Се зафркаваме за Лукаку, поради неговото однесување, но ова си е добар трансфер за Интер, единствено ако не се спремни финансиски, па во план имаат да жртвуваат еден фудбалер за него.
Дали Интер може да издржи да има тројца скапи фудбалери, со солидни плати и желни за првотимски статус, на само две позиции?
Пеп ја има таа ротација во Сити, но во Италија не сум сигурен дека има клуб, тренер, а и спремни "ѕвезди" фудбалери за такво нешто.
Кој би бил подготвен да биде во втор план од Лукаку, Лаутаро и Дибала? Лукаку се враќа во Интер поради тоа што не беше во прв план во Челзи, Дибала бараше да биде центарот околу кој ќе се врти се во Јуве, не ми делува дека е подготвен сега да биде играч за ротација. Лаутаро моментално е најдобар од сите нив, по однесувањето и прикажаното заслужува не само првотимски статус, туку и да им е главна точка на нивниот проект.
Инзаги да игра со тројца во напад? Да извади еден од среден ред, од одбрана би било потешко? Дибала да работи дефанзивно? Броз со Барела во средина?
Или целта им е да ја истуркаат следната сезона, па да видат после што и како да прават?
Ќе биде интересно да се види како Инзаги ќе го изменаџира овој огромен офанзивен потенцијал што ќе го има, притоа да не му страда стабилноста и избалансираноста што ја имаше Интер под него, а у претходно под Конте, плус сите да бидат задоволни.