Доволно е за да видиш кон каде води неговата работа ...
1. Повреди ко никогаш до сега во последниве 15 години, ниту 1 тренер на Интер го немал тој проблем до сега.
2. Од можни 36 бодови, освои 20
3. Го изгуби единствениот трофеј кој Интер не го освоиле во својата историја, Евро Супер Купот, а од старт тргна со кардинална тактичка грешка, Станкович играше крило.
4. Дебитатнт во ЛШ целосно ги надигра, т.е., ги декласира во Лондон.
5. Во дерби со Милан, круцијален меч, стартува со Матераци кој 4 пати стартувал у последни 50 натпревари на Интер, човек кој пред негови очи дур го водеше Ливерпул пред 3 години направи црвен картон у 30та минута ( а целта му била да го сопре Ибра, wtf ?! ), уз тоа додади го и моментот со Кордоба ко десен бек, и моментите кога Камбијасо и Сантон се подготвуваат за да влезат во игра а место нив у последен момент влагаат Коутињо и Бијабијани ...
Кога сме кај дерби мечевите, 0 поготоди со Јуве-Рома-Милан
И да не набројувам, има многу, бајаги, ова сеа у рок од 20 секунди што ми текна, значи мал милион причини за негативна критика, али што друго да се очекува од лудак, не лош тренер, лудак ...
Таква задна линија со Милан да извадиш, и да вршиш драстични промени во тим кој освоил Се едноставно треба да си луд, бидејќи и лош тренер гарант немаше да стартува со Матриксот против Милан ( не поминаа ни 5 минути а одма тој потег се покажа ко деструктивен ) и гарант немаше да врши енормни промени на она што Мурињо тука го остави.
Мене чудно ми е што постојат фаци кои сеуште веруваат во Бенитез а грешките ги лоцираат на друго место ( дури и Мурињо го обвинуваат за моменталниве повреди а не гледаат дека и Барса такоџе лани имаа скоро ист број на натпревари и цел тим на СП, пола од нив стартери на Шпанија ), али ок, форум, интернет ...