Serie A 2019/2020

  • Креатор на темата Креатор на темата Splendora
  • Време на започнување Време на започнување

Шампион?


  • Вкупно гласачи
    122
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Нормално дека може рацете да ти се прилепени уз тело додека скокаш бе Стефи ама дали е тоа природно кажи ми? Поготово ако скокаш наназад.

Ене ти погоре и видео од состанок на судии и тренери у ноември каде го дискутираат истото.
Во случајот со Калабрија ако веќе барате спорност тоа е дека Роналдо е премногу блиску до него, постои такво правило еве шо вика:
handball will not be a free-kick if...
  • the ball is knocked on to a hand by the player in question or a nearby player
 
Многу се замарате и некни на Наполи не му свирнаа пенал кој го направи De Vrij, па никој не го коментираше тоа.

Не се замарајте и уживајте во играта на Шампионот (Јуве)
Ако ти се допадна играта на Шампионот вчера, ти навистина имаш посериозни проблеми.. :)
 
Како бе брат раката е во неприродна положба кога играч скока наназад? Еве ти случајно коа скокаш наназад, рацете уз тело ги прилепуваш?

Пеналот веќе е досуден, утакмицата веќе заврши, мене единствено шо ми смета е ова.



Еве го и Рицоли пред судии и тренери како го објаснува тоа.

И многу без везе беше првиот жут на Хернандез, па 1 секунда претходно Дибала го РАЗНЕСЕ Бенасер у опасна зона, тука имаше сигурна шанса за Милан од слободен удар, ни фаул досуди ни па жолт за Дибала.


На крај тоа е тоа, мене искрено многу ми се допаѓа шо Милан конечно почна да игра ко тим и да прикуажува добра игра, вчера Јувентус не мрднаа буквално, само се надевам дека ќе трае ова до крај на сезона.
Ај вака сега, ако не беше раката на Калабрија топката ќе отидеше во рамките на голот и голманот ќе интервенираше.

Како да не биде пенал, ако не е пенал што е?

Видете каков пенал судеа за Верона против Јуве минатото коло.
 
Ај вака сега, ако не беше раката на Калабрија топката ќе отидеше во рамките на голот и голманот ќе интервенираше.

Како да не биде пенал, ако не е пенал што е?

Видете каков пенал судеа за Верона против Јуве минатото коло.
Искрено мислам дека топката повеќе идеше накај 5терец него ли у рамки на гол.
 
Како бе брат раката е во неприродна положба кога играч скока наназад? Еве ти случајно коа скокаш наназад, рацете уз тело ги прилепуваш?

Пеналот веќе е досуден, утакмицата веќе заврши, мене единствено шо ми смета е ова.



Еве го и Рицоли пред судии и тренери како го објаснува тоа.

И многу без везе беше првиот жут на Хернандез, па 1 секунда претходно Дибала го РАЗНЕСЕ Бенасер у опасна зона, тука имаше сигурна шанса за Милан од слободен удар, ни фаул досуди ни па жолт за Дибала.


На крај тоа е тоа, мене искрено многу ми се допаѓа шо Милан конечно почна да игра ко тим и да прикуажува добра игра, вчера Јувентус не мрднаа буквално, само се надевам дека ќе трае ова до крај на сезона.

Не кажав дека раката мора да е залепена до телото. Не знам како да ти објаснам дека позицијата на раката му е предалеку од телото. Прераширен е.

Правилото вика дека ако играч намерно се прави поголем за да блокира удар, и топката го удри во рака, дека е пенал. Да му е раката спуштена покрај телото, не сум да се свири пенал заради близината на ударот, затоа што, тешко се скока со прилепена рака. Но, неговата рака не е во природна положба, премногу одлепена од телото е.

Не знам зошто проблемот го бараш кај судијата, кој според мене пресуди правилно, кога играчот комплетно го промаши летот на топката.
 
Не кажав дека раката мора да е залепена до телото. Не знам како да ти објаснам дека позицијата на раката му е предалеку од телото. Прераширен е.

Правилото вика дека ако играч намерно се прави поголем за да блокира удар, и топката го удри во рака, дека е пенал. Да му е раката спуштена покрај телото, не сум да се свири пенал заради близината на ударот, затоа што, тешко се скока со прилепена рака. Но, неговата рака не е во природна положба, премногу одлепена од телото е.

Не знам зошто проблемот го бараш кај судијата, кој според мене пресуди правилно, кога играчот комплетно го промаши летот на топката.
Брат јас само посочив ситуација каде судиите дискутирале ваква слична ситуација и им биле дадени насоки што и како да прават, не барам јас проблем никаде, заврши утакмицата, идеме на реванш у торино и тоа е тоа.

Мене повеќе ми сметаа други ситуации ко оваа со Дибала и ко оваа со Ибра каде он доби жолт за таков дуел, а Милан ниту фаул.


Ова е баш у акцијата пред пеналот.
 
Ај те молам у истава ситуација како таа вчера, најди ми видеа од утакмици, тренинзи или било што каде играчи скокаат наназад и рацете ги прилепуваат стриктно до телото.

Ако не можеш да најдеш, не се убацувај у темава без везе.
Ова ми текнува кога @Stefan-kobe убедуваше дека можел клизач со рацете на гради да направи хахахахах.
 
Ова е пенал поради тоа што топката одела кон голот, без разлика што играчот што ја фати со рака беше оддалечен 30цм.
Ама затоа кога топката леташе 25 метри и го погоди ДеЛигт во рака, а при тоа зад него беше Паласио во чиста гол шаннса на 3 метри од голот, тоа не беше пенал.
 
