Сендвичара "Седмица"

  • Креатор на темата Креатор на темата IvicaPunK
  • Време на започнување Време на започнување
Мислам дека вие хејтерите ја утињате темата.

Никој не вика дека плескавицата е чисто месо или дека е од телешко, знаеме од што е. Муабетот е дека 7ца е фаст фуд и дека имаат највкусен фаст фуд бургер.

Може тебе не ти е највкусен, може имаш палета на вкус што и CEOто на мекдоналдс ќе позавиди ама за нас смртниците си е таман :toe:
За вкусови не сакам да коментирам, секој со своето. Трите работи кои ги коментирав се работи неповрзани со вкусот, состојките итн. Иначе точно, не ми е вкусот погоден, но за тоа би коментирал во темата за бургери/сендвичари или што год имаше, оваа е само за Седмица и случувањата околу неа.
 
Какво плачење за Седмица што се затворило, мислиш име на државата смениле, чекај кочи. Сериозно, дали сме толку дебилна, хемороидна нација да плачеме по сендвичара која не труе? Да плачеме по било каква сендвичара? Таа иста сендвичара неколку пати беше затворена поради труење и тоа јули 2024 беше последен пат, не зборуваме за период од пред 100 години и јас имав еднаш труење од неа, ја бојкотирам 10+ години. Еве неколку глупости кои се изначитав по Фб и Твитер:

1. Седмица го затворила Мекдоналдс кај нас, дека никој не одел во Мекдоналдс, во Седмица оделе сите
- Ова си нема допир со реалноста. 2013 пред да се затвори тоа срањето од Мекдоналдс, сликата беше ваква: редици чекање за порачка, редици чекање маса да се фати, ако отидеш до вц одма ќе ти летне тоа послужовникот независно дали имаш дојадено или не. Дечурлана масовно што искача таму, дечурлана масовно што доаѓа со родителите таму за да јаде и да си земе играчка. Со секој нов мол (како на пример Рамстор), доаѓаше и Мекдоналдс кој правеше убедливо највеќе профит од сите други. Сите други егзистираа околу само бидејќи имаше Мекдоналдс, во стилот се собираат децата пред Мекдоналц, ама ќе јаде некој успат во Амати ако е прегужва Мекдоналдс(или како и да се викаа тие пред 10 години). Овој наратив е точен за Црна Гора, таму навистина се затвори поради постоење на врвна скара. Тука причините беа други.

2. Вкусот не бил променет 39 години
- Вкусот беше драстично променет од 2012 до 2013, а не па 39 години да не бил променет. Овој муабет може само сопственикот да го пушти или пак некој 39 години што јаде и е зависен од сендвичарава, па што и да му дадеш ќе гнете, одамна му откажале сетилата за вкус.

3. За провинцијалци не значело ништо, а за скопјани било многу драго култно место
- Не, таа приказна провинцијалци вс стари скопјани од пред 10 колена, нема повторно да ја слушаме за секое срање. Може да се делиме на амеби што нарачвуваат брза храна и на луѓе што си готват дома, може да се делиме на бубуличари што цело време гнетат тоа хамбургерот со кечап и мајонез и луѓе што калории бројат, ама за ова нема никаква логика да се делиме на провинијалци и скопјани. Демек тие од провинција не јаделе во Седмица, а ние од Скопје само во Седмица висиме, колку дебилен муабет.

Жал ми е само што зграда се прави уште една во таа бетонска џунгла, нека биде градинка, амбуланта, парк со дрвца, игралиште, уште една зграда убутана во низата добиваме, а за Седмица ме заболе патката. Како и за сите сендвичари Ројал, Вили, Бејкинг Бред и не знам кои се актуелни, тој филм дека јас емотивно ќе се врзам со сендвичара за брза храна, нема да го гледаме.
Fascinantno kolav post si iskucal za lokalot. Nekoj pisal dva zbora od nostalgija i toa e toa, ne deka nekoj u depresija pagja.
 
Ова за халал прв пат слушам дека оџа требало, особено што доста македонски кланици, покрај хасап, имаат и халал сертификат.
Сите што зборат лошо за седмица треба да им се забрани коментирање во темава. Поготово оние што промовираат халал бургери. :kafence:
Еве ти пример за неписмен човек. Па најпознативе скараџииски угостителски објекти во Скопје муслимани ги држат и главни муштерии им се Македонци пред се. Муабетот накај халал отиде во обид да ви покажам дека јадете јунешко месо, не адитиви. Не дека пробав да одвраќам некој свинско да јаде.
 
Ова за халал прв пат слушам дека оџа требало, особено што доста македонски кланици, покрај хасап, имаат и халал сертификат.

Еве ти пример за неписмен човек. Па најпознативе скараџииски угостителски објекти во Скопје муслимани ги држат и главни муштерии им се Македонци пред се. Муабетот накај халал отиде во обид да ви покажам дека јадете јунешко месо, не адитиви. Не дека пробав да одвраќам некој свинско да јаде.

Сигурно јадеш јунешко за 160 денари баце. Битно имале сертификат.
 
А да тркнете до Србија на плескавица? Ќе ви се пореметат сите приоритети за квалитет и нема да влезете повеќе во нашите обиди од сендвичари.
 
А да тркнете до Србија на плескавица? Ќе ви се пореметат сите приоритети за квалитет и нема да влезете повеќе во нашите обиди од сендвичари.

Тркнав еднаш, по што добив опомена пред исклучување од работа.


...види бе што пишуваат
 
Тркнав еднаш, по што добив опомена пред исклучување од работа.


...види бе што пишуваат

Па дискусијата отиде за квалитет на месо, 2 дена е офтопик темата. А тоа што ти јадеш плескавица на пауза од работа е сосема друг проблем.
 
А да тркнете до Србија на плескавица? Ќе ви се пореметат сите приоритети за квалитет и нема да влезете повеќе во нашите обиди од сендвичари.
Исти кур се и они. За плескавица си има кафанчиња, седнеш си се најадеш и чао. А некогаш и маалски сендвичари знаат да бидат подобри, некои од нив одат во месара и им викаат сомели ми, не земаат говедски мом.
 
Па дискусијата отиде за квалитет на месо, 2 дена е офтопик темата. А тоа што ти јадеш плескавица на пауза од работа е сосема друг проблем.

Па сендвичара, брза храна, кога би јадел ако не за време на пауза, на поминување, на нога.
Ако го имам денот пред себе за до Србија, ќе се пројде со поголем лезет, не со фаст фуд :)
 
Многу се комплицира. Се надевам хејтерите на темава биле родени во 80ти за да имаат сенс кои биле опциите во 90тите на тема леб плескавица компир кечап и мајонез во форма на хамбургер.
Како тоа сме го плаќале брендот? Столе Попов не купил франшиза па да плаќаме бренд. Значи створил од нула нешто што денес го викаме бренд. Абе соја имало, сода бикарбона имало. Да, скараџиски фаст фуд е, што да има коби биф од крави масирани на Бах и Моцарт? Еве за мир у куќа, Чичево меанче у Туденце има бољи хамбургер од 7ца, само да не го отекувате тука за вашите маалски најбољи на цел свет сендвичари за 150че.
 
Немам некој префинет вкус, ама секад би избрал 250мкд хамбургер од 7-ца пред премиум смеш бургер од 690 денари без помфрит со сос од солза од еднорог а тежи 119 грама и има облик на детски бургер од бургер кинг во префинета смеш ванаби фенси бистро сендвичара.
 
А да тркнете до Србија на плескавица? Ќе ви се пореметат сите приоритети за квалитет и нема да влезете повеќе во нашите обиди од сендвичари.
kako bi funkcioniralo ova. Primer eve sea mi se jade, kje zapalam kola i kje odam do leskovac za da jadam?
 
Back
На врв Bottom