Serie A 2013/14

  • Креатор на темата Креатор на темата Клипче
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе го освои скудетото во сезоната 2013/14?

  • Вкупно гласачи
    367
Статус
Затворена за нови мислења.
И на фан клубот те прочитав и овде. Не знам како си го сфатил стартот на Киелини, ама не беше воопшто намерно, а не беше и толку опасен. Тој тргна кон топката, Бергесио му се намести и го удри. На фејсбук официјално се извини кажувајќи дека во никој случај не сакал да го повреди и дека тргнал кон топката.

Што било ова од 77-79мин играчите на Киево добиле 3 жолти картони, а исто и на Љаич му дале? Прочитав дека барале пенал играчите на Киево, но на goal пишеше дека досудиле офсајд. Има некој видео/слика да видиме што се случило?

Чист офсајд беше тоа. Еден играч на Киево шутираше од 20тина метри, а Палоски(мислам он беше) беше 2 метра во офсајд при шутот, и голманот на Киево ја одби топката и таа стигна до Палоски и нормално офсајдот се активираше. Инаку пенал имаше затоа што еден од играчите на Рома му влезе со клизачи на Палоски али како што реков офсајдот се активираше и судијата оправдано го досуди истиот.

Иначе Рома е за секоја пофалба, како гризат сезонава тоа е нешто неверојатно. Прво полувреме не го гледав, и отварам статистика и ми се стемни, што ќе видам, Киево половина не поминале. Само ме занима како ќе се понаша Рома доколку губи, да го видам нивниот карактер во ваква ситуација, иако не се сомневам дека добро би се покажале бидејќи имаат одличен тренер кој знае да го извади максимумот од играчите.
 
Roma gubeshe na poluvreme kaj Parma ,pa napravija presvrt od 1-3 :)
 
Roma gubeshe na poluvreme kaj Parma ,pa napravija presvrt od 1-3 :)

Тотално го изумив овој натпревар, моја грешка. :) Веќе од што тепаат Рома и од што не примаат голови човек може само да се изгуби кога очекува некои работи. :)
 
И Верона на хартија го има еден од најслабите тимови во лигата, али затоа пред 15 екипи е на табела :icon_lol:

П.с Честито за Рома, вака ако продолжат заслужено ќе освојат, али само нејќам наполитанките да освојат пошто ги мразам (секако не повеќе од Интер и Милан :sneaky: )
 
Ајде бе кога сме почнале со составот на Милан. Да ги тргнеме повредите и суспензиите на страна. Абиати-Абате, Запата, Мексес, Констант-Монтоливо, Де Јонг, Поли - Кака, Ел Шарави, Балотели.
Одбраната е катастрофална без никакво сомневање. На тоа ќе ги додадете непроверениот Поли, неконстантниот Монтоливо, Кака кој каков и да е сепак е далеку од оној вистинскиот и од него може по некој блесок како вчерашниот да се очекува, незрелиот Балотели кој некогаш не му се игра фудбал, Ел Шарави кој и онака не беше добар оваа година и плус не знаеме каков ќе се врати од повредата. Останува според мене Де Јонг како најпогоден од секој аспект. На ова кога ќе ги додадеме замените како прво во одбрана од видот на Силвестре, Ѕакардо, Бонера, потоа Мунтари, Бирса, Ночерино, Емануелсон, Матри, Нијанг и Пацини добиваме тим кој што има ионака дупки во првиот состав, а замените освен 2-3 исклучоци се од нулта класа.

