Serie A 2021/2023

  • Креатор на темата Креатор на темата Џонтра Волта
  • Време на започнување Време на започнување

Шампион?

  • Вкупно гласачи
    292
Статус
Затворена за нови мислења.
Со доаѓањето на Дибала во Рома се отвара простор за Заниоло во Јуве!?
Ако го потпишат и него, плус некој солиден во одбрана ќе имаат најдобро меркато во Серија А. Особено што успеаја да им го увалат Де Лихт на Баерн за таа цена. Ок, иако киксер и одбојкар сепак не беше толку лош ама цената која ја платија германците е некои 30-40 милиони плус од реалната.
 
Големиот играч Заниоло, подвижен црвен картон со празни колена.
Ди Марија го земаа, поранешен играч што од прва не ни сакаше да дојде у Јувентус и потпиша едногодишен договор.
И Погба што извиси од сите екипи со кои се курчеше у минатото дека е многу баран и врвен играч.

У дефанзива освен Бремер моментално на пазарот нема ниеден добар штопер што би дошол у Јувентус.

Ништо немаат, замаскирано меркато.
 
Се вртиме околу истото. Може да ставиме милион примери за пропаднати млади таленти или за клубови кои се зезнале со докажани фудбалери.

Филозофијата на Милан е таа што ја напишав, затоа и се коцкаат со тој од Белгија, плус што и по карактеристики таков повеќе им одговара. Ова последно сите го занемарувате.

Гаранции има за фрижидери, за фудбалери нема.

Океј де, филозофијата е таква на клубот, ама Дибала не е пред залез на кариера за да така го окарактеризираш, плус можда има специфични карактеристики, Али нели тие негови карактеристики се таман за во вашиот систем 4231 како полушпиц каде што се мачете со Брахим Диаз?
Плата ќе му биде 5-6мил со бонуси, кога можевте на Ибра 7-8 да му дадете, не гледам причина зошто не и на Дибала..
Автоматски споено мислење:

инхихихихихихихихихихихихитерррррррррррррррррр

:P

IMG-37b020b58171b0a8208662a69a101901-V.jpg
 
Последно уредено:
Океј де, филозофијата е таква на клубот, ама Дибала не е пред залез на кариера за да така го окарактеризиран, плус можда има специфични карактеристики, Али нели тие негови карактеристики се таман за во вашиот систем 4231 како полушпиц каде што се мачете со Брахим Диаз?
Плата ќе му биде 5-6мил со бонуси, кога можевте на Ибра 7-8 да му дадете, не гледам причина зошто не и на Дибала..

Секако дека има аргументи и за Дибала, иако со него и Леао ќе се појават други проблеми.

Муабетот почна од тоа дека Милан морал да тргне по Дибала, дека не смеел да го пропушти. По мене не е баш така црно-бело, дури гледам и поголема логика во ова што го прави Милан. Нормално, за да бидат во право, мора најпрвин да успеат да изреализираат еден трансфер, а и да се погоди овој од Бриж.

Цело време ми правите муабет, како да сум напишал: "еј ќути, се спасивме од Дибала".

И ќе ти кажам најискрено, мило ми е што отиде во Рома, а не во Интер. А причината не е што многу ми е гајле за Рома, туку што Интер не доби уште еден квалитетен фудбалер.
 
Кеита Балде сеуште на продажба како и шал Јувентус Ајакс, тотална тезга ако си на бувљак на паркингот кај Кале. :pos: Најлуди се овие штампачи, после било каква шпекулација сместа имаат на понудата дрес од играчот. 6 евра дрес.

Е од ваква тезга пред 20 и кусур години ми беше купен комплет дрес со шорцеви, кхм, од КАЛОН. Големиот Мохамед Калон пошто според мојот татко за кур ми бил дрес од Роналдо 9, таков имале сите, од Калон немало никој. Од Калон и самиот Калон немал дрес, а збориме за играч којшто има основано свој клуб со името Калон, каде на времето беше, претседател, директор, тренер и играч.

