- Член од
- 10 октомври 2011
- Мислења
- 6.292
- Поени од реакции
- 10.443
Точноо, од океанот беше.Девојката од океанот (Ocean Girl), МРТ
На оваа мислиш веројатно. Вонземјанка беше и можеше да комуницира со китовите.

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Точноо, од океанот беше.Девојката од океанот (Ocean Girl), МРТ
На оваа мислиш веројатно. Вонземјанка беше и можеше да комуницира со китовите.
Оваа е сега сеуште актуелна до пред некое време Алфа ја репризираше а не дека на темава не се прифатени и поновиве серии ама прво шанса да им дадеме на серииве што некогаш се емитувале на наши телевизии и биле врежани во нашите мемории засекогаш.5 страни испишани а никој не ги спомнал...........................
![]()
На уште една ми текнува што одеше на МТВ1. Со една девојка што живееше на некој остров, па ќе најдеше некое семејство со брод во морето, океанот, ќе се спријателеше мислам со нив, па ќе нуркаа, ќе бараа нешто. Пред некоја година ја најдов серијава и мислам и некоја епизода изгледав, али сега не ми текнува како се вика.
Серијава што ќе ја ставам не верувам дека ја памти некој, ниту па да ја гледал бидејќи беше лош терминот. Одеше на А1 секое сабајле од 9 саат, репризата беше ноќе околу 11 мислам. Тогаш имаше филмови на другите телевизии и затоа не верувам да ја начекал некој баш серијава.
Hombres de honor (TV series 2005)
Аргентинска мафијашка серија за две фамилии, на едната шефот е жена чиј маж умира и таа го превзема бизнисот, шефот на другата фамилија сака да ја уништи женава но со тек на време се заљубува. Исто така и синот на женава мислам се заљубува во некоја од другата фамилија, класика. Интересно е како се местеа меѓусебе, се тепаа, си крадеа бизниси.
Ех какви времиња, од една страна серии од друга филмови, од што имаше премногу избор не знаеш што да гледаш.
А сега, турци турци турци турци, немаш никаков избор. Пу.
Ја откажаа таму накај 90та епизода, баш се сеќавам мајка ми се јавуваше да ја вратат пак, таа од сабајле ја гледаше секогаш.Јас ја пратев и ми беше доста интересна зошто беше различна од сите други сапуници во тоа време што ги даваа, т.е беше со мафии.
Имаше лош термин, не можев да ја гледам насабајле кога бев прва смена на школо и многу се нервирав, после дали ја откажаа, не знам што бидна, али интересна серија беше во секој случај.
Што прочитав.Ја откажаа таму накај 90та епизода, баш се сеќавам мајка ми се јавуваше да ја вратат пак, таа од сабајле ја гледаше секогаш.
Им се јавуваше во А1 да ја вратат серијата, при крајот ја прекинаа, таа ја гледаше секое сабајле а јас дека на школо само навечер ја гледав. Од А1 ја одебаа, никад не ја довршија серијата.Што прочитав.![]()
Буквално го сфатила често користениот израз од телевизииве „по барање на гледачите“.Им се јавуваше во А1 да ја вратат серијата, при крајот ја прекинаа, таа ја гледаше секое сабајле а јас дека на школо само навечер ја гледав. Од А1 ја одебаа, никад не ја довршија серијата.
Па таа е таа што ги бара сериите, затоа така викаат.Буквално го сфатила често користениот израз од телевизииве „по барање на гледачите“.![]()