Не викам дека е кикс пораз против Интер или Милан, сакав да ти доловам за играта. И со Виола Јуве беше доста анемичен, ете и таа утакмица може да послужи како пример. Иначе пак ќе ти кажам, 90% е на Јуве скудетото само треба да го одработат до крај, Интер оваа сезона има за цел ЛШ, се над тоа ќе биде огромен успех со оглед на тоа што се случи лани. Е сеа играњето ЛШ додатно ги исцрпува физички и психички играчите на Јуве што може во некој наврат да доведе до некој кикс во Серија А.
А за денешниот натпревар на Интер што да кажам, чиста победа ко солза на Парма, тотална незаинтересираност од страна на Интер, дури на моменти се прашував дали водиме или губиме 1-0. Тоа е тоа, две шанси имаше Интер да му се приближи на Јуве а не го искористи тоа, не верувам да има уште многу вакви шанси.