувајте ако сакате нешто да смените)
 
Единствена успешна дестинација препоставувам ти е студирањето. Ти смета на некој ако тато му е адвокат? Па ја исмеваш за бедни анонимни два-три лајкови? Сеа си викаш: „Дајбоже јас да бев на нејзино место“ м? Читај го постот на Антоине, јасно ко солза...
Постов ми предизвика искрена :)
Успешни дестинации имам многу, факсот е една од нив секако, мало амбициозно суштество сум, на ничие место не сакам да бидам, освен на сопственото, егоцентрична сум исто така.Но бидејќи темава навистина не е поврзана со мене и моето битисување како што спомна Бобо предходно ... нема потреба од понатамошен офф топик.
Постојат пп на форумов со таа намена.
П.с. Мене моите се ми купуваат, ама многу добро знам кој ја напишал „Теорија на моќта“. :pipi:
 
Лигуши и останата багра никогаш не ме дружеле ни мирисале ниту пак јас сум им природна средина за дружба но и кога сум имал контакт никој не ми се дигал, така да зависи и како ќе се поставиш. Ако видат дека можат да те заебаваат ќе те заебаваат, ако не, знаат да бидат и фини и коректни. Не се сите со пари дигнати идиоти.

За шмизлите иам друго мислење и повеќе ме интересираат. Како она се понаша со други не ми е толку гајле (освен ако не е тотално бездушна) ама како со мене и те како ми е битно. Ако со мене е коректна и не ми се дува ич не ми е гајле ако е шмизла под услов да ми се свиѓа, да има потенцијал и да има мозок а некои таканаречени шмизли имаат и те како интелигенција која се приметува дури ако успееш да им влезеш малку повеќе во системот на недостапност што намерно или ненамерно го ставаат околу себе.

А како што некој претходно спомна си пазат стално да се скоцкани што нас машките и те како ни се свиѓа.

Или како ми рече еднаш една другарка, не познавам згодна скопјанка а да не е дигната.

Или Оревчето, им се може ;).
 
Незнам зошто осеќате потреба да се замарате со животот на другите луѓе. Би било супер кога сите би живееле во хармонија, кремци, хипстери, металци, шипци но во скопје тоа едноставно не е можно.

Јас лично сум искачал и сум се дружел со женски што за многу луѓе изгледаат како шмизли, но ја никогаш не го видов тоа во нив. Тие се супер друштво за провод, онака. А и башка се секад средени, пазат на изглед што е екстра плус.
во право си.Ја мислам дека зборот Шмизла е сепак измислен од девојките...поради неконтролираната љубомора кога ќе видат убаво дотерана и средена девојка.Веднаш е она шмизла.
 
во право си.Ја мислам дека зборот Шмизла е сепак измислен од девојките...поради неконтролираната љубомора кога ќе видат убаво дотерана и средена девојка.Веднаш е она шмизла.

Убаво дотерана и средена девојка може а не мора да е шмизла :). Шмизла е понашање а не изглед ;).
 
Убаво дотерана и средена девојка може а не мора да е шмизла :). Шмизла е понашање а не изглед ;).
Кога ќе почнат тоа да го перцепираат луѓето можеби и нема да има потреба од вака јавно разглабање на нивните „карактери“. :)
 
Јас навистина незнам дали овие ликови патат за да бидат во центар на внимание, дали боледуваат од комплекс на ниска вредност или едноставно нема кој да ги убие. Во Скопје е најзастапена оваа појава, претежно тоа се деца на транзициони богаташи кој од опинци влегле во ферари. Не само што изигруваат кловнови пред широки народни маси туку нивното лигушење пара уши.
И да, не се само жени има и многу мажи кој се „фенси“.
Очигледно не се мој тип, но дали се Ваш? Сте имале врска со ваква особа која повеќе зуи од колку што зборува? Можеби кругот на пријатели ви е таков па ги знаете подобро зад завеса? Што мислите што прават кога ќе ја тргнат фасадата од пудра, што гледаат во огледало?
И не треба да ги снема, треба да постојат зошто без нив нема да е интересно. Си се движат во посебни кругови, на посебни места и навистина се посебни луѓе. Така и нека остане.
За темава ме испровоцира песнава, задолжително слушајте ја до крај:
Не се мој тип.
Не сум имал врска.
И сега сакав да пишам како за сите вакви глупости едноставно ги игнорирам ама за подобро да ти го илустрирам моето мислење за нив еве вака:
К*Р МЕ БОЛИ ЗА НИВ.
А, зошто се такви едноставно парите и околината си имаат свое влијание.Свака им част на исклучоците.
 
dali ke ti smeta ili ne e prasanje na licna granica
Dr.Paul напиша:
koga sakas da kontroliras nesto sto e totalno nadvor od tvoja kontrola a ti seuste trosis energija/vreme/samodoververba toa se narekuva stradanje
ogovaranjeto se dobra zabava koga nemas(mislis deka nemas) nisto popametno
 
Ги обожавам...
Сериозно, дури добивав критики од поголем број членови па и еден администратор за мојот став кон ваквиот тип на луѓе :)

Сами си ги баравте, сега трпете ги.
 