И така, кратка тажна приказна од моето детство, за да тргнам пажња од трансферот на Дибала.
 
Океј де, филозофијата е таква на клубот, ама Дибала не е пред залез на кариера за да така го окарактеризираш, плус можда има специфични карактеристики, Али нели тие негови карактеристики се таман за во вашиот систем 4231 како полушпиц каде што се мачете со Брахим Диаз?
Плата ќе му биде 5-6мил со бонуси, кога можевте на Ибра 7-8 да му дадете, не гледам причина зошто не и на Дибала..
Автоматски споено мислење:

:P

Прегледај го приврзокот 338877
Бидејќи Дибала не е Ибра ниту па некад ќе биде. Ибра и повреден и да не стапне на терен има влијание врз менталитетот и мотивација на другите играчи особено помладите на кои им е и Идол. Од друга страна Дибала е квалитетен играч ама сметаат дека не вреди ризикот. Ко и скоро сите големи европски екипи затоа и заврши во Рома. Совршен спој се. И пак огромен прашалник е колку ќе остане здрав и дали ќе изигра поголемиот дел на сезоната.
 
Секако дека има аргументи и за Дибала, иако со него и Леао ќе се појават други проблеми.

Муабетот почна од тоа дека Милан морал да тргне по Дибала, дека не смеел да го пропушти. По мене не е баш така црно-бело, дури гледам и поголема логика во ова што го прави Милан. Нормално, за да бидат во право, мора најпрвин да успеат да изреализираат еден трансфер, а и да се погоди овој од Бриж.

Цело време ми правите муабет, како да сум напишал: "еј ќути, се спасивме од Дибала".

И ќе ти кажам најискрено, мило ми е што отиде во Рома, а не во Интер. А причината не е што многу ми е гајле за Рома, туку што Интер не доби уште еден квалитетен фудбалер.
Конкретно јас ти пишав за тоа што кажа дека целиот тим во иднина повеќе би имал корист од белгиецот одколку од Дибала, што не мора да значи дека е точно. Што како ќе се погоди талентот, а и што го направи Дибала доста стар, а не е така, ти укажаа и другите..

Е сега тоа не сум знаел за филозофијата на клубот, ако ви е таква филозофијата се на пример не сте во можност на Крап да му дадете 6-7мил годишно или не сум разбрал добро??
 
Будала човек е овај Дибала, златна Монца он у Рома отиде :eek:
 
Бидејќи Дибала не е Ибра ниту па некад ќе биде. Ибра и повреден и да не стапне на терен има влијание врз менталитетот и мотивација на другите играчи особено помладите на кои им е и Идол. Од друга страна Дибала е квалитетен играч ама сметаат дека не вреди ризикот. Ко и скоро сите големи европски екипи затоа и заврши во Рома. Совршен спој се. И пак огромен прашалник е колку ќе остане здрав и дали ќе изигра поголемиот дел на сезоната.
А мош ќе се распука во иднина и ќе биде уште подобар :rolleyes:

Нема веза, завршена е дискусијата со тоа што Хмхм ми кажа за филозофијата на клубот.

Мене искрено ептен кејф ми се направи што Дибала ќе игра во Рома, баш таков играч фалеше во Рома, се поклапа и во филозофијата на клубот и на тактички план во формацијата подобар партнер за Абрахам не сум очекувал.

Со Фратези и уште еден средњак барем сметам дека ќе обезбедиме ЛШ наредната година ако не друго
 
Конкретно јас ти пишав за тоа што кажа дека целиот тим во иднина повеќе би имал корист од белгиецот одколку од Дибала, што не мора да значи дека е точно. Што како ќе се погоди талентот, а и што го направи Дибала доста стар, а не е така, ти укажаа и другите..

Да, во случај де Кетеларе да напредува според очекувањата, со неговите карактеристики, на подолг рок ќе придонесе повеќе за тимот од Дибала.

