Сендвичара "Седмица"

  • Креатор на темата Креатор на темата IvicaPunK
  • Време на започнување Време на започнување
Ова за халал прв пат слушам дека оџа требало, особено што доста македонски кланици, покрај хасап, имаат и халал сертификат.
Муслиманско ритуално колење, треба муслиман да го прави на одреден начин со инвокација на Алах, да рецитира тасмија или шахада.
Немам некој префинет вкус, ама секад би избрал 250мкд хамбургер од 7-ца пред премиум смеш бургер од 690 денари без помфрит со сос од солза од еднорог а тежи 119 грама и има облик на детски бургер од бургер кинг во префинета смеш ванаби фенси бистро сендвичара.
Никад не би избрал хамбургер од Седмица.

Ја викам срање им е месото и понекад им се дешава салмонелка, не викам дека срање е што сте се чекале пред Седмица и сега имате носталгија по тие времиња кога сте биле помлади и послободни.
 
Последно уредено:
Муслиманско ритуално колење, треба муслиман да го прави на одреден начин со инвокација на Алах, да рецитира тасмија или шахада.
Нема врска бе, витаминка имаат халал сертифицирани производи, сигурно оџа не пеел таму.
 
20170901_113750-2136x1160.jpg

...култно место и додека народот од цела МКД од рани утрински часови цел ден чекале за грчка виза, главно место за лапачка!

Последно уредено:
Нема врска бе, витаминка имаат халал сертифицирани производи, сигурно оџа не пеел таму.
Не знам 100% дали мора да е оџа, тој што го изведува ритуалот (што рецитира тасмија/шахада и отсечно коле со посебен потег), нити викам дека Витаминка или кој и да е правилно го изведува тој ритуал, затоа што си плаќаат, па тие што даваат такво пемпеле, ИСИС или кој и да се, им издаваат пемпеле дека е халал нивната храна, а дали стварно го праат ко што треба, тоа е друга работа.
 
Vitaminka nema mesni prozvodi.
Halal kaj niv znaci deka nema zelatin od svinja vo proizvodite.
 
Vitaminka nema mesni prozvodi.
Halal kaj niv znaci deka nema zelatin od svinja vo proizvodite.
Абе кај нив халал може да значи и покер од кецови, ја ви кажувам у вистинскиот свет што значи и како треба да биде процесирана храната за да пише халал.
Како и да е, ова не е тема за халал, него за кулинарскиот бисер на скопскиот сендвич бизнис.
 
Само лесковачка за ваков тип на хамбургери.
А не во седмица ти ставаат 5т мајонез за не ја осетиш плескавицата. Уствари во 7ца од секогаш се одело заради мајонезот, а не месото.
Месото ништо подобро од сендвичарите што ги има пред секое школо.
 
И 500 кога ќе дојде ќе се чекаат редици. Ѓубре било вакво било онакво било, генерации израснаа на таа локација у време кога немаше телефони. Собирање пред или после искачање или тоа беше искачањето. Никој не вика дека му фали храната, тоа ќе си постои. Ама локацијата беше за многу “култна”. И од тој аспект разбирам емоцијата а и го разбирам хејтот на твитер од разни битолчани и прилепчани за кои скопјанец не смее да каже ништо убаво за својот град. Траумите тешко се лечат.
Не треба битолчанец или прилепчанец да си за да знаеш да процениш што е тапа и не чини за парите.
Мене Стоилко ми беше и ми е култно место за чекање но тоа нема да го смени мислењето дека беше потенцијално место за зарази. Еднаш само јадев таму и на чудна добитна лотарија само ја не се исповратив и не се проливосав таа вечер од цело друштво и едно 10 познаници што ги сретнав пред сендвичарата.
 
За фастфуд киоск лига, 7ца е премиум избор. Тоа што било свртувалиште на разни генерации, не ја праи храната таму повеќе или помалце добра. Едноставно била доволно вкусна за повеќето и затоа станала тоа што е. Стоилко немал конкуренција и бил на топ локација за тоа време. Видовме како заврши кога дојде некој малце повеќе прошетан. Знам дека пече очи изразот “култна локација”, ама јебига тоа беше и не се бара ничие одобрување дали било или не.
 
Стоилко го дефакто затворија кога го дислоцираа од пред триумфална. После го преселија у подрум во Гтц но тоа не е тоа веќе. Затоа локацијата е клучна да се држи. Иначе јадев таму доста време, не сум добил тровање. Плескавиците им беа малце сомнителни, али за 80 денари тоа време не беа лоши.
 
Back
На врв Bottom