ако доказите не беа веродостојни и вредни за започнување на нова истрага нема шанси некој да ја отвори,меѓутоа фудбалската федерација очигледно одлучила дека тука нешто смрди и изгледа со право ја отвораат....снимките со разговорите не се кај мене и нема јас што да те просветлувам,ако има потреба од такво нешто ќе дознаеш за брзо од медиумите и тоа пред почетокот на СП
Не, не ме разбираш, ова се нови разговори, мора да се разгледаат и од фудбалската федерација, не смеат да бидат игнорирани, и се согласувам со тоа дека треба да бидат проверени и од нив.
Ова судење за Моџи е од граѓански суд, не од спортски, не се они тие кои можат и смеат да носат некоја одлука во врска со Калчото.
Сите, буквално сите нови 75 разговори беа објавени на Газета Дело Спорт страната, ваљда уште седат таму, секој може да ги ислуша ...
Затоа, моето прашање беше јасно, сите докази до сега беа пласирани и на оние медиуми во кои ти се крстиш ( Тутоспорт и статиите на Карганезе од goal.com ), што до сега Интер прекршиле од регулативите тој период и аналогно на истото, по кој основ ке одат во Серија Б ? Не е толку комплицирано ова прашање ...
Ипак, ти си тој кој вика чао титула, кој постира работи за Серија Б и слично ( не ме терај сеа постови да ти барам ), па фино лепо, образложи си ги тие твои ставови, а не на празно да пукаш.
Тоа што е најтрагично е фактот што се објавени разговори на Меани од Милан, милион пати полоши од оние на Факети, вие пак само за Интер се фаќате, се кладам дека никој од вас не ги ни знае новите разговори на Меани, а се фаќаат за Морати и Факети, кои до сега во објавените разговори не тераат на нешто незаконско, дури и во оној мега доказ, долгонајавуван од обраната на Моџи, Факети не крши регулативи. :wink: