Сфатив дека на денешницава секој успеа газда да стане.
Отидов вчера сета во надеж дека ќе се вработам, не ни заспав од возбуда, отидов прва да не ми го земе некоја редот, за да дознаам дека уствари веќе имало пријавени девојчиња за работа они ќе избереле која откако ќе виделе како ќе работат.
Да одам двократно за посрани 5 000 денари плата во најголемите жештини, епа извинете, ама не одам, за на крај да ми рече, нема потреба, си најдовме. Епа не исполнувам јас за ич пари работно време, или вработи ме или чао пријатно. Дома ќе седам, нема да си ги кинам патиките за тие пари. Малтретираат девојчиња да одат по пола работно време 4 дена, за да виделе која од нив да биде. Ако не, нека отворат кастинг и сите девојчиња во Велес нека се пријават, па Ооо нивното височество да одберат која е најприкладна да продава бижутерија и чанти.
Ми се гади.