СЕХА - ГСС лига

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Значи не. Од кај вакви муабети ваѓате ?
така велеа пред почетокот на сезоната
првите 4 од оваа лигаи вардар и металург ќе изиграт уште 10 кола при шо ќе се добие шампионот
а ти како мислиш и од кај си сигурен?
 
Не знам шо се буните,ако следите ракомет барем последните 3,4 месеци 1000 пати кажаа како ќе се доигрува сезоната.....
Мини лига ќе има од 6 екипи....првите 4 од регуларниот дел во лигата + СЕХОЛИГАШИТЕ:)
Ќе почни крајот на март,или почеток на април...
10 кола....секој со секого дома/гости....
 
Значи милион пати кажано и пак да се немало појма :tapp:
 
Не знам шо се буните,ако следите ракомет барем последните 3,4 месеци 1000 пати кажаа како ќе се доигрува сезоната.....
Мини лига ќе има од 6 екипи....првите 4 од регуларниот дел во лигата + СЕХОЛИГАШИТЕ:)
Ќе почни крајот на март,или почеток на април...
10 кола....секој со секого дома/гости....
тачно :D си дојде на моето џабе се бунеа
 
Mногу добра игра на Вардар во текот на целиот натпревар.
Посебно ме изненади новиот голман (му забораив име и презиме..) одлични одбрани имаше. Одлично враќање и на Стоилов, штета што тој вториот негов лоб не влезе, ќе беше уште подобро .
 
1
Vardar Skopje
18
+56
44
2
Croatia osiguranje
15
+96
38
3
Tatran Prešov
17
+79
37
4
Metalurg Skoplje
15
+67
36
5
Nexe
17
+43
33

Сега теоретски Нексе има шанси а на Вардар му треба еден бод ама и со сите четири порази до крај би одел понатаму ако Татран загуби една.
 
Нема шанси готово :D
Дома играме со Извиѓач, што е сигурна победа :D
Плус они гостуваат кај Татран, нема теорија да тепаат.

Абе ние ако тепаме се до крајот први ќе завршиме :pos:
 
Страхиња Милиќ!

sp-milic.jpg
 
Уште не можам да сфатам како успеа една ваква екипа на Нексе да го добие еден Магдебург,не само да го добие туку и да биди на пи*кино влакно од елиминација на славниот бундес лигаш...
Оваа екипа шо ја видов денес не личеше на екипа..
Да ти паѓа топката од раце,две додавања да не можиш да сврзиш,како да гледав македонска лига,а не тим кој играл егал со еден бундеслигаш....
Па Ловќен,Извиѓаќ би изиграле подобро и би дале поголем отпор...
Иако рака на срце Вардар ја изигра најдобрата партија оваа сезона,едноставно перфектни беа,Вујо ја прочита играта на Нексе.......
Додер беше страшен,вистински лидер на тимот....
Разбирам слаба игра,ама овие кутрите не знаеја кај тераат....
Голема екипа никогаш нема да си дозволи ваква игра,макар колку и да не им оди на играчите,по ова се разликуваат екипите-или си екипа,или си банана екипа....:D
Вардар можеше доколку сакаше да ги ишлака со една десетка како ништо..
Џабе се дереше Касим:pos:се изгуби дечурланата шо ја има во тимот....:D
Добро имаат речено старите-СО ДЕЦА НЕ СЕ СРКА МАШТЕНИЦА....:)
Онај десниот бек имаше поголем стомак од некој хроничен алкохоличар,и овај бил најдобар стрелец во Нексе:facepalm:НЕМОЈ НЕ МЕ РАДУЈ!!!
Очекував многу повеќе од екипата на Каменица,со право се на местото кај шо се,не заслужуваат место во Ф4...
Реално,апсолутно заслужено е на завршниот турнир да одат Загреб,Вардар,Металург и Татран,далеку се пред другите,пред се во пристапот кон играта.......
 
Овој резултат не е никакво мерило, бидејќи Звезда е буквално маалска екипа. И овие 25 гола што ги примиле се многу играле Загреб без одбрана, Звезда толку ни со Ловќен нема постигнато.
Јас пак стојам на моето дека Вардар со добра одбрана може да парира на домашен терен, доколку би загубил би било многу тесно 2-3 гола разлика, иако пак ќе кажам ако ја повторат одличната игра во одбрана може да се надеваат на бодови.
 
Која брука се овие Звезда,тешка мизерија...:tapp:
Срам за СЕХА лигата е шо има една ваква екипа,екипа која игра само колку да се одигра мечеот,без никаква желба и шанса за победа...
Уште еден доказ дека екипа не се прај преку ноќ,изнакупија преку 10 играчи летото,ништо не покажаа грото играчи,овсен средниот бек Докиќ....
П.С.
Има шанси Вардар зошто да не?
Загреб сигурно ќе игра резервирано,имаат важни мечеви за 10 ина дена со Металург..
И не смеат да ризикуваат некоја несакана повреда...
Очекувам добар меч во четврток,тесен,типувам на малку голови...:)
Доколку Вардар изигра приближно како во Нашице тогаш има големи шанси против Загреб...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom