Шах

  • Креатор на темата Креатор на темата ZOTE
  • Време на започнување Време на започнување
Мислев на максимум варијанти во една партија.
Варијанти има безброј. Првиот потез на белиот има 20 можности, помножено со толку на црниот, еднакво на 400 варијанти.

Јас мислев ако фатиме договорена партија, со максимално одолговлекување. Сега дојдов до 5900. Можеби грешем...
 
Има правило до 90 или 100 потези....не сум сигурен, зависи од форматот.
 
Има правило до 90 или 100 потези....не сум сигурен, зависи од форматот.
Најверојатно мислиш за правилото до 50 потези? (https://en.wikipedia.org/wiki/Fifty-move_rule)
Според правилата на ФИДЕ (Независно од форматот), доколку во една игра не се мрдне пешак, или пак не се изврши размена на фигури подолго од 50 потези, играта се смета за нерешена. :)
 
Го знам тоа, мислев на вкупно потези ограничување...дека е реми над 100 потези ама не сум сигурен.
 
Го знам тоа, мислев на вкупно потези ограничување...дека е реми над 100 потези ама не сум сигурен.
Има многу игри човек против човек кои се над 100 потези, мислам дека нема ограничување.Баш сега изгуглав, најдолгата партија е 269 потези.
 
Еве нешто и од мене. Скорешна партија одиграна во таканаречената ''Fried Liver Attack'' варијанта. Имено истата е искоренета од употреба на највисоко ниво, а во пониските ELO-а уште се практикува од страна на црните и белите (бидејќи белиот одлучува дали ќе влезе или нема во вријантата) фигури. Компјутерската анализа во самиот влез на варијантата (и покрај тоа што белиот има фигура помалку) им дава сосема мала предност на белите фигури, иако на практично ниво и во партија човек против човек предноста е многу поголема, а според некои велемајстори и одлучувачка за белите фигури. Затоа на петтиот потег наместо 5...Сxд5, се предлага 5...Са5, континуација која ја играат дури и великани од калибарот на Каруана, Лирен Динг итн... :)
TderqnMz.gif
 
Ова мене ми изгледа како игра на рефлекси.
Шах се игра со логичко размислување.
Ова е дете од 16 год. што е велемајстор со 2700+ ЕЛО и го плеска Магнус на блиц. Ти колку си? 1200-1300-1600? И на тебе ти изгледа дека он игра на „рефлекс", а шах се играло со логика... :D
Не може да ти изгледа на тебе нешто у врска со неговото играње бидејќи не разбираш што игра и зошто го игра тоа што го игра... Пошто си нуб.

Он топик, Алиреза и Абдусаторов (овој е чудовиште од 15 год.) ми се фаворити. Децава ќе бидат богови за неколку години.
 
Еве нешто и од мене. Скорешна партија одиграна во таканаречената ''Fried Liver Attack'' варијанта. Имено истата е искоренета од употреба на највисоко ниво, а во пониските ELO-а уште се практикува од страна на црните и белите (бидејќи белиот одлучува дали ќе влезе или нема во вријантата) фигури. Компјутерската анализа во самиот влез на варијантата (и покрај тоа што белиот има фигура помалку) им дава сосема мала предност на белите фигури, иако на практично ниво и во партија човек против човек предноста е многу поголема, а според некои велемајстори и одлучувачка за белите фигури. Затоа на петтиот потег наместо 5...Сxд5, се предлага 5...Са5, континуација која ја играат дури и великани од калибарот на Каруана, Лирен Динг итн... :)
TderqnMz.gif
Koj rejting go imas?
Автоматски споено мислење:

Inace uzivam u ova Magnus Carlsen chess tour
Ona sto me fascinira u zadnje vreme e Nakamura....covekot e car nek si ebe mater, go gledam nonstop kako igra onlajn.
 
Последно уредено:
Индискиов акцент не ми смета само кај шахисткиве :D
Иначе многу јак турнир, уживање до максимум....како да се договориле. Магнус е толку многу јак што не е чудо и ваква намештаљка да направи полусвесно....такво чувство имам нек си ебе матер. :LOL:
 
Денес се смета дека компјутерската програма Алфа Зеро дизајнирана од Белорусин програмер е најдобра...

Програмите познатите како Фриц, Худини, Чесмастер, станаа лук и вода за таа програма...

Прашањето е дали уште во иднина може да стануваат компјутерските шаховски програми се појаки и појаки или ова е крајното достигнување со Алфа Зеро???
 
И јас тоа се чудам. Компјутерот ја има целата ситуација под контрола од почеток, со сите можни варијанти.
Не знам што ми се сменило во иднина, ама не верувам да е нешто ептен драстично.
А како што оди работава, по 20 години и напамет ќе го играат шахов. Еден куп архиви од партии има, со помош на комп че се знаат кои се добри или лоши потези. Порано било јакото, кога човек седнувал и мислел дали е добро или лошо.
 
Денес се смета дека компјутерската програма Алфа Зеро дизајнирана од Белорусин програмер е најдобра...

Програмите познатите како Фриц, Худини, Чесмастер, станаа лук и вода за таа програма...

Прашањето е дали уште во иднина може да стануваат компјутерските шаховски програми се појаки и појаки или ова е крајното достигнување со Алфа Зеро???
Мое мислење е дека компјутерските програми уште ќе напредуваат. Сè додека секоја партија не завршува со реми или евентуално секоја да ја добива белиот. До толку ќе бидат пресметани сите потези.
TCEC (Top Chess Engine Championship)

И енџините си имат лига шампиони :icon_lol:

Финале - Leela Chess Zero - Stockfish
Резултат - 17-71-12 за Leela
Анализирав неколку партии помеѓу Leela Chess Zero - Stockfish. Високо ниво за мене. Многу пати наидувам на „глупи“ потези кои немаат смисла.

Но во третата партија не можам да сфатам зошто црниот во 33 потез даде ловец џабе, уште помалку не сфаќам зошто во 41 потез не се движеше кон својот пешак на b5, туку вртеше во место. Фер беше да ја предаде партијата ако пресметал дека не може да извлечче реми.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom