Serie A 2012/2013

  • Креатор на темата Креатор на темата Milanez`
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион 2012/2013?

  • Вкупно гласачи
    432
Статус
Затворена за нови мислења.
Што се лупаш бе,што не ти е јасно?ако имаш нешто да кажеш кажи.Ова си е мое мислење што не мора да биде точно нели?е сеа вас што ве боли вистината тоа е друга работа.

ок, експерту како ќе кажеш и тоа што викаш што мислат Милан и Интер да тоа е до нас и ние кој сакаме ќе го купат тој играч :rolleyes:
 
Нема џабе, со тебе не вреди да се дискутира на оваа тема,ајт поздрав,терај си..
 
што има да се дискутира како ние да не сакаме да донесат играчи? или па до нас да зависи?
тоа е не е веќе Милан и Интер како порано што правеа 20-30+ милиони за топ трансфери..
 
Е вака да,а не само се лупате ко да сум рекол не знам што.Точно не са старите Интер и Милан,кој фрлаа големи паре.Али сега ајде што не трошат за квалитетни играчи,туку го продаваат и тоа што им остана квалитетно,а на сметка на тоа носат тешки просеци.А од друга страна Јуве го задржа костурот на тимот,и плус тоа се надопунува на позициете кај што са тенки.Зато и реков така,што не значи дека мора да биде,сепак има уште време до затворањето на трансфер пазарот.
 
секако дека има помина само еднан едела од преодниот рок, Интер го зема Кампањаро што не е така лош дефанзивец за ништо..Икарди и Белфодил ги гледа за во иднина..тука е и Паласио, Ковачич..Милан ќе ги земе Хонда, Љајич и Поли додека Амброзини си отиде, исто и Робињо ќе лета во Сантос..они сега ја плаќаат цената што навреме не почнаа да подмладуваат додека и Јувентус има постари играчи но носи на тие позиции други квалитетни играчи.
 
На човекот му се смеете дека предвидува оти Јуве ќе е шампион пак, а ти предвидуваш трансфери на Милан. Е тоа пријателе верувај ми, буквално ни баба Ванѓа не би го можела :ROFLMAO:
 
Ако немаш прочитано личните услови се договорени и со двајцата и доколку не прифатат сума ќе дојдат зимскиот преоден рок за ништо пошто им завршуваат договорите.
 
Доста работи има направен/изјавено Галијани кои потоа целосно не се оствариле. Посебно кај трансфери не знаеш што може да оди наопаку. Ти напиша "Милан ќе ги земе..." како да си 100% сигурен, демек готова е работата. Работите треба малку со резерва да се земаат, не така здраво за готово...
 
глупо е.
гледаш на потценување на трансферите на Интер, а забораваш дека костурот на Јуве е изграден од некои такви трансфери

Освен целосно слепите навивачи на Милан или Интер не верувам дека друг мисли оти шампионот ќе е било кој друг, туку Јувентус.
и ние така ве потценивме во 2011/12
 
Не ти го разбирам баш првиот цитат, оти ништо не сум кажал за трансферите на Интер.

А, за вториот немам што да додадам. Ако нешто радикално се смени летово, тогаш ќе го сменам мислењето. Но со она што моментално го имаат Милан и Интер, верувај шансите се само теоретски. Повеќе шанси има Наполи.
 
Милан во 2013 има само 1 пораз. И тоа од Јуве преку пенал. Негледам како тоа шансите ни се само теоретски. Лигата се зема преку победи врз малите екипи, нема да се играат 15 напревари против вас. Плус составот од 2013 ќе се засили.
Вие малку се пренценивте со Тевез и Љоренте. Едниот играше многу малку во последната година за Билбао, а другиот можно е да му прави големи проблеми на Конте со однесувањето. Башка што и двајцата немаат изиграно 1 минута во Италија
 
Искрено мислиш дека Милан може така да игра цела сезона, како што играше во вториот дел од сезоната? Милан во 2013 можеби имаше резултати, но немаше никаква игра. Голем дел од резултатите беа повеќе на бутање и ајде дури ќе кажам и среќа. Не сакам да развивам дискусии за тоа како Милан стигна до третото место, оти кој ќе се расправа пак исти работи да повтараме. Слободно погледни ги победите на Милан над Палермо, Парма, Торино, Аталанта, Киево, Сиена сите од вториот дел. Сите беа со млитава игра, неубедлива која се засноваше само врз индивидуалноста на Балотели. Раката во оган ја ставам дека Милан нема шанса пак така да се провлекува наредната сезона. Ќе мора да промени многу нешта, за да може да направи игра која ќе му носи резултати. Резултатите на Милан од вториот дел на веќе минатата сезона, не може да се постигнат двапати на исти начин.
 
E tuka si totalno vo greska.sosema dobro odigraa za razlika od prvata polusezona,toa rezultirase i so dobri rezultati.imase po tecna igra i po konkretni bea.golovite na Balloteli bea poveke od penal,igrata ne se bazirase samo na nego,tuku zavisese od El Sharawy bocno,i Montolivo so dolgite topki,bas koga posledniot falese,nemavme igra.

Sent from my GT-I9300 using Tapatalk 4 Beta
 
Еден од најдобрите фудбалери во моментов џабе дебатирате, Интер со овај играч ќе тепа се живо и диво.
:pos::pos:
 
Искрено мислиш дека Милан може така да игра цела сезона, како што играше во вториот дел од сезоната? Милан во 2013 можеби имаше резултати, но немаше никаква игра. Голем дел од резултатите беа повеќе на бутање и ајде дури ќе кажам и среќа. Не сакам да развивам дискусии за тоа како Милан стигна до третото место, оти кој ќе се расправа пак исти работи да повтараме. Слободно погледни ги победите на Милан над Палермо, Парма, Торино, Аталанта, Киево, Сиена сите од вториот дел. Сите беа со млитава игра, неубедлива која се засноваше само врз индивидуалноста на Балотели. Раката во оган ја ставам дека Милан нема шанса пак така да се провлекува наредната сезона. Ќе мора да промени многу нешта, за да може да направи игра која ќе му носи резултати. Резултатите на Милан од вториот дел на веќе минатата сезона, не може да се постигнат двапати на исти начин.

точно е дека немаше никаква игра. Ама сепак на сите натпревари Милан имаше многу повеќе шанси од противникот и повеќе удари на гол. Шансите одеа преку крилата, додека играта на средината од теренот беше никаква. Тоа беше поради немањето на квалитетен среден ред и поради формација со која се игра преку крила 4-3-3. Шансите одеа стрикно преку нафрлувања од крилата, а не преку изградена игра преку средината.
Играта на Јуве и Фиорентина беше подобра и поубава за очи бидејќи одеше преку средината и низ одбраната. Нашата игра одеше стрикно преку крилата.
А и како да се потпри Милан на изграден напад преку средината кога ги имавме Мунтари ноче и амбро за средина во повеќе натпревевари.

Патем секој си гледа различно. Играта на Барса на некој му е најубава, на некој досадна. Играта на Баерн се заснова на крилни напаѓачи и пресинг кои му донесоја успех на Баерн за разлика од „убавата игра“ на Барса. Затоа овој коментар ќе го сметам како релативен и како твој став
Сите беа со млитава игра, неубедлива која се засноваше само врз индивидуалноста на Балотели. Раката во оган ја ставам дека Милан нема шанса пак така да се провлекува наредната сезона. Ќе мора да промени многу нешта, за да може да направи игра која ќе му носи резултати.
Еве како играше Милан лани
Untitled.jpg
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom