Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Двајцата се цареви...она што е фасцинантно за Магнус е дека е како мачка. Додека не се најде у тесно не знаеш со каква ѕверотина си имар работа.Која флегма е, како може некој да му го слуша стримот? Јас одма би заспал. Хикару е смирен, ама барем кажува одредени теории или добри и лоши потези. Овој една брзина и тера.![]()

Како изигра Дуда....после толку многу време пораз јбг мора да се деси. Ја чекам момент кога иранецов ќе почне да го плеска.....Али ќе потрае.
Спремни им се варијантите, почиња да мисли само ако не ми е разработена некоја линија.Дрво сум, затоа не ни играм, ама интересни ми се анализиве и предавањата. Кога видов дека за 10 секунди се отвора и организира напад, си викам "бато ова не е за тебе".![]()
Ама ок, првите 7-10 потези се теорија, тоа се учи.
Тоа го разбирам, целиот професионален живот го посветуваат на шахот, плус имаат и свои тимови за анализа. Ама сепак, многу брзо играат за мене (Хикару и компанија). Од друга страна, тек во карантинов му се вратив на шахот, после долги години, може и тоа е проблем.Спремни им се варијантите, почиња да мисли само ако не ми е разработена некоја линија.
Брзо е кога треба да се калкулира...другачија перцепција. Тешко дека би можеле да замислиме како оди тоа у нивните глави.Тоа го разбирам, целиот професионален живот го посветуваат на шахот, плус имаат и свои тимови за анализа. Ама сепак, многу брзо играат за мене (Хикару и компанија). Од друга страна, тек во карантинов му се вратив на шахот, после долги години, може и тоа е проблем.
Ја имам изиграни милион партии, може и да тепам по некој ИМ од време на време, ама постои нешто и во гените. Патерн рекогнишн е една од стварите како и страшна меморија. Капабланка има играно на 100 и кусур табли на слепо одеднаш.Можеме, факт едека имаат фотографска меморија. Гледа во стримот, опонентот мрда фигура и тој одма знае што да изигра. Дел веќе им се изиграни варијатни, а гледаме дека можат да играат и со врзани очи. Башка Накамура на еден стрим рече дека има спремено неколку потези за секоја варијатна, ама чим игра од дете по 5-6 часа на ден, не е ни чудо што е профи.
