Serie A 2019/2020

  • Креатор на темата Креатор на темата Splendora
  • Време на започнување Време на започнување

Шампион?


  • Вкупно гласачи
    122
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Нигде не видов конкретно. . .
Дали е поврзано со тоа што нема термин за Интер-Самп?
 
Само видете што направија за ебани 5М евра ајдуциве, цела Сериа А ја изместија, и сега си имаат главоболки и незнаат кај да терат овие продадените души, прават обиди вината да ја префрлат во друго место.
 
Очигледно интер го направиле проблемот затоа што им било понудено да играат во Понеделник со навивачи, али одбиле
 
Интер не се согласил затоа што:

1. Би се играло со навивачи, ама само навивачи на Јувентус
2. Би се одложил куп натпреварот, што не решава ништо во поглед на набиениот распоред на клубот (можни 10 натпревари во месец дена!)
3. Работи поврзани со ТВ правата.

Тоа не е причина натпреварот да не се одигра како што беше закажан, во недела без публика. Спинот е дека Интер бирал помеѓу понеделник и мај, и рекол не за понеделник. Во суштина, Марота бил прашан помеѓу недела и понеделник, и рекол недела. После тоа, без никакво наговестување, по барање на Ањели, лигата го преместува терминот за мај, нешто што не било никаква понудена опција на Интер.

Еве сега владата донесе одлука да се одложи се до 8-ми март, така да секако немаше да се игра натпреварот денес дури и Интер да се согласел на тоа. Сега поради таа одлука има уште едно коло за одигрување плус, а нема термини. Во неделата мораше да се игра за да има простор да се заврши првенството, ако се смири ситуацијата.

Сега веќе ситуацијата е критична и многу веројатно е дека првенството ќе се прекине ако владата продолжи со забрана за собири... ако се прекине, ќе има контроверзии околу Скудетото. Ситуацијата е крајно зезната, бидејќи екипите немаат ист број на натпревари, Лацио води, Јувентус теоретски би водел да имаат простор да го одиграат дербито. Зборувам ако би се прекинало првенството во моментов.

Пари ќе изгубат сите, од тоа нема бегање.
 
Нека ја прекинат лигава и нека им дадат едно трофејче од картон на Интер. Се знае у Италија кој е најкомпетентен да освојува титули по комисии :coffee:.
 
Нека ја прекинат лигава и нека им дадат едно трофејче од картон на Интер. Се знае у Италија кој е најкомпетентен да освојува титули по комисии :coffee:.
A so sudi koj e najkompeteten da osvojuva ?
 
Аталанта на второ место по постигнати голови во топ 5 лигите. Додај ги и португалска и холандска а веројатно и во многу поширок круг. Капа доле
 
Romeo Agresti -
Juve-Milan verso a porte chiuse
Juve-Milan should be held behind closed doors
Се влегува од срања у уште поголеми срања со секој нов ден ...
Автоматски споено мислење:

Сега навивачите на Јуве кој купиле билети и се организирале за мечов да плачат ? Бидејќи вече два дена имаше официјално инфо дека утакмицата се игра пред публика... на ден ипол пред утакмица, каде веќе има луѓе од страна кој веќе се на пат према Торино .. бум нема публика. Комедија.
 
Aко одлуката е јуве и милан да играат без гледачи ова ќе биде еден од поголемите фејлови на калчото, среќа тука е калчополи па сеуште се далеку од дното, ама идат натака.
Да не зборам колку ќе биде очигледна поентата за одлагањето на утакмиците од викендов, не дека и сега не е.
Ко што се црташе тука, ништо од овој хаос немаше да се деси ако викендов играа и нели, го ставеа здравјето на граѓаните у прв план, што за некои структури од калчото дефинитивно не е случај, само глумеа јавно лудило и фејк загриженост а истото им е на последен план. Баш ме интересира сеа од ова срање како ќе излезат, со оглед дека ваков проблем, со вирус, е надвор од нивна контрола а истиот од ден на ден е све полош и полош.
 
Romeo Agresti -
Juve-Milan verso a porte chiuse
Juve-Milan should be held behind closed doors
Се влегува од срања у уште поголеми срања со секој нов ден ...
Автоматски споено мислење:

Сега навивачите на Јуве кој купиле билети и се организирале за мечов да плачат ? Бидејќи вече два дена имаше официјално инфо дека утакмицата се игра пред публика... на ден ипол пред утакмица, каде веќе има луѓе од страна кој веќе се на пат према Торино .. бум нема публика. Комедија.

Па реално и да плачат, џабе им е, нивниот клуб пак нема да им ги врати парите.
 
Сега навивачите на Јуве кој купиле билети и се организирале за мечов да плачат ? Бидејќи вече два дена имаше официјално инфо дека утакмицата се игра пред публика... на ден ипол пред утакмица, каде веќе има луѓе од страна кој веќе се на пат према Торино .. бум нема публика. Комедија.

Па тоа е стратегија на Ањели, дај им факе инфо дека ќе се игра со навивачи за да ги продаде билетите и да ги собира парите, па после тоа ќе одлучи што ќе прави со парите на билетите, зарем не гледате што е работата.

Целава ситуација во која се наоѓа моментално лигата настана во моментот кога Ањели не сакаше да врати пари на навивачите, и бараше да се игра мечот со навивачи(понеделник) и покрај тоа што министерството за спорт даде точни насоки дека неможе да има собирања.

Ова е типично фаворизирање на Јувентус од Сериа А, и затоа сега се таму каде што се.
 
Интересно е што некои мислат дека светот се врти околу Интер.

 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom