Од почетокот на сезоната интерашите ќе избацат по некој коментар „Монтела го вади максимумот од екипата, со такви играчи толку, итн итн...“ како некој вид тапкање по рамо, а тие кутрите уште не гледаат после 8 кола дека максимумот ќе им биде 5то место со ваквиот ростер што го имаат, уште не сакаат да си признаат дека пристапот кон оваа сезона уште пред старт им е згрешен, го донесоа тој тренерот што едвај е тренер на 2 недели пред почеток на сезона, пред тоа купија играч од турција што го вратија после пет дена и истераа трансфер држ недај, се преплатија за двајца играчи, од кои едниот седи на клупа а со тие пари ќе ја закрпеа цела одбрана, одбраната им е најголемо дно, немаат ростер на стопери, а бековите им се лепрозни, после неколку кола го суспендираа технички единствениот им поткован играч, брозович, кондогбија го направија флоп, мело уште им руча шпагети во мензата, му ја пополнија клаузулата за јоветич и ќе треба да платат 15 милиони а тој не ни прави разлика во екипата, во лига европа имаат помал fear factor од оној на Зорија, изгубија од непостоечки тим и едвај дека ќе ја поминат групата, го пречекаа на аеродром тој бразилскиот александар билјановски - дадар мислиш роналдо е, а едер греблото има повеќе минутажа од него, и згора на се, на капитенот му свират кога изведува пенал на домашен терен, а при бркање резултат, играчите едноставно не знаат каде се поставени на теренот и секој трча кај стигне, што е одлика на тренер кој не знае ништо.
Друга фрка е што навивачите не сфаќаат дека 2010 година беше одамна и уште мислат дека интер е некакво име во фудбалот.