Сфатив дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата frose94
  • Време на започнување Време на започнување
Сфатив дека колку и да помагаш парично на посиромашни пак тие пари тебе ке ти се вратат

Сфатив дека во оваа држава дека чим не учиш си бедник, а чим учиш си поголем бедник од тој што не учи!
 
Сфатив дека во оваа држава дека чим не учиш си бедник, а чим учиш си поголем бедник од тој што не учи![/quote]

hahah :)
 
Сфатив дека животот е премногу краток и треба да уживаме во убавите работи:)
 
Сфатив дека на денешницава секој успеа газда да стане.
Отидов вчера сета во надеж дека ќе се вработам, не ни заспав од возбуда, отидов прва да не ми го земе некоја редот, за да дознаам дека уствари веќе имало пријавени девојчиња за работа они ќе избереле која откако ќе виделе како ќе работат.
Да одам двократно за посрани 5 000 денари плата во најголемите жештини, епа извинете, ама не одам, за на крај да ми рече, нема потреба, си најдовме. Епа не исполнувам јас за ич пари работно време, или вработи ме или чао пријатно. Дома ќе седам, нема да си ги кинам патиките за тие пари. Малтретираат девојчиња да одат по пола работно време 4 дена, за да виделе која од нив да биде. Ако не, нека отворат кастинг и сите девојчиња во Велес нека се пријават, па Ооо нивното височество да одберат која е најприкладна да продава бижутерија и чанти.
Ми се гади.
 
Срцето ми затрепери пред десетина минути :icon_lol:.
 
Сватив дека животот е краток и е само еден затоа треба маскимално да уживаме во секој момент.Животот е премиера,треба да се живее затоа што реприза нема
--- надополнето: 26 јуни 2012 во 14:08 ---
Сватив дека животот е краток и е само еден затоа треба маскимално да уживаме во секој момент.Животот е премиера,треба да се живее затоа што реприза нема
 
Сватив дека и покрај тоа што ќе знаеш колку зло има во луѓето, знаењето нема да ти помогне да го избегнеш......секогаш ќе дојде од таму од каде не го очекуваш.
Сватив и дека не ни треба да го избегнуваш, затоа што тоа би значело барање скратени патишта...а Смислата никогаш нема дестинација, затоа што таа е патувањето!
Сватив дека искушенијата се горчливи за егото, но преслатки за душата.....Затоа што подобро е да ја вкусиш горчливоста на вистината, одколку да живееш со слатките плодови на лагата.
Сватив дека ништо не е случајно и дека сум среќен што некој или нешто ме водеше до таму каде што сум сега.
Сватив дека постои карма, таа непогрешлива изедначувачка сила, која го одржува еквилибриумот во светот на дуалностите. Таа ќе биде мојот сојузник на крајот!
93 93/93!
 
Sfativ deka:
Sum nishto od se, sum samo moment od vechnosta
sum bitie, nebitna tochka od beskonechnosta
prinuden da premolcham, da izlazham vo red e
deka zhiveam vo svet vo koj ne mozhe da si srekjen!
 
Сфатив дека или си ти фин и внимателен со некого или личноста е фина и внимателна кон тебе- обострано во ист момент никогаш. Секогаш некој е повеќе фин, внимателен и се труди повеќе.
Сфатив дека од желба можеш да изгориш (желбата да те изгори).
Сфатив дека секогаш кога мислиш: „Да! Тоа е тој момент“ и му се радуваш, секогаш животот (кармата, Марфи, универзумот) ќе те сопне, закачи шлаканица и ќе ти се смее во лице што си помислил, си се израдувал и си се надевал. Моментот ќе биде уништен.
Сфатив дека момент е потребен од небото да се струполиш на земјата. И обратно.
Сфатив колку пропуштам и колку нема да надокндам никогаш. Но кога не оди не оди.
Сфатив дека кога се случува некоја непријатна ситуација, а си под дејство на алкохол, не треба да зборуваш и да ја направиш ситуацијата бетер, најдобро креветчето да си го бараш и сам да си.
Сфатив дека можам јас да кршам уште многу лични рекорди, ама сето тоа последици има.
Сфатив дека малку треба да ми се врати онаа насмевка на лице и онаа радост.
 
Сфатив дека после се` што направив - џабе било, проблемот е што сега не можам да си се вратам в колосек.
И сфатив дека премногу ми недостасуваат некои луѓе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom