Мислам дека управата на Јувентус во еден момент помисли дека можат да бидат први во Италија со било каква екипа, па почнаа да го придаваат квалитетот и да кешираат дебело, а да носат сомнителни замени. Една две можат да поминат, ама не повеќе од тоа. После неколку вакви трансфери се наоѓаш во ситуација среден ред да ти се Мекени, Рабио, Ремзи и Бенаткур, и после нема назад. И овие милионските договори за играчи кои доаѓаат без оштета се повеќе штетни отколку корисни за клубовите. Мислам дека на примерот на Јувентус другите екипи ќе почнат да избегнуваат такви играчи.
На Јувентус му е потребна финансиска инекција, и купување 4-5 фудбалери. Екстра квалитетен шпиц, два бека и кретаивен играч во средината. И Киеза и Дибала да не се повредуваат.