@Mondonico брат те разбирам што сакаш да кажеш, и за Јуве ми е јасно, јас бев еден од тие што уште тврдеа дека Јуве е прв фаворит за титула и покрај лошиот старт, настрана тоа што се заебаваме после секој кикс.
Нормално дека ќе си гледате колку ви бега Рома пошто со нив се боревте за титула последниве 2 сезони... не дека кујзне колку се боревте ама ај. Ама кога веќе гледаш дека после не ми текнува сега колку кола Интер ви бега 12 бода а Рома и Наполи по 10 не е фер да не го гледаш Интер. Еве веќе се ближи полусезона и Интер сеуште се држи на 1-2 место.. не би рекол дека сеуште е среќата главен фактор иако беше на 2-3 утакмици сезонава а не како што ги направија повеќето овде.
Абе се заебавам и ти па хаха
Јас почнав да го гледам сериозно Интер кога ги победија Болоња нагости со играч помалку. И колку и некој да тврди дека е на среќа, сепак Интер реално е на прво место и таму треба да биде после овие 15 одиграни кола. Наполи загубил денес, ама тоа никако не го отпишува, едноставно е бидејќи и Интер ќе загуби таков меч некој, Јуве изгуби и повеќе од што требаше, за Рома да не зборуваме. Јас после киксот со Фросиноне дома (при самата помисла се потресувам) 99% го отпишав Скудетото, а особено после мечот со Гладбах на домашен терен, иако е тоа меч од ЛШ. Овие пет победи по ред го донесоа ефектот што е очекуван во ваква "кратка" табела, односно не искачија 7-8 места нагоре, ама сепак и кај Јуве не е се така бело. Првите две победи од овие пет апсолутно на мускули и на к'смет ги добивме, против Торино и Емполи, а оттогаш трите победи со Милан, Палермо и Лацио се благодарение на одличната одбрана и индивидуалната игра во нападот на Дибала.
Се на се пресреќни треба да бидеме ние јувенташите што сме на 6 бода од прво место, бидејќи уште сме во фаза на дефинирање на играта во нападот. Пред некое време во фан клубот напишав дека наредниот период мора да остваруваме победи, без оглед многу на играта, бидејќи веќе сезоната е во поодмината фаза и нема време за повеќе губење бодови.
Страшна сезона ќе гледаме на врвот. Уште 4 кола има до комплетирање на првата рунда од 19, а Јуве игра со Фиорентина и Верона дома, а Сампдорија и Карпи нагости. Овие четири меча мора да се добијат, едноставно по секоја цена мора да се победи. Предност на Јуве е тоа што во вториот дел ги пречекува Рома, Интер и Наполи на домашен терен, само ќе видиме колку од тоа ќе се искористи.