Шах: компјутер против експерт!

  • Креатор на темата Креатор на темата PowerBoY14
  • Време на започнување Време на започнување
Дали Велемајсторот ќе ја победи Шаховската програма прво зависи од тоа колку е моќна Шаховската програма. Како на пример не е исто да се игра против Дип Фриц 13, Дип Фриц 12, Дип Јуниор 12, Шредер, Хидра и некои аматерски програми како што се chessmaster 5500, chessmaster 8000 итн...

Друго зависи и колку е моќен Компјутерот. Како на пример едно е да играш против Дип Фриц 12 на Компјутер со процесор од 1,5 Ghz, a друго е да играш против истиот програм на некој Суперкомпјутер со десетици куќишта високи колку еден Шкаф којшто располагаат со Илјадници процесори...

201011082209381339.jpg
 
хаха.. каков сака нека е компјутерот. програмата е битна! алгоритмите според кои „размислува“ компјутерот сепак ги програмира човек фактички ти играш според човек. разликата е во тоа што човекот може да направи грешка а комјутерот секогаш за секој потег има соодветен „паметен“ потег. Но ова не значи дека неможе да се победи програмот.
 
хаха.. каков сака нека е компјутерот. програмата е битна!
Aма и компјутерот е доста битен бидејќи ако играш против Фриц 12 којшто има големи софтверски побарувања на Пентиум 3 со 1,3 GHz i 256 mb RAM многу ќе ти кочи, а можи и да ти се исклучува само што си почнал да играш...
Побарувањата за Фриц 12 се: Intel Core 2 Duo, 2.4 GHz, 3 GB RAM, Windows Vista or Windows 7, DirectX10 graphics card.
 
Се додека компјутерот функионира со фихни алгоритми и пресметки, човекот е оној кој што може да ПРОНАЈДЕ нов начин за да го победи...
 
Со денешниве компјутери нема шанси. Каспаров изгуби пред 15-16 години од Синиот, а денешниве се многу, многу, многу пати помокни од него, а и алгоритмите се многу по развиени.
 
Или просто кажано - се надминавме себе си...
Далеку од тоа дека сме се надминале. Вештачката интелигенција кај компјутерите е уште далеку, далеку, далеку од онаа што ја гледаме во филмовите.
 
Никој велемајстор денеска не прифаќа да игра против компјутер. Бидејќи од 6 изиграни партии мечот ќе заврши 6 - 0 за компјутерот... За овие 10 години од кога е отворена темава доста се појаки компјутерските програми...

А и денес доста се организираат шаховски шампионати од компјутерските програми на 2 компјутери со RAM 8GB ddr...
Пример:
Fritz16 vs Houdini 6
Stockfish vs Komodo
Schredder vs Junior

Денеска убедливо најмоќен шаховски програм е Houdini... Пред тоа долго време најмоќен беше Fritz...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom