Искрено да кажам дека овие табелите со одземени/додадени бодови се срање во најмала рака.
Ама на тоа да додадам дека реално Милан оваа сезона имаше најголема среќа со судиите. Ова го велам така бидејќи не верувам дека е наместено или било што, туку судиите прават грешки, а оваа сезона Милан според мене имаше најголем бенефит од тие грешки. Иако некои грешки беа доста сериозни и несфатливи, сепак и за другите тимови имаше слични, па затоа нема простор за полемика. Со среќа на Милан во квалификациите и Фиорентина што подобро да се покаже во ЕЛ и да не си го продаде костурот на тимот сезонава, туку да се надогради бидејќи се наоѓа на одличен пат.