Ако Масара и Малдини утнат со проценкат, а јас испаднам будала што им верувам, тогаш сето ова паѓа во вода. :D

Е сега тоа не сум знаел за филозофијата на клубот, ако ви е таква филозофијата се на пример не сте во можност на Крап да му дадете 6-7мил годишно или не сум разбрал добро??

Не знам што те буни. Поентата е да се оди по талентирани фудбалери со пониски плати, како Леао, Тонали, некој слободен, но без висока плата, ептен некој исклучок како Ибра или можеби некој друг околу 5-6 милиони, но само доколку проценат дека навистина им е потребен. Плус квалитетни фудбалери, кои се малку испод радар, како Мањан.

Значи нема да доведат некого само затоа што е Дибала. Еј, еве квалитетен фудбалер, мора да се земе. И не, не е најдобар фит за тоа што го игра Милан, иако би бил подобар од Брахим.

Карактеристики, плата, можност да се зголеми вредноста, се си има улога.
 
Него сеа ако Бремер замине у Јуве као замена за Де Лигт а Кинезите го продада Миле, кои ќе бида опцијете на Интер за цб?
 
Мене искрено ептен кејф ми се направи што Дибала ќе игра во Рома, баш таков играч фалеше во Рома, се поклапа и во филозофијата на клубот и на тактички план во формацијата подобар партнер за Абрахам не сум очекувал.

Каква формација ќе играте? Пелегрини ќе игра како осумка? Прашање е колку ќе може дефанзивно да одговори за Мурињо да игра со нив двајца. На крај и да игра, Пелегрини може најмногу да изгуби од овој трансфер. А очекував многу сезонава од него.
 
Да, во случај де Кетеларе да напредува според очекувањата, со неговите карактеристики, на подолг рок ќе придонесе повеќе за тимот од Дибала.

Ако Масара и Малдини утнат со проценкат, а јас испаднам будала што им верувам, тогаш сето ова паѓа во вода. :D

Не знам што те буни. Поентата е да се оди по талентирани фудбалери со пониски плати, како Леао, Тонали, некој слободен, но без висока плата, ептен некој исклучок како Ибра или можеби некој друг околу 5-6 милиони, но само доколку проценат дека навистина им е потребен. Плус квалитетни фудбалери, кои се малку испод радар, како Мањан.

Епа ти дадов конкретен пример со Леао, другата година истото ќе биде можеби и со Тонали, што ќе правите кога тие млади играчи ќе напреднат и ќе бараат големи плати?
Ќе ги продавате или ќе им дадете плати над 6-7мил на пример?
 
Не се знае, изгледа ќе ги продаваат, доколк им продолжат договор. :D

Но не можеш да ги споредуваш нив со Дибала.

И батали веќе ова, нема што ново да додадеме, ќе се вратиме во круг.

Навистина ме интересираше тоа околу формацијата што ќе ја игра Рома, иако треба да се види и што ќе биде со Заниоло.
 
Каква формација ќе играте? Пелегрини ќе игра како осумка? Прашање е колку ќе може дефанзивно да одговори за Мурињо да игра со нив двајца. На крај и да игра, Пелегрини може најмногу да изгуби од овој трансфер. А очекував многу сезонава од него.
Добри прашања во врска со Пелегрини :)

Во зависност од тоа дали Заниоло ќе остане.. доколку остане Заниоло ќе биде интересно да се види Мурињо како ќе ги склопи Заниоло, Дибала, Абрахам и Пелегрини во прва постава.

Може да ги склопи, ама што викаш Пелегрини ќе биде "жртвата".. тој сега игра на поофанзивна позиција и дава голови и асистенции, ама да не заборавиме дека до пред некоја година со Кристалните ја држеа цела средина на Рома, што со Фонсека, што со До Франческо.
Интелегентен играч е, се приспособува, Манчини во репрезентација и како крило го игра..

4231 има место за сите 4ца плус двајца средњаци ќе имаме, исто и 433 каде Пелегрини ќе влезе во тројката во средина како најофанзивен средњак
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom