Ne sakam vo minato da se navrakjam ali poveli.
Прегледај го приврзокот 363014
О како је лепо бити глуп.
Ти сигурно си еден од оние кои верваат дека на 11.9.2001 неписмени овчари кои клецаат кози во Авганистан ги грабнаа авионите и ги урнаја зградите и дека америка го нападна Ирак заради оружјето за масовно уништување.
Целата шарада со тотонеро се базира на шпекулации, невистини и полувистини со главна улога на двајца пропалитети тесно поврзани со едно клупче од Рим. Имено, еден сопственик на еден ресторан во Рим каде често се береле играчите на двете клупчиња од Рим, заедно со неговиот набавувач решиле да се збогатат со обложување и местење на натпревари во кои ги искористиле играчите на едното клупче од Рим(главното во скандалов). Во 80 тите во Италија имало една легална форма на обложување наречена тотокалчо. Тие шо се обложувале за да добијат морале да ги погодат резултатите на 12 натпревари во италијанската лига, ама можело да се игра и на еден натпревар. Е сега, зато шо е тешко да се местат 12 натпревари овие играле на еден користејќи ги играчите на римското тимче. Пробно наместиле една пријателска со Палермо и се офајдиле, ама во лигата некако не му одело, џабе ги плаќале играчите со кои се заортачиле и почнале да губат еден тон пари, над 100 милиони лири. За да се извлечат од ова, глупаците се пријавиле во полиција и дале имиња на 20тина играчи на споменатиот тим од Рим, на Милан, на Болоња, на Перуџа, Авелино (подолу ќе има зошто и како ги вклучиле другите клубови покрај римскиот) и на некои од тимови од Серија Б со кои соработувале како со играчите од римскиот клуб. Почнале масовни апсења на фудбалери, дури и пред натпревари во живо на тв се прикажувало. Арно ама овие кои играле за другите клубој во Серија А, а не за споменатиот клуб од Рим, биле збунети и се чуделе зошто ги апсат и за шо се обвинети, појма немале шо се случва ( а се ова заради една игра на еден интересен лик кој имал некоја функција во другото римско клупче, а си работел отстрана со двајцава со ресторано кои биле блиски до клупчето од рим кое било главно во скандалов ((ликов непосредно по ова бил избркан од римското тимче во кое бил вработен заради слични активности во кои биле вклучени и судии, после бркањето станал менаџер на главното римско тимче во скандало)). На него ќе се навратам подолу). Уапсен бил и еден Паоло Роси кој тогаш играл за Перуџа. Нормално ги одбивал сите обвиненија до крај бидејќи го теретеа за нешто шо за прв пат го слуша, а не пак го напрајл. Е сега, поврзано со то погоре, зошто двајцата бараби го вклучиле и Милан (а ова е поврзано и ликов кој бил позади се ова)? На 6ти јануари 1980 Милан го победил римскиот тим 2-1, еден од ретките натпревари на кои го погодиле резултатот овие двајцата, нормално било договорено со играчите на римскиот клуб намерно да изгубат и после и тие солено да се офајдат. Работата е шо играчите на Милан немале појма дека овие ќе губат намерно за да се опарат и нормално си играле за да победат како и на секој натпревар. Е сега, тука е поврзаноста со споменатиот лик кој по скандало станал менаџер на споменатата римска екипа, (чие име почнува на Л, а презиме на М, и секоја поврзаност со еден лик кој беше многу славен во 2006та со еден друг далеку поголем скандал од овој не е ама баш ич случајна ((оти се работи за истиот лик хехе)) и кој бил длабоко вмешан во ова иако работел во другото римско клупче (од кое бил избркан заради активности не баш легални и не баш спортски). За да ја оттргне полицијата и јавноста од себе решил да го прошири скандалот, чунки шо појќе други "виновни", толку помалце шанса тој да биди крив. И затоа му дал налог, директива на двајцата тенеќиња кога се пријавиле, да достават имиња на играчи од шо појќе клубови за кои на било кој начин ќе се најди дека се соучесници во местењето (го дале и името на тогашниот претседател на Милан) се со цел да не случајно почнат него да го истражуваат оти ќе го кркал дебело. Е сега, таквата поврзаност со Милан е токму споменатиот меч на Милан со римскиот тим кој овие вториве успеале намерно да го изгубат за разлика од многу други каде резултатот не завршувал како планирале(кажав погоре дека заради неспоспбноста да наместат изгубиле над 100 милиони италијански лири). И сите такви натпревари на кои му се потрефило да завршат како шо планирале ги искпристиле за да ги вмешаат тимовите кои играле со клупчето, а кои појма немале шо и како работат и какви дубари праат овие од римското тимче. Полицијата ко полиција, глупа корумпирана ги уапсила сите кои ги кажале двата трупци, базирано само на нивните изјави без никакви други докази, со истрага колку да се речи и шо побрзо да завршат и да си ги тргнат рацете од целата работа. После на сцена стапила федерацијата, исто глупа и корумпирана ги исфрли во серија б тимчето римско и Милан, дала по неколку поени казна за другите и готово завршила работа. На овај начин мајсторо Л.М. си се спасил користејќи ја глупоста на институциите и на јавноста која официјалната верзија ја зема здраво за готово и откако бил избркан од другиот римски тим си влегол сега официјално и најлегално најчисто во исфрлениот римски клуб каде можел одвнатре (а не како за време на скандало кога си ги работел овие од исфрленото римско тимче преку двајцата бараби од ресторано, а истовремено бил вработен во другото римско тимче каде имал слични активности) да си продолжи со овие активности и во серија б сигурно полесно му одело. Врвот на кариерата го доживеал во 2006та во еден клуб од Торино. Читателите ќе знаат за кој клуб од Торино се работи.
Ама не Милан бил крив, местел во 1980та, така вели википедија, сигурно е точно, ќе верваме.