Нема бољи експерти од навивачи на јувентус. Уште несвирнат пеналот идат и викаат: Што, и ова да не не беше пенал?! Тоа чисто да се амортизира кукањето кое сите знаат дека ќе следи после утакмицата.

Прво, не зборам јас, туку збори Никола Рицоли на состанок со тренери и капитени во ноември 2019 година, за иста ситуација (гледајте хајлајтс, многу е слична) на Каљари-Бреша: Ова не смееше да биде досуден пенал. Објаснувањето е: Играчот е во скок, а за скокање се користат и рацете, па невозможно да бидат залепени до телото. Дополнително е свртен со грб и не може да биде свесен. Таму биле присутни и судии и бивши судии и Пиоли и Сари и Бонучи и Паоло Валери. И покрај тоа, вчера пак се свирна пенал за Јувентус. Океј, заеби, ова од Рицоли ни јас не го знаев, најверојатно и јас ќе се бунев ако беше Милан во прашање и ќе бранев онаков пенал, АМА ако имало ваква насока за судиите од Рицоли, итоа ОВАА сезона тогаш никако не може да се збори за ЧИСТ пенал. Во најмала рака е дискутабилен. Ама кога вака експертски анализирате, дајте така анализирајте и за игрите со рака во шеснаесетник на Сандро лани при 0:0 во Торино со Милан, па и на трите игри со рака на Де Лихт сезонава на различни утакмици, ниедна санкционирана со пенал. Ај ни тоа нема врска.

Друго сакам да потенцирам јас. Баш за онаа пројувенташката културата на судење за која пишував пред некој ден. Вчера имаше милион спорни ситуации и знам дека експертите на јувентус можат сите една по една да ги анализираат и не ме занима тоа, ама КРАЈНИОТ резултат на утакмицата беше: 7(СЕДУМ) жолти картони за Милан, 1(еден) за Јувентус, 1 црвен картон и еден пенал против Милан. Сите што ја гледаа утакмицата знаат дека беше прљава да, имаше фаули, ама дека онолку треба да е разликата во картони?! Судијата влага на терен и знае кој е под закана за суспензија заради жолти картони. На прв фаул вади жолт за Ибра, за Кастиљехо и за Ернандез, сите тројца под закана за суспензија. Притоа, на Кастиљехо не му вади за фаулот туку за реакцијата, а на Ернандез му вади жолт откако секунда предтоа не свири чист фаул на Дибала над незнам кој беше затоа што БИЛ СВРТЕН СО ГРБ и не видел. И тоа не го спомнувате вие експертите, а тоа е директен фактор за суспензија и за црвениот картон кој ја смени утакмицата. Следно, тоа над Квадрадо било пенал? Иако му бегаше топката и немаше никад да ја стигне затоа што е удар со рака во глава? Тогаш, по таа логика и ударот со рака во глава над Ибрахимович на почетокот на акцијата која доведе до пеналот е фаул, не? Џабе е да збориме хипотетички, ама важно е да се биде доследен во критериумите.

Следно, дали ве молам сте приметиле, на секоја, буквално секоја утакмица на јувентс. Било која судиска одлука, дали е фаул надвор или во шеснаестерец, дали е игра со рака, дали е аут, дали е било каква сумљива ситуација, погрешно изведен аут, абе буквално било што, СИТЕ играчи на јувентус дигаат раце во секунда и сите одат околу судијата. Сите разговараат со него и се оправаат, не капитенот само. Абе буквално за све се реагира кај судијата. Ако не сте приметиле, гледајте следно дерби или иоле побитна утакмица на јувентус, ќе видите. И нормално дека тоа ќе створи некаков притисок и ќе изнуди бар една глупа одлука на судијата. Вчера Буфон прв го виде пеналот на Калабрија иако беше 200 метри оддалечен. Чак еднаш Валери заради дигање раце на Бонучи свирна игра со рака на Чалханоглу, а тоа Дибала играше, по дифолт си покажа топка за Јувентус и смени одлука после, ептен видливо беше.

Многу спорни ситуации имаше вчера и нема поента да се анализираат една по една. Факт е дека пак третманот не беше еднаков и резултатот е 7 жолти и 1 црвен картон за Милан, 1 жолт и 1 пенал за јувентус. Ако се согласувате дека тоа е еднаков третман на онаква копачка утакмица синоќа со онолку спорни ситуации на двете страни, уреду е, ваш проблем. За тие што ја гледале зборам. Тие што гледаат гифови и јутјуб хајлајтс и успат ги интересира Серие А, па онака паушално пратат што се дешава затоа што нивните тимови им се неинтересни во нивните лиги, тие исто така паушално и си коментираат, не ги сфаќам озбилно.

Пак ќе речам, не беа вчера судиите седнати пред утакмица и договорени да свират за Јувентус, едноставно, тоа им е влезено во менталитет, џабе. И се додека има слободни проценки на судии и милион нијанси во тоа што е пенал, што не е, што е фаул, што е лакт, кога се дава предност кога не, дали се вади одма жолт или не, секогаш ќе биде така во Италија, кога е оваа екипа во прашање.


5c2ebf2b0cb5ec8595892be42d53de7d.jpg
 
Абе не сте здрави, секое коло за ова правете муабет
Не е секое коло, само кога има пенал за Јуве. А со Наполи - интер никој не коментираше пошто нели не е битно. А имаше чиста рака од de Vrij.

Темава е АнтиЈуве, сите фанови од Серија А соберени на едно место за да какат против Јуве (секоја чест за исклучоците).

Судиски грешки секогаш имало за сите и ќе има.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom