Сендвичара "Седмица"

  • Креатор на темата Креатор на темата IvicaPunK
  • Време на започнување Време на започнување
Па еве и пообјективни параметри и симптоми. Неќам да бидам гаден на темава, ама буквално после секое јадење хамбургер во седмица имав проблеми со стомакот и трчав у вц, ради тоа и прекинав да јадам таму. После секое јадење хамбургер у седмица ждригот ми има некој чуден мирис ко што не сум осетил и кога сум јадел у најмаалската сендвичара у Ѓорче 2.

Kobe Bryant GIF
 
И тоа е субјективно.
Јас сум со доста стомачни проблеми, и најглупа ситница може да ми го иритира стомакот, да ми направи киселини, грчеви, гасови... во ранец си носам мини аптека за тоа :D Но, премногу ретко тоа од седмица да ми се случи, а редовен муштерија сум.

За споредба, Фет Чизбургер од Фет Китчен 9 од 10 пати ќе ми направи киселина.
 
Па еве ако ти викаш, луд сум ондак. Без грижа на совест ти кажувам: плескавицата во Ем Мер ми е повкусна од тоа чудото во Седмица.
Друже еднаш јадев од овие во Лисиче и никогаш повеќе
Плус за 150ден да очекуваш дека јадеш чисто месо мало сутра
Автоматски споено мислење:

Туку дали се работи за грешка или овие од Бејкинг наплаќаат 90ден за мени во кое ти следува само помфрит?
 
Последно уредено:
Какво плачење за Седмица што се затворило, мислиш име на државата смениле, чекај кочи. Сериозно, дали сме толку дебилна, хемороидна нација да плачеме по сендвичара која не труе? Да плачеме по било каква сендвичара? Таа иста сендвичара неколку пати беше затворена поради труење и тоа јули 2024 беше последен пат, не зборуваме за период од пред 100 години и јас имав еднаш труење од неа, ја бојкотирам 10+ години. Еве неколку глупости кои се изначитав по Фб и Твитер:

1. Седмица го затворила Мекдоналдс кај нас, дека никој не одел во Мекдоналдс, во Седмица оделе сите
- Ова си нема допир со реалноста. 2013 пред да се затвори тоа срањето од Мекдоналдс, сликата беше ваква: редици чекање за порачка, редици чекање маса да се фати, ако отидеш до вц одма ќе ти летне тоа послужовникот независно дали имаш дојадено или не. Дечурлана масовно што искача таму, дечурлана масовно што доаѓа со родителите таму за да јаде и да си земе играчка. Со секој нов мол (како на пример Рамстор), доаѓаше и Мекдоналдс кој правеше убедливо највеќе профит од сите други. Сите други егзистираа околу само бидејќи имаше Мекдоналдс, во стилот се собираат децата пред Мекдоналц, ама ќе јаде некој успат во Амати ако е прегужва Мекдоналдс(или како и да се викаа тие пред 10 години). Овој наратив е точен за Црна Гора, таму навистина се затвори поради постоење на врвна скара. Тука причините беа други.

2. Вкусот не бил променет 39 години
- Вкусот беше драстично променет од 2012 до 2013, а не па 39 години да не бил променет. Овој муабет може само сопственикот да го пушти или пак некој 39 години што јаде и е зависен од сендвичарава, па што и да му дадеш ќе гнете, одамна му откажале сетилата за вкус.

3. За провинцијалци не значело ништо, а за скопјани било многу драго култно место
- Не, таа приказна провинцијалци вс стари скопјани од пред 10 колена, нема повторно да ја слушаме за секое срање. Може да се делиме на амеби што нарачвуваат брза храна и на луѓе што си готват дома, може да се делиме на бубуличари што цело време гнетат тоа хамбургерот со кечап и мајонез и луѓе што калории бројат, ама за ова нема никаква логика да се делиме на провинијалци и скопјани. Демек тие од провинција не јаделе во Седмица, а ние од Скопје само во Седмица висиме, колку дебилен муабет.

Жал ми е само што зграда се прави уште една во таа бетонска џунгла, нека биде градинка, амбуланта, парк со дрвца, игралиште, уште една зграда убутана во низата добиваме, а за Седмица ме заболе патката. Како и за сите сендвичари Ројал, Вили, Бејкинг Бред и не знам кои се актуелни, тој филм дека јас емотивно ќе се врзам со сендвичара за брза храна, нема да го гледаме.
 
Последно уредено:
Друже еднаш јадев од овие во Лисиче и никогаш повеќе
Плус за 150ден да очекуваш дека јадеш чисто месо мало сутра
Автоматски споено мислење:

Туку дали се работи за грешка или овие од Бејкинг наплаќаат 90ден за мени во кое ти следува само помфрит?
Тоа значи овие бистроата што продаваат бургер по 500 денари имаат дупло подобро месо од Седмица или?

Тоа што ти го земаш ко мелено месо од месара за 350 - 400 денари кило, ќебапчилници го земаат за 200 - 250 денари пошто го земаат најчесто необработено. Седмица го увезуват од ЕУ/Полска најверојатно (замрзнато) по што месото им претрпува дополнителна обработка тука, каде го третираат и со адитиви за да му продужат животен век и да добијат на волумен. Ем Мер го земаат од Римес или од Тификомерц веројатно, исто халал сертифицирани.

Исто така како знам дека плескавицата од Седмица има адитиви. Плескавица што добива посветла боја, пушта бела пена кога се пржи е секогаш знак дека месото им е третирано со фосфати.

Ако плескавицата е темно црвена и на жарот станува кафеава без да се „лигави“, тоа е свежо локално месо...
 
Како и за сите сендвичари Ројал, Вили, Бејкинг Бред и не знам кои се актуелни, тој филм дека јас емотивно ќе се врзам со сендвичара за брза храна, нема да го гледаме.

Ова е како да влезам у фан клуб Арсенал и да коментирам за клубот. Срање ви е играта, гајле ми е што ништо нема да освоите, дај боже ништо да не освоите. Да плачам јас за Арсенал што нема ништо да освои тој филм нема да го гледате.

Мене не ми е гајле, ама на тие што навиваат за Арсенал и тоа како им е. Исто и со сендвичарава.
 
Леле ако тепа Фулам вечер како со сласт ќе се почастам еден хамбос од 7ца со поише кечапмајонез. И филмче ќе пуштам некое после.
 
Тоа значи овие бистроата што продаваат бургер по 500 денари имаат дупло подобро месо од Седмица или?

Тоа што ти го земаш ко мелено месо од месара за 350 - 400 денари кило, ќебапчилници го земаат за 200 - 250 денари пошто го земаат најчесто необработено. Седмица го увезуват од ЕУ/Полска најверојатно (замрзнато) по што месото им претрпува дополнителна обработка тука, каде го третираат и со адитиви за да му продужат животен век и да добијат на волумен. Ем Мер го земаат од Римес или од Тификомерц веројатно, исто халал сертифицирани.

Исто така како знам дека плескавицата од Седмица има адитиви. Плескавица што добива посветла боја, пушта бела пена кога се пржи е секогаш знак дека месото им е третирано со фосфати.

Ако плескавицата е темно црвена и на жарот станува кафеава без да се „лигави“, тоа е свежо локално месо...
Друже ме заболе за 7ца а и за другиве ама да веруваш дека за 150ден јадеш чисто месо од Римес или рандом напа месара е нон сенс и тоа пази зборуваме за јунешко кое е поскапо од свинското
 
Да, проблемот е што ти не си писмен да пресметаш дека Ем мер ги кошта 60 - 70 денари да ти го направат хамбургерот (плескавица, помфрит, зачини, салати), по што им останува околу 100 ка ќар (160 им е хамбургерот мислам), ако не вклучиме и фиксни трошкови по хамбургер. Е друга работа што не ја земаш во предвид е што Ем мер немаат толку локации, вработени, како и свои возила за транспорт и погони за дополнителна преработка на месо, кога ќе ги тргнеш и тие работи, ти плаќаш за брендот седмица и за нивната висока маржа.
 
Back
На врв Bottom