Семинарски, состави, есеи, задачи

  • Креатор на темата Креатор на темата ATG
  • Време на започнување Време на започнување
Ми треба темава за писмена работа, Поезијата на Кочо Рацин
Any help?
 
У Кавададарци има енологија, туку ја студирам на ПМФ биохемија и сеа ми треба за семинарска слабо некако по нет да најдам. Некако да ме упатиш по нет кај да барам ? Некои автори, да не знаеш ? Или па ако ти е тука книгата, а си од Скопје може да ми ја дадеш ?
За ракија не е проблем :D

Провери го сандачето.
 
Семинарска нешто за социологија на медицина, алтернативна медицина, социологија на здравје на болен..?
Фала
 
Хелп!

1.Литературната дејност на Ј.Х.К. - Џинот
2.Анализа на проповедта ,,слово ёа празниците" -К.Пејчиновиќ
3.за Солунската печатница - Теодосиј Синаитски
ии 4. Смислата на животот во делото КАндид- Волтер ( највеќе ми треба)
нешто,некој за темиве?

фала однапред :*
 
Ми требаат состави на тема : „Споредба меѓу Доста и Митра од Крпен Живот“ и „Споредба меѓу Глигор и Арсо од Пустина“ !!!!!!! фала многу!
И мене ми требаат состави на тие теми, па доколку би сакала да ми ги пратиш...
 
Хелп!

1.Литературната дејност на Ј.Х.К. - Џинот
2.Анализа на проповедта ,,слово ёа празниците" -К.Пејчиновиќ
3.за Солунската печатница - Теодосиј Синаитски
ии 4. Смислата на животот во делото КАндид- Волтер ( највеќе ми треба)
нешто,некој за темиве?

фала однапред :*

Јордан Хаџи Константинов Џинот
Труд ми е името
Најсилно од сé човекот ја сака слободата и силно се бори против непријателот кој посега по неа. Борбата против поробителот е борба против неправдата во секаква форма. Немирниот и бунтовен дух не може да трпи неправда врз себе и врз својот народ. Таков борец со немирен и бунтовнички дух бил и основоположникот на македонската драмска литература, народниот просветител и филозоф Јордан Хаџи Константинов Џинот.
Роден е во 1821 година во Велес во семејството на клисарот на црквата Св. Спас каде и завршил келијно училиште. На 15 години бил испратен во Самоков да го продолжи школувањето, а потоа во Солун каде го изучувал грчкиот јазик и најновите наставни методи кои подоцна ќе ги применува во својата учителска работа. По завршувањето на школувањето ја започнал својата плодна просветителска дејност, најпрво во Велес, а потоа во Скопје и Прилеп. Заради своите заложби за воведување на народниот јазик во училиштата се судрил со владиците и бил принуден да замине на Света гора, Химос и Патмос. Наклеветен од битолскиот и велешкиот владика бил протеран во заточение во Мала Азија. По долги години во прогонство се вратил во родниот Велес каде се зафатил со просветителска дејност, но и со преводи на античката грчка книжевност. За потребите на училиштата и осовременување на наставата ја превел Доситеевата Ижица, а го напишал и првиот буквар наречен Таблица перваја Како автор на првите драмски текстови ги поставил темелите на македонската драмска литература. Тој е основач и на првата драмска дружина, составена претежно од неговите ученици. Оваа драмска дружина изведувала драмски изведби на народни приказни, како и драми напишани од Џинот. Покрај ова Џинот се занимавал и со пишување поезија. Иако неговата поезија нема никаква уметничка вредност и во основа е рационална , студена и без никакви поетски чувства значајна е по тоа што преку нејзе Џинот подучувал, воспитувал, а неговите песни се првите публикувани песни на македонски јазик.
Една од нјпознатите песни на Џинот е песната Труд ми е името. Основен мотив во оваа песна е размислувањето за човечките добродетели: мудроста, љубовта и трудот. Ова поучна песна без уметнички квалитети, но со воспитна улога е составена од 10 катрени. Содржински може да се подели на три целини. Во првата, во која влегуваат првите пет строфи Џинот настојува да им даде сликовита форма на поимите: мудрост, љубов и труд, претставувајки ги како убави девојки кои пеат и свират на флејта. Во наредните три строфи кои ја сочинуваат втората целина Џинот го искажува својот став кон мудроста, љубовта и трудот, нагласувајки дека ги сака сите, но кога би морал да бира би го одбрал трудот. Во последните две строфи ја искажува користа од трудот.
Џинот е човекот кој во мрачниот 19 век ги палеше светли огнови на сенародното просветување, го штитеше народот од туѓата асимилација и ги кршеше камењата на цврстата и заостаната турска империја.
можеби ќе помогни ;)
 
има ли некој состав за Крпен живот, Улица и Пустина?
 
Просто,мада е глупо да се прашува за толку проста работа..
Пишуеш вовед за делото Пустина,тука ги опфаќаш и ликовите,општо претставување
после заплет подетално ги опишуваш ликовите во делото,да не кажам ги раскажуваш
И на крај расплет и финиш..даваш некој заклучок општ за делото и за ликовите,нивната улога .. и мислење што како,какви се нивните карактеристики,твој впечаток за нив и сл..
3-4 страни да напишеш ти е сосема доволно за есеј.
 
Сепак фала Господине, али ми треба веке сработен па да го искористам, ако би имал ти тогаш прати во порака, а можеш и сметка и цена да ми бараш за твоето дело, јас би си платил... пошто ми треба оваа тема !!! БЛАГОДАРАМ УШТЕ ЕДНАШ
 
Сепак фала Господине, али ми треба веке сработен па да го искористам, ако би имал ти тогаш прати во порака, а можеш и сметка и цена да ми бараш за твоето дело, јас би си платил... пошто ми треба оваа тема !!! БЛАГОДАРАМ УШТЕ ЕДНАШ
wtf..ти не си нормален..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom