Mondonico
ВАР експерт
- Член од
- 15 јануари 2013
- Мислења
- 10.334
- Поени од реакции
- 18.786
Јувентус вторпат го споменуваш надвор од контекст, прво Лемина и Ринкон какви биле, сега само во Јувентус ќе се залетале. Тргни го Јуве на страна и фокусирај се на Интер и Милан.Не бе само за у јувентус ќе се залетаат за никој друг. Ако им се понуда добра пара би дошле без проблем и во Интер и во Милан. Смена на сопственост има ете ти драстична промена. Во тимот како тим не се потребни драстични промени спомнав што е потребно. И не знам кај си прочитал некој да ги напраи Соса и Калабрија играчишта и не знам што си се фатил особено за вториов кој има само 18-19 години. Не знам како очекуваш да игра.
Драстични промени кај овие два тима на теренот мора да има, не само од аспект на играчкиот кадар туку и од психолошка гледна точка. Тука тренерите и управата ќе ја имаат главната улога, да доведат неколку стварно квалитетни играчи кои сакаат да победуваат, а од друга страна оние кои сега се таму да им се промени мајндсетот малку или како и да се вели со фенси израз, бидејќи ниту во едните ниту во другите има играчи кои што воопшто се имаат борено за титула, а камоли да имаат освоено. Овде мислам на лигашки титули, каде што најмногу е потребна психата и константноста. Не е толку едноставна промената кога наеднаш од тимот ќе се побара да се бори за врвот и да има приоритет ЛШ. Милан овие две-три сезони од што беа свесни дека не се доволно добри, само декларативно ја имаа ЛШ како цел, реално никој не го бараше и не се очекуваше тоа. Поентата ми е дека Сусо и Делофеу сега стварно изгледаат одлично, ама нема никаква гаранција дека со психолошки товар за задолжителен успех ќе може да играат исто така добро.
Еве Интер е пример за тоа, бидејќи како годинава така и лани зацртана цел им беше пласман во ЛШ, особено лани кога почнаа со 5 победи ептен се понадеваа. Ама после се виде дека тие играчи не се спремни да одговорат на таа задача, односно можеби поседуваат одреден квалитет, но ја немаа потребната психа за да се борат за место во ЛШ. Постојано беа во сенка, односно на 7-8 бодови дистанца. Некој ќе каже дека е вина на тренерот и тоа е во ред, но за да се промени тоа од наредната сезона па натаму се неопходни тие драстични промени.