Прво коло е, но овие клубови кои треба да го направат првенството поинтересно за гледање, да има повеќе квалитетни тимови, разочаруваат.
Фиорентина нема брзина, одбрана слаба. Играат 4321 без широчина, не можат ништо по крила, а немаат квалитет да искреираат нешто преку посед, доколку тоа им било целта. Хименез играше некогаш на крило под Ираола во ПЛ, не знам зошто не игра и ваму на крило.
Гасперини вакви тимчиња јаде за доручек, уште Дибала расположен, ги уништија. Многу добра Рома.
И Болоња на Тедеско слаба, на ништо не личат.
А и тој што тренер е, искористи тоа што беше во системот на Ред Бул, потоа секаде каде што отиде, ништо не направи.
Аталанта не ја гледав, фали уште и тие да продолжат со трендот на пад.
Се понадевав дека ќе има повеќе квалитетни тимови, кои што ќе играат нешто, само прво коло е, но ова не ветува.