Чеекај малце.
Секоја екипа си има свои позитивни и негативни страни.
Го кенкате милан како бил слаб. Да, е слаб нашиов тим, не дека е појак од јувентус и спремен за титула. Ама со лацио да се спореди ? SERIOUSLY?!
Еве, јувентус искрено на хартија има најдобар тим. После него би го стаил Наполи. Трети би биле Рома. Интер, Милан и Фиорентина у исти кош се ставаат.
Е сега. Милан има катастрофална одбрана, немаме среќа со повредите(кључни играчи ни беа повредени - Балотели плус и казнет беше едно време,Ел Шарави,Шиљо,Кака и Монтоливо беше сјебан 3-4 утакмици), и додај на тоа мизерната трансфер политика. Плус Алегри дебилов не утепа скроз.
И немојте да мислите дека овој тренеров наш е нешто посебно. Лани се извади на блесоците на Шарави и Пацини, трансферот на Балотели, и неколкуте поклонети пенали и победи по катастрофално пристрасно судење. Овој "мистеров" наш нема муда, неможе у оваква ситуација да го крене тимскиот дух и морал. Плус, замените што ги праи се прича за собом. Менувањето на позициите на играчите(нема играч кој не ја има сменето својата позиција, еве го Кака почна крило да го пушта).А и фактот што не ги пушта најдобрите 11 е друго. Мунтари и Матри дефинитивно не се за први 11, а овој упорно ги форсира, иако овие со ништо не не убедија дека вредат(добро мунтари има 3 гола дадено како-така, но сепак е дрво невидено и најглупиот играч кој некад играл фудбал).
Средината ни е повеќе од солидна (без Мунтари), можеби не до тој степен како рома и Јувентус, ама сепак мислам дека можеме на тоа поле да се носиме со нив. Нападот исто не е премногу лош(Балотели+Пацини не се уопште слаби). У одбраната е проблемот, и у Алегри ...сето тоа пропратено со лошата трансфер политика.
Според некои тука од вас, Алегри не вадел бла-бла...епа еве бе, оваа година би требало да сме подобри од лани(поуиграни), зошто тогаш губиме од Парма,Верона и играме мизерно со Торино,Сампдорија?? - Ете ви доказ дека ништо лани не било до него туку од други причини лани сме дошле до 3то место(ги набројав погоре), и дека Алегри има и те како удел у лошата игра.
А дека милан за серие а е до тој степен како Лацио, немојте ве молам.
Некој спомна сме се праиле сите менаџери, очигледно нема одгледано 2 утакмици од милан оваа година за да коментира. И очигледно не прати по какви грешки примаме ефтини голови.
И не се замарајте многу за нашиов фан-клуб, ако имате нешто да кажете, пишете го таму. Не тука. Неможе некој јувенташ,интераш и слично да знае повеќе за милан од некој навијач на Милан. Тоа е сосема логично.
 
Романисти, јебига немате најдобар старт.:icon_lol:

Најдобар старт во Италија го има ЛАЦИО, во сезоната 1913/1914 имале 14 победи во исто толку утакмици.
Но тогаш тоа било сосема друга лига, се натпреварувале по региони, кур се тресе.

Откога е формирана Италијанската Серија А во 1929 година, до вчера рекордот го држеше Јувентус од 9 победи во 2005/2006, но цел свет знае како стигнале до тие победи. :P

Рома постави нов рекорд 10/10 чист како суза.

Јас мислам и тврдам дека доколку и на следните 5 утакмици победи Рома, шампион ќе биде сигурно.
 
Лацио има бетер полоша одбрана од Милан.. Иначе Џонтра Волта, логично е дека ако тепа следните 5 утакмици Рома да стане шампион, освен чудо некое па цел состав повреди да ги завлече ..
 
Романисти, јебига немате најдобар старт.:icon_lol:

Најдобар старт во Италија го има ЛАЦИО, во сезоната 1913/1914 имале 14 победи во исто толку утакмици.
Но тогаш тоа било сосема друга лига, се натпреварувале по региони, кур се тресе.

Откога е формирана Италијанската Серија А во 1929 година, до вчера рекордот го држеше Јувентус од 9 победи во 2005/2006, но цел свет знае како стигнале до тие победи. :P

Рома постави нов рекорд 10/10 чист како суза.

Јас мислам и тврдам дека доколку и на следните 5 утакмици победи Рома, шампион ќе биде сигурно.

Го гледав распоредот на Рома,најтешките натпревари ќе им бидат на крај. Фиорентина,Катанија,Милан и претпоследно коло со Јувентус. Знаеме како игра Милан последните кола и Фиорентина нема да сака да ја повтори грешката од лани и да извиси последно коло така да ќе биди интересно како ќе го издржат тој притсок на крајот. Мое мислење е дека 37 коло кога играат со Јувентус ќе бидат зад Јувентус. Треба многу коцки да им се поклопат за да го освојат скудетото.
 
