Не верувам дека ќе биде баш така. Интер се фокусира преку Примавера да промовира играчи, постојано праќа на позајмици и на двојна сопственост.
Тоа што го спомна дека на Рома играчите не им ги играле порано е бидејќи немале никаков ќар тимовите, сега ако го играат и покаже добри игри, кај Интер пример за да откупи некој свој играч ќе треба да плати најмалку x2 од тоа што првично го купил пола договор другиот тим и со тоа имаат мотив да ги играат. Е сега, се случуваат и епик моменти кога се откажуваш од Дестро
Моментално Фараони(Удинезе), Лонго(Еспањол, само позајмица) и Кристег(Специја) и Барди(Новара) се најперспективни, но има и многу други на позајмици(Бенедети, Романо, Алборно, Наталино...)
Младите категории на Интер растураат во Италија, мислам дека само Рома и Сампдорија(или Аталанта беа) со исто така добри школи.
Малку не ме свати, викаш преку примавера, но некои играчи кои се во примавера исто така се купени, значи Интер ќе купуваат млади, доколку се 16-19 години повеќето ќе играат во примавера, оние кои се над 21год ќе одат на позајмица, или доколку се работи за добар играч и на 18 години би можел да оди на позајмица и да игра таму, значи без разлика дали играчите ќе се развиваат преку примавера или на позајмица, битно е да играат .. и немој да мислиш дека Интер само преку примавера ќе ги промовира своите играчи, не е исто да играш во лига каде си со свои врсници(примавера) и лига каде играш со искусни играчи(сериа б, каде каков таков поголем е квалитетот). Рома го купи лани Нико Лопез за 1мил на 17 години и детето сезоната ја помина во примавера, сега веќе доби шанса во првиот тим ..
Е сега она 50-50% не се користи само како гарант за тоа дека младинецот ќе игра, јас мислам дека овој договор попрво го измислија големите екипи, еве пример сакаат да купат перспективен играч од мал тим кој вреди 4-5мин. тие ја плаќаат едната половина, го играат во сезоната, доколку е добар и сакат да го задржат ја плаќаат и другата половина(секако малку поскапо), ова го измислија жабариве во знак на немоќ, затоа и се претпазливи, не фрлаат така милиони како што се прави во Англија на пример .. кај Рома многу играчи се на чиста позајмица и тоа најдобрите, оние кои се 50-50% обично се во склоп на некој друг трансфер, е ова второто Интер многу го користи, премногу дава млади играчи и пола од нивните договори, па потоа се колебаат дали да ги вратат или ја даваат и другата половина за да дојдат до некој сосем трет играч, еве Фараони ви е чист пример, мислам дека дадовте пола од неговиот договор на Удинезе за услугите на Ханданович ...
Што се однесува до младите категории последните неколку години младинците на Рома се можеби најдобри, секоја година или скудето или куп освојуваат и суперкуп, заедно со Рома тука некаде се и Јуве и Фиорентина, од лани и вашите младинци се издигнаа .. впрочем Рома и Интер го играа суперкупот оваа година, Рома победи и замисли играше со нови младинци кои лани биле во помали категории, од оние кои ја играа сезоната имаше само 3-ца, додека кај Интер имаше играчи како Данкан, Ливаја(кој веќе добива шанса и во прв тим) и оној црнецот во одбрана Мбива мислам дека беше, Рома победи 2-1 ... сепак, од оваа година примавера тимот на Рома веќе нема да биде толку јак, ланските и поланските играчи на повеќето им се најдоа тимови на позајмица каде ќе играат, а во примавера ќе имат уште помлади играчи, што за мене е одлична работа и голем напредок .. спортскиот директор на Рома Сабатини голем дел од трансфер периодите губи на наоѓање правилни средини за младите играчи, се зборуваше дека ради нив губи доста време, па има варијанта да вработат уште еден спортски директор, всушност помошик на Сабатини, се зборуваше за спортскиот директор на Самдорија(Сенсибиле мислам дека беше) кој ќе има улога да го решава стаусот на младите играчи .. како што дојдоа новите газди во Рома јас сум презадоволен од стратегијата и начинот на кој ги третираат младинците, така не беше во ерата на Сенси, Рома од лани во просек има по 5 играчи во првите 11-на кои се на возраст од 20-22 год. и се надевам дека за 2-3 години ќе се видат резултатите
--- надополнето: 16 октомври 2012 во 03:13 ---
Бене ништо не значат школите у Италија сеа,до 18 ќе стигнат и после стагнираат поради глупите правила на ФИГЦ.
Тоа е тоа што ги кочи италијаните а кога ќе ги пратат на позајмица клубовите ретко и ги играат,пошто зашо бесплатно да ти направи услуга?
Барем мислам дека вака идат работите.
мислам дека до 21 година смеат да играт во примавера
--- надополнето: 16 октомври 2012 во 03:16 ---
Па немаат Б тимови во пониските лиги поради тоа што ФИГЦ не дозволува,инаку доста често Галијани говореше како тоа им треба за да ги следат другите лиги и слично.
Да го дозволат ова ќе немаат потреба да се замараат со 50-50 но што е тоа е.
Патем пред некое време излезе вест дека конечно у план била лига за Б тимовите,има некој инфо за тоа?
без разлика дали ќе има Б тимови, овие договори ќе продолжат да се користат, тие договори укажуваат на немоќта на големите италијански клубови
