Не го потценувајте Јувентус.
Си прават тим каков што треба за Италија. Цврстина и добар напад.
Ако се реализира ова што се најавува, тие со Киеза, Влаховиќ, Ди Мариа, Погба, Локатели, Бонучи, Де Лихт, Костиќ, имаат добар тим за првенство, доколку немаат проблеми со повреди.
И Алегри моментално е премногу потценет, до дербито со Интер успеа да ги среди после лошиот старт. Негледливо, но имаше резултати. Да победа против Интер, а беа подобри, сериозно ќе се замешаа во борба за титула. По поразот дигнаа раце.
Што е Италија? Малку поголем интензитет и веднаш доаѓаат резултати. Со Киеза, Влаховиќ, Ди Мариа, Погба, Квадрадо можат да се наметнат физички.
Гледајте ги Милан, Фиорентина, Верона. Поголем интензитет и веднаш отскокнуваат од конкуренцијата. Па и Интер исто.
Или физички спремни фудбалери, од кои некои надарени и со брзина, кои веднаш изгледаат во Италија како топ играчи. Абрахам, Осимен, Томори, претходно Лукаку.