Јас навистина незнам дали овие ликови патат за да бидат во центар на внимание, дали боледуваат од комплекс на ниска вредност или едноставно нема кој да ги убие. Во Скопје е најзастапена оваа појава, претежно тоа се деца на транзициони богаташи кој од опинци влегле во ферари. Не само што изигруваат кловнови пред широки народни маси туку нивното лигушење пара уши.
И да, не се само жени има и многу мажи кој се „фенси“.
Очигледно не се мој тип, но дали се Ваш? Сте имале врска со ваква особа која повеќе зуи од колку што зборува? Можеби кругот на пријатели ви е таков па ги знаете подобро зад завеса? Што мислите што прават кога ќе ја тргнат фасадата од пудра, што гледаат во огледало?
И не треба да ги снема, треба да постојат зошто без нив нема да е интересно. Си се движат во посебни кругови, на посебни места и навистина се посебни луѓе. Така и нека остане.
За темава ме испровоцира песнава, задолжително слушајте ја до крај:

Денес ја пуштија на радио, не ми се веруваше! :eek::mad::sick:
 
Природниот закон важи сегде и во Бразил и во САД и во Германија па и овде. Сиромашни деца мислат само како да украдат нешто, сонуваат да бидат мафјаши оти мислат дека така најбрзо ќе се збогатат. Тие се полни со бес и горчина и негативна енергија зато шо уше во основно школо додека детето од богата фамилија си купува хамбургер и кока кола за ужинка, тој јади тенко намачкан леб со кристал маргарин за готвење и знае дека ко ќе оди дома го чека посна леќа (од која 3 дена ќе има проблем со стомак) и дека зимата ќе ја помине заедно со дедо му, баба му, татко му мајка му и 3 те браќа и сестри во една соба каде шо грејат, а за нова година кје има госба од 400 грама посебна пилешка и растителен кашкавал. Нема ни услови да учи а нема ни воља да учи затоа што знае дека и со диплома, тој нема родослов зад себе (родители, баби дедовци, вујковци, тетини) кои би му покажале на другите дека тој заслужува да му се даде одговорна и добро платена работа.

“Ти си дипломиран лекар.. а шо беа твоите“, Татко ми шиеше јоргани а мајка ми беше домаќинка, дедо ми беше ковач а баба ми предеше волна...

А ти? “Татко ми е исто лекар - специјалист, Мајка ми е заболекарка, дедо ми беше архитекта а баба ми предаваше клавир“

самото ова покажува кое дете е растено и воспитано во висок дух, здрава и среќна околина

Одамна немаш исфрлено волку невистини на едно место. Апсолутно неточно е дека сиромавиот го бара најбрзиот пат до богатство.
Ајде да рационализираме.
Јасно е дека пара преку ноќ е остварливо само во криминалниот свет. Во криминалот битисуваат токму тие што ги спомнуваш.Тие со лексусите, со скапите јакни.
Сиромавиот знае дека единствениот криминал со кој може да се бави е уличниот, и му е сосем јасно дека во тој свет секогаш ќе биде ситна риба.
Затоа таквите ретко запливуваат во тие води и лебот го печалат на колку толку легален начин. Еве, со работа на црно.
Од друга страна, еден парајлија знае дека има финансиски ѕид кој ќе го спречи од пад доколку неговите темели се разнишани.

Друга грешка имаш во мотивот за студии.Во средно во клас имав дечишта на богаташи и деца на сиромаси. Сиромасите учеа за стипендија.Учеа бидејќи знаеа дека мораат сами да го печалат лебот.Учеа бидејќи иднината не им е осигурана, бидејќи тато нема да им остави разработена фирма со муштерии и планина богатство во банка.

Од друга страна, децата на богаташите практикуваат "лежи лебу да те јадам" и "тато носи, мама меси".Никогаш не мрднаа со прст да успеат да ги кренат оцените и во моменти кога беше дефинитивно сигурно дека ќе паднат година мистериозно се појавуваше мајка им во училиште а со нив и по некој рачен часовник и ланче кај некој професор.

Сиромасите се учени на вредност. Ставено им е до знаење дека без работа нема леб. Богатите не знаат за живот надвор од закрилата на парите на татка.
 
Статистички е докажано дека децата со финансиски средени родители имаат подобро образование од сиромашните.Точко еден од десет сиромашки ке се трудат да научат за екзистенција за да најдат спас,но другите едноставно ке се помират со тоа што се.На крај највише зависи од родителите,имам и многу богати другари чии родители си ги држат строго и учат многу,има и од оние кој се распуштени..Доколку мојте ми викале сине иди надвор тепај се крши глава,а за секоја 1 ми викале голема работа..и ја немало да учам без разлика дали имам пари или неам.
 
Самото образование по автоматизам не значи дека истите тие кои имаат диплома ја добиле со знаење (на повеќето тато им ја купил).
Баш мислам дека сиромашните кои имаат барем малку финансии за да ги вложат во обрразование ќе го сторат тоа и ќе се трудат за да добијат некаква стипендија.
А конкретно за шмизлите и лигушаната од машка популација која ми се шета низ град со обесени стомаци „затегнати“ во сатенски розови кошули, ИЧ ама ИЧ не ми е гајле. Исто како да не постојат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom