Затоа и реков до негде Матуиди, пошто Рабиот, Ремзи се толку лоши што овој делува океј.
Ајдеее сега ќе го поништиме Бонучи само за да го оправдаме флопот од 80 милиони, очи ни вадевте порано коа ви викавме дека Бонучи е киксер и шлепач покрај Киелини и Барзаљи, ама сега испаѓа дека сме у право пошто некако треба да го оправдаме Де Лихт и 80 милиони евра платени за него.
Па кој бе да се издвои у одбраната на Јувентус? Де Лихт највеќе грешки за примени голови, Алекс Сандро? Ругани?! Данило?! Киелини што не игра цела сезона?
У средина кој да се издвои? Пјаниќ што стои на терен? Ремзи? Рабиот?
Па со самото тоа што се смееш како зелен на играчите што според мене покажале малце квалитет сезонава доволно говори за неквалитетот и неиграта на Јувентус?
Ај еве да видиме според тебе кои играчи на Јуве имаат преодна оценка сезонава.
Бентанкур го забораив најискрено. Добар играч е ама сеуште не може да ја влече цела средина.
Како да не се смеам, кога се бламираш? Матуиди еј, Матуиди. Па уште и Де Лихт го кења.
Значи како да ти објаснам кога не си ги гледал Јуве... Де Лихт имаше подобра сезона од Бонучи и тоа каде каде подобра. Не пробувај да ми го докажеш сротивното зашто сите утакмици на Јуве ги имам гледано, за разлика од тебе. Кои грешки за голови ги има Де Лихт жити све, дај не се бламирај. Како што реков, тежок почеток имаше, одма у стартни 11 беше фрлен и нормално беше да има таков почеток. Првите месец-два имаше грешки, да, што е и нормално за 20 годишник у нова лига, особено тактичка лига како Сериа А. Плус притисокот у Јуве е огромен. Ама гледај го сега, си владее у шеснаестерец. Додуша што пробувам да ти објаснувам, за тебе е флоп Де Лихт и џабе пишувам.
И не, ја увек сум викал дека Бонучи не е добар дефанзивец. Добар пасер, допар преглед на игра, меѓутоа добар дефанзивец, не. Се виде против Ајакс кога не играше Киелини и против Милан кога не играше Де Лихт дека не е најсигурен. Кога има добар партнер до него како Киелини, Барѕаљи сега и Де Лихт, делува океј, меѓутоа у дефанзива е лош. Особено со тоа гзот коа се врти да блокира шут и ногичето коа го испружа... Живот ми има скратено.
Иначе, за мене не преодна туку солидна оценка у Јуве сезонава (засега) имаат:
Шчесни
Де Лихт
Демирал (штета што се повреди, одлични партии покажа, допрва доаѓа неговото време)
Бентанкур
Квадрадо (до негде)
Дибала и Роналдо секако.
Пјаниќ имаше добар почеток на сезоната, ама падна, така да не би го ставил него у листава, се повеќе разочаруваше како што прогресираше сезоната. На време го дадовме и мислам дека одлична зделка е трампата со Артур. Рабио после прекинот ради коронава полека полека у добра форма влага а мизерија беше на старт од сезона. Мислам догодина ќе биде од повеќе корист и ќе изненади многумина. Данило, Ругани, Де Шиљо, Бернардески, па и твојот Матуиди (
) не ги коментирам. Очај. Игуаин, Коста и Рамси беа meh, not great not terrible. Си имаа свои моменти меѓутоа послаби од очекувањата сите тројца. Киелини и Кедира цела година се повредени така да не ги коментирам.
И да напоменам, највеќе сезонава ме разочара Сандро. Не дека е лош ама е далеку под очекувањата, премногу нон-шалантно и незаинтересирано се понашаше на моменти. Се надевам у август за у ЛШ ќе биде подобар, сепак станува збор за страшен играч.