Многу битни ќе бидат дуелите Рома-Јувентус и Наполи-Јувентус што се однесува до борбата за титулата. Иначе да, дефинитивно овие 3 екипи се НАЈОЗБИЛНИ кандидати за титула. Рома ја би ја стаил прва, па Јуве и Наполи подеднакво.
Многу луѓе ги потценија Наполи и Рома, ама овие засега повеќе од солидно играат. Јувентус сеуште ќе има проблеми да си ја најде правата форма, плус што имаат многу тешкотии околу ЛШ, од друга страна пак Наполи мислам дека ја поминаа онаа фаза на уигрување(нов тренер, нови играчи) сега се стегнати, плус имаат одредена(релативна) тешкотија околу ЛШ (али мислам дека у боље ситуација се од Јувентус бидејќи играат дома со Марсеј каде што 99% земаат 3 бода и се на чекор поблиску до пласман, за разлика од Јуве кој има утакмица дома со Реал и пеколно гостување у Истанбул). А Рома немаат згуснат распоред, не играат никакво континентално натпреварување и според тој параметар се далеку у предност од другите.
Друга предност на рома е нивниот тренер. БеСПРЕКОРНО си ја врши работата сега за сега. А ако земат еден напаѓач романистите зимоска (Демба Ба или сличен на него) веќе се посигурен ќе станам дека ќе земат титула.
Да не ми се налутат Јувенташите не го зборам ова ради тоа што навивам за Милан, ама мислам дека нема да бидат шампиони оваа година. Едноставно има нешто у екипиве на Наполи и Рома што ме тера да мислам дека ќе бидат шампиони. И дефинитивно боље би било за целокупниот италијански фудбал ако некоја екипа од јужниот дел земе титула. Доста веќе Интер, Милан и Јувентус.
 
рома синоќа делуваа изморено се гледаше тоа. никој не очекуваше ваков старт на рома и да логично е во следните 5 натпревари ако победат оти ќе освојат они. Едино Милан може степ од праски да им носи на Рома во моментов, со нив може само Јувентус да се мери никој друг, реално.
 
Рома е како Јуве пред 3 сезони. Имаат 11 добри фудбалери и слаба клупа. Јуве тогаш имаше среќа со повредите но ќе видиме дали ќе има и Рома. Централните им се топ но нивна замена е Бурдисо и повреда на Кастан или Бенатија ќе значи хаварија. Слично е и со средниот ред.

Ова ќе биде најголемиот предизвик за Гарсија, ако успее да ги одржи свежи и здрави цела сезона титулата е на Рома.
 
.... Фиорентина може да биде конкурент на Рома но Берлускони мафиата не сака силна Фиорентина .
Што не ке читаш во форумов, во Фан Клуб Фиорентина , Берлускони му е крив што на Куардадо не му го поништиа црвениот картон , па и за повредата на Гомез можеби е виновен Берлу .
Да му е гајле на Берлу за Милан , досега Милан уште 5 Скудета би имал.
 
Рома е како Јуве пред 3 сезони. Имаат 11 добри фудбалери и слаба клупа. Јуве тогаш имаше среќа со повредите но ќе видиме дали ќе има и Рома. Централните им се топ но нивна замена е Бурдисо и повреда на Кастан или Бенатија ќе значи хаварија. Слично е и со средниот ред.

Ова ќе биде најголемиот предизвик за Гарсија, ако успее да ги одржи свежи и здрави цела сезона титулата е на Рома.

У право си до негде, за одбраната резервни стопери им се Бурдисо кој не е којзнае колку лош, а тој малиот хрват има 17 години.. Следната со Торино казнет е Кастан а на Бенатија му фали уште еден картон за да паузира..

Немаат тежок распоред следниве 3-4 утакмици..
Се приметува дека многу им фалат Тоти и Жервињо, Бориело е изгубен и мислам дека не му се совпаѓа у системот на Гарсија кој игра со 3ца шпицови кои се ротираат меѓу себе.
 
1zf4w1z.jpg

Навивач на наполи го истетовирал Пандев на цел грб :icon_lol:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom