Прво имам нарачано прашање, па да го испочитувам братот росонерски, кој мене ме напаѓа, но спремен е да им помогне на навивачите на Интер.
dali gi boli uste gazot od sinojka da im zemame nesto melem,etericno ulje soznam…
Ако правиме колаж од промашени 100% шанси сезонава, ќе се фати видео од пола час. (...) Ова е дел од среќата која ја немаме сезонава.
(...) Наполи има сезона над очекувањата па сега разговараме на оваа тема.
Наполи нема сезона над очекувањата, туку сите други потфрлија. Со ваков просек, сезоната ќе ја завршат со 81 бод, колку е тоа над очекувања со Конте и без ЛШ? Сигурно се некаде за 78 бодови, тоа му е еден натпревар.
Друго е кога ќе бидеш конкурентен до самиот крај, па во финишот вадиш максимум и добиваш натпревари кои и не би ги добил, доколку би заостанувал со повеќе бодови. Пример, како Милан во 21/22 или лани кога се распадна во финишот.
Не прават Наполи ништо толку неверојатно, колку што другите потфрлија. Од Интер, преку Милан, па и Јувентус.
Конте само пробува да ја искористи шансата што му се пружи. Да играше Интер сезона барем на ниво од 86 бодови, Наполи ќе имаа минимални шанси за успех. А сега може дури се да победат и тие да стигнат до 86, слично како Милан во шампионската сезона.
За пропуштенуте шанси, секој си ги гледа најмногу своите. Не мислам дека сте многу оштетени, пред некоја недела ставив статистика за xG, имавте и повеќе постигнато голови. Милан беше многу полош, како и на табелата за xPts. Не е најдобра алатка, но веројатно пореално од навивачка перцепција.
Како што се занемарува кога ќе се обрне во наша корист. Ако гледаме по шанси, Баерн требаше да биде во полуфинале и покрај тоа што беше десеткуван. Па, никој не треба поради тоа да го негира успехот на Интер.
Неважно, некогаш ќе те казни, некогаш награди, но општо земено, мене Интер ми е послаб сезонава, а тоа не е поради недостаток на среќа, ниту е само во овие недели кога игравте 1/4 финале па проблемите да се само поради заморот, не негирам дека овој ритам на играње остава последици.
За инвестирање и како е инвестирано тоа е друг муабет, еве сега летово би требало да имате пари за трошење. Не само што ќе земете убави пари во ЛШ, туку и она клупско првенство ќе ви донесе пари.
Па тоа може да биде уште еден чекор напред во однос на конкуренцијата и да избегате уште повеќе.