Serie A 2021/2023

Шампион?


  • Вкупно гласачи
    292
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 април 2012
Мислења
31.582
Поени од реакции
62.649
Иако го уплатив Интер шампион на почеток на сезона, мило ми е за Милан ако освојат... само да не ја посерат на крај со Сасуоло.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.552
Поени од реакции
21.575
Нема да ме чуди уште во 22:30 Милан да биде прогласен за шампион.

Заслужено, нема што. Ќе се кладев со се' што имам некој да ми речеше дека Милан ќе има 4 победи на последните 4 натпревари.

Ако некој друг освен Леао ја добие наградата за најдобар играч, тоа ќе биде блам за лигата.
(знам Кастиел го збореше Мањан, ама разликата е што Милан им требаа голови во тие моменти како против Фиорентина и тука Леао беше одлучувачки. Исто и против Верона да не беше он, немаше да ја сврти Милан)
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.751
Поени од реакции
8.838
Секоја чест за Милан..и повеќе од заслужни шампиони ќе се ....пола сезона со еден куп повредени и крпен состав ќе стигнат да имаат 86 поени. :cuc:....мислам ова е огромен успех и големо достигнување за една ваква екипа....и тоа во најтешките утакмици преформираа и сите ги добија...од кога ја стабилизираа одбраната пристигнаа реззултатите...ѓупаците назад перфектно си ја вршат работата
 
Член од
26 јануари 2019
Мислења
3.630
Поени од реакции
5.606
Немојте малери да правите. Рано е уште. Дур не видам бар нерешено со Сасуоло не гарантирам ништо.
Автоматски споено мислење:

Иначе ви зборев дека со Аталанта нема Милан толку проблем да биде. Се смеевте. Мувли се Аталанта.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Доволно си честитавме, ќе заборавиме кој за кого навива уште малце.
Смееме уште еднаш? :(

Како се пратиме во чекор со Миланезите со титули, баш комшиски. Трката ќе биде кој прв до 20ка.
Најкриво ми е што ниеднаш сезонава не ги тепавме Аталанта, пред гомното Гасперини да си отиде.
Можно е Милан уште вечер да си крене титула. Реално Интер доаѓа после 120 минути утакмица, игра против гадовите Каљари, а и не верувам дека и играчите веќе веруваат у титула. Како и да е, многу интересна сезона беше ова, практично до сам крај. Сите имаа некаков успех, Милан освои Скудето, Интер куп и суперкуп, Јувентус не заврши во втора лига, Наполи беа во трка за титула до 5 кола пред крај, итн.
 
Член од
28 септември 2014
Мислења
982
Поени од реакции
1.400
Калабрија ќе биде најслабиот капитен што кренал скудето откако јас пратам фудбал,а тоа се добри 25 години.
Ромањоли би го кренал доколку освои Милан
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.552
Поени од реакции
21.575
А да, и респект за Интерашите на форумов што не плачеа за првиот гол на Милан колку што плачеа одредени Јуве и Милан фанс кога Барела имаше сличен прекршок против Емполи. Од увек знаев дека најдобри членови има Фан Клуб Интер. :rolleyes:
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Немојте малери да правите. Рано е уште. Дур не видам бар нерешено со Сасуоло не гарантирам ништо.
Автоматски споено мислење:

Иначе ви зборев дека со Аталанта нема Милан толку проблем да биде. Се смеевте. Мувли се Аталанта.
Релакс друже, завршена ви е работата. :)
Сасуоло на одмор ќе бидат последно коло. Веројатно ќе се шетаат по терен.
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.600
Поени од реакции
7.194
Честито титула комшики.

@loophole на крајот пд сезоната и спортскиот директор на Аталанта си оди. Ништо чудно да прават ремонт на екипата.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.182
Поени од реакции
107.795
Честито титула комшики.

@loophole на крајот пд сезоната и спортскиот директор на Аталанта си оди. Ништо чудно да прават ремонт на екипата.
Дај боже да направат ремонт и целосно да се размонтираат, онака за навек и да не постојат веќе. Не ради денес, општо, многу ги мразам Аталанта, веројатно ради тоа гомното Гасперини.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.154
Поени од реакции
16.695
4/4 ќе има Милан до крај, тешки победи на мускули ама после киксот на Интер и победата изминатово коло кај Лацио му дадоја ветер во грб. За разлика од нив Интер ќе се сопнат до крајот, психата и самодовербата му е во минус ојдена. Како неутрални фанови најдобро би било до последен свиреж во последното коло да има борба за титулата, нешто слично како лани во Ла Лига.
Остана уште Сасуоло али мислам дека уште вечерва ќе се шампиони.
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.094
Поени од реакции
9.016
Со оваа победа мислам дека тоа е тоа за сезонава, излегоа со желба да победат, плус играа пред своја публика со полна стадион и пукаа од самодоверба. Аталанта не е истата екипа од пред година две, многу се паднати и беше нереално да се очекува дека ќе ни помогнат. Сасуоло пак да не збориме, класичен push over ќе бидат.

Леао експлодира сезонава и баш тој е најзаслужен за резултатите. Секогаш кога на Милан не му одеше добро или се мачеше со затворени екипи овој наоѓаше начин претрча два тројца, да даде гол и да донесе бодови.

Сепак мислам дека Интер исто имаше добра сезона, два трофеи баш против ривал од кои традиционално губи. Против Милан што изгубија со пресврт неможе да им се земе на душа, сепак дерби е, мало невнимание и ако е квалитетен противникот казната ќе стигне. Ама против Болоња што излегоа на терен како да им е освоено скудетото на 10 кола пред крај е тоа неможам да сфатам.

Одлична сезона за следење и посакувам и наредната да биде интересна вака до крај, па кој изигра машки нека крева пехар на крај. Веќе нема екипа како Јувентус од пред 4-5 години која одскокнуваше во ростер, сега е барем поизедначено од тој аспект.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom