Чесена - Наполи. Па логично беше да победи Наполи, нема што Чесена се ке изненадува или ке победува, чиста 2ка се пишуваше оваа.
Бари - Бреша. Бреша сепак стискаше заби, да извади нерешено, ама Бари секогаш е бил добар на домашен терен и ете од пенал Барето им донесе победа, иаку ова за у кладилница беше кец ама со ризик.
Катание - Болоња. Е тука мислев дека Катанија ке врзе и трета победа на домашен терен, ама Болоња покажа дека може да им парира.
Киево - Лацио. Знаејки дека Киево првите кола ги играше добро, сепак Лацио после нерешениот резултат со Милан, земаа сила и го победија на Киево на домашен терен.
Фиорентина - Парма. Е оваа сите ја пишаа во кладилница, а и редно беше Фиорентина да победат, на домашен терен немаа победа, сите си фативме 2.00 коефициент. Иаку за во иднина Фиорентина не ме инспирира многу, средина на табелата и било доволно, слабо слабо.
Палермо - Лече. Смешки, сите очекувавме дека Палермо ке ги згази на Лече, од вакви екипи ми се сере веќе, ке го победат Јуве во ГОСТИ, а на домашен терен се посрамотува со Лече а какви добри играчи имат, срамота.
Сампдорија - Удинезе. Искрено очекував победа на Сампдорија, али Удинезе жалните, се спасија, земаа солидно бодче.
Јувентус - Каљари. Секогаш опасен противник ни е Каљари, ама сепак денеска мора да победиме по секоја цена, и да си ја запишиме првата победа дома, сепак ке бидат незгоден противник ама се од себе и победа, отприлика 2-1 или